Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Вовед во науката кабала (Птиха) 30-42

Ослабнување на масахот за создавање на парцуф

30) За да го сфатиме развојот на духовните нивоа кои се пројавиле во создавањето на петте  парцуфим на светот Адам Кадмон, А"К, кои постепено се намалуваат, и сите нивоа на петте парцуфим на секој од четирите светови АБЈ"А сѐ до Малхут на светот Асија, ние мора добро да разбереме што претставува истенчувањето на масах де гуф, ослабнување на неговата сила кое се случува во сите парцуфим на световите А"К, Некудим и светот на Поправката (Ацилут).

31) Работата е во тоа што секој парцуф и дури секое духовно ниво имаат два вида на Светлина кои се нарекуваат: Ор Макиф (Опкружувачка Светлина) и Ор Пними (Внатрешна Светлина). Како што веќе разјаснивме, во првиот парцуф на светот А"К, Галгалта, Опкружувачка Светлина е Светлината на Светот на Бесконечноста која го исполнува целиот Универзум. После Ц"А и појавувањето на масах во Малхут, се случува ударна интеракција (зивуг де акаа) на целокупната Светлина на Светот на Бесконечноста со тој масах. Ор Хозер која се создала како последица на тој зивуг дозволила дел од Вишата Светлина да влезе во светот на Скратувањето (олам хаЦимцум) создавајќи со тоа десет сефирот де рош и десет сефирот де гуф, како што е речено во п. 25. Меѓутоа внатре во парцуфот Галгалта не влегла целата Светлина. И сега Светлината на Светот на Бесконечноста не го исполнува целиот Универзум како што тоа било пред Ц"А. Сега постојат рош и соф, т.е. при распространувањето на десетте сефирот одозгора надолу Светлината застанува во точката на „овој свет“, во „ограничувачката“ малхут, како што е речено: „неговите нозе стојат на Елеонската планина“...

Освен тоа, сега постои поимот „одвнатре нанадвор“. Слично на тоа како што постои распространување на десетте сефирот одозгора надолу, кои се наречени Кетер, Хохма, Бина, Тиферет, малхут (КаХаБ Ту“М) и ограничувачката Малхут, исто така постои и распространување на десетте сефирот КаХаБ Ту"М одвнатре нанадвор. Тука сефирот се нарекуваат вака: моха – мозок (кетер), ацамот – коски (хохма), гидин – жили (бина), басар – месо (тиферет) и ор – кожа (малхут, ор со буквата „аин“, т.е. „кожа“ а не ор со буквата „алеф“ – т.е. Светлина). Парцуфот Галгалта во однос на Светот на Бесконечноста каде што со Светлина бил исполнет целиот Универзум претставува само тенок зрак на Светлината. Ор (кожата) , те. малхут, го ограничува парцуфот однадвор не дозволувајќи ѝ на Светлината да се распространи понатаму, „во ширина“ и да го исполни испразнетиот простор. Количеството на Светлина (тенкиот зрак од неа) кое било примено во Галгалта се нарекува „Ор Пними“ (внатрешна Светлина). Надвор останало големо количество на Светлината на Светот на Бесконечноста која не влегла внатре во Галгалта. Сега токму оваа Светлина се нарекува Ор Макиф (опкружувачка Светлина). Таа Светлина не може да влезе внатре во парцуфот и небаре го опкружува парцуфот од сите страни.

32) Сега ќе разјасниме што претставува Ор Макиф на светот А"К (поточно на Галгалта) на чие величие и неисцрпност ѝ нема граници. Не станува збор за тоа дека Светлината на Светот на Бесконечноста самата претставува Ор Макиф за А"К. Се мисли на тоа дека во моментот кога се случила ударната интеракција, целата оваа огромна Светлина на Светот на Бесконечноста удрила во масах малхут де рош на Галгалта бидејќи сакала да влезе внатре во бхина далет, небаре немало никаков Цимцум Алеф, но тој масах ја запрел и ја одразил назад спречувајќи ја да се распространи во бхина Далет (гл.п.14). Всушност таа Ор Хозер станала сад за примање на Вишата Светлина. Меѓутоа постои голема разлика меѓу примањето со бхина далет до Ц"А и примањето со помош на масах и Ор Хозер после Ц"А. Како што веќе рековме, Светлината која навлегла во Галгалта е само тенок зрак во споредба со состојбата пред Ц"А. Делот од Вишата Светлина кој не можел да влезе внатре во парцуфот се претворил во Ор Макиф на Галгалта. Постои правило: во духовното ништо не исчезнува, затоа Светлината на Светот на Бесконечноста која била наменета за бхина далет не исчезнала, таа мора да ја изврши својата мисија и да влезе во малхут. И сега таа почнува да ги исполнува световите А"К и АБЈ"А, но веќе според сосема други принципи, сега суштеството го прима само оној дел од Светлината кој може да го прими не заради себе туку заради Создателот. Тоа се случува благодарение на големиот број на ударните интеракции на Светлината со масахим на световите и парцуфим, сѐ додека бхина далет со нивна помош не се поправи и дојде до состојба на целосно совршенство замислено од Создателот во почетокот на Создавањето. Тогаш целата Светлина на Светлината на Бесконечноста повторно ќе влезе внатре во неа, но сега суштеството ќе биде партнер на Создателот во создавањето на себеси, тоа сега „ќе го заработи“ примањето на Светлината. Значи ударот на Светлината во масах не доведува до какво било изчезнување на Светлината или нејзина промена. Но засега, до Конечната Поправка (Гмар Тикун), Светлината на Бесконечноста се претвора во Ор Макиф (опкружувачка Светлина). Тоа значи дека таа мора да влезе внатре во дадениот парцуф во иднина а дотогаш го опкружува парцуфот и му свети небаре „однадвор“. Тоа надворешно светење се распространува во сите светови во вид на поправки кои можат да ја доведат малхут до целосно исполнување со Светлината на Светот на Бесконечноста во онаа мера во која таа од самиот почеток сакала да ја исполни.

33) Сега дојде време да разјасниме што претставува судирот меѓу Ор Макиф и Ор Пними кој доведува до истенчување на масахот и губење на неговото најголемо ниво авијут. Овие два вида на Светлина имаат апсолутно спротивни особини иако се нераскинливо меѓусебно поврзани со екранот кој стои во малхут пе де рош на парцуфот. Тие се наоѓаат во постојана противречност што води до удар меѓу нив. Истиот зивуг де акаа кој се случил на овој екран предизвикал од една страна исполнување на парцуфот со внатрешна Светлина (Ор Пними), од друга страна истиот зивуг де акаа послужил како причина за појава на опкружувачка Светлина (Ор Макиф) бидејќи не ѝ дозволил на Светлината на Бесконечноста да влезе внатре во бхина далет.

34) Ор Пними и Ор Макиф  се поврзани со масахот. Но нивните дејства се меѓусебно спротивни.  Во мера во која масахот пропушта внатре во парцуфот дел од Вишата Светлина преслечена во Ор Хозер, во иста мера тој не дозволува во него да продре опкружувачката Светлина. Ор Макиф која останала надвор од парцуфот по квантитет е многу поголема од Ор Пними. Екранот со неговиот авијут и кашијут се спротивставуваат на влегувањето на Ор Макиф внатре во парцуфот исто како што се спротивставува и на Ор Јашар. Ударот меѓу Ор Макиф и авијутот на екранот се нарекува битуш – судир меѓу Ор Макиф и Ор Пними. Тој судир се случува само во гуф на парцуфот бидејќи токму таму се случило вистинското примање на Светлината во садови, оставајќи го поголемиот дел од Светлината надвор. Во 10-те сефирот де рош овој судир не се случува бидејќи таму Ор Хозер сѐ уште не претставува встински сад за примање туку формира само шоршеј келим, т.е. зачетоци на садовите. Затоа Светлината која се наоѓа во нив сѐ уште не е вистинска Ор Пними, од иста причина таму не може да се издвои и Ор Макиф. А бидејќи меѓу нив сѐ уште нема разлика, нема ниту судир меѓу нив во рош парцуф. И само откога Светлината се распространува од пе надолу, во вид на 10 сефирот гуф, каде што се случува преслекувањето на орот во келим, кои претставуваат 10 сефирот на одразената Светлина, тогаш се случува ударот меѓу внатрешната Светлина која се наоѓа во келим и Светлината која се наоѓа надвор.

35) Овој судар се одвива сѐ додека Ор Макиф не го ликвидира авијут масах де гуф кој стои во табур. Како резултат на тоа масах де гуф почнува да се крева нагоре во насока на екранот кој стои во пе де рош кој претставува шореш, причина на екранот де гуф. Откога ќе се спои со екранот кој стои во пе де рош, масахот на табур исто се вклучува во зивуг де акаа кој постојано се одвива меѓу масахот во пе де рош и Светлината. Од тој зивуг се формира нов парцуф, излегуваат сосема нови 10 сефирот, наречени А"Б де А"К, или парцуф Хохма на светот Адам Кадмон. Во однос на првиот парцуф Галгалта – Кетер, овој нов парцуф се смета за син, творба на првиот парцуф.

36) Откога парцуфот А"Б де А"К се родил и го завршил својот развој со формирањето на рош и гуф, во него повторно продолжил процесот битуш Ор Пними бе Ор Макиф, исто како и во првиот парцуф де А"К. И неговиот масах де гуф (екранот на неговото духовно тело) постепено го изгубил целиот свој авијут и се соединил според своите особини со масах де рош. Сега тој масах е вклучен во зивуг меѓу Вишата Светлина и екранот кој се наоѓа во пе де рош. И во него се обновил зивуг де акаа кој родил нов парцуф со ниво на бина, наречен СА"Г де А"К кој се смета за син и творба на парцуфот  А"Б де А"К, бидејќи излегува како последица на зивуг во масах кој стои во пе де рош. На истиот принцип излегуваат парцуфим од СА"Г и од таму надолу.

37) И веќе го разјаснивме последователното раѓање на парцуфим (еден под друг) кое се случува благодарение на судирот меѓу внатрешната и опкружувачката Светлина (битуш Ор Пними у Макиф) кој го ослабува масахот до тој степен што тој ја губи целата своја сила и се враќа во пе де рош (се соединува со неа според своите квалитети) вклучувајќи се со тоа во зивуг де акаа кој постојано се одвива во масах де рош. Благодарение на тој зивуг се раѓа нов парцуф кој небаре е син на претходниот. Така А"Б претставува творба на парцуфот Кетер, СА"Г се родил од парцуфот А"Б, парцуфот М"А од СА"Г и т.н. во сите наредни нивоа на световите Никудим и АБЈ"А. Но уште ние треба да разјасниме зошто висината на парцуфот А"Б достигнува само до бхина гимел а не далет. СА"Г ја достигнува само бхина бет. Односно секој нареден парцуф е за ниво понизок од претходниот. Зошто сите тие не се еднакви еден на друг?

38) Првин е потребно да сфатиме зошто парцуфот А"Б се смета за творба на парцуфот Кетер. Бидејќи откога тој се родил од зивугот кој се случил во пе де рош на парцуфот Галгалта, неговата висина точно одговара на 10-те сефирот на гуф на парцуфот. Тогаш што не му дозволува и понатаму да биде дел од парцуфот Галгалта наместо да се смета за одделен парцуф кој е творба на првиот? Тука треба да сфатиш колку голема разлика постои меѓу масах де гуф и масах де рош. Во парцуфот иам два вида на малхут: првата – е малхут миздавегет, т.е. малхут која е во интеракција со Вишата Светлина благодарение на нејзините поправени намери – масахот, втората – е малхут месајемет, т.е. малхут која со својот екран го ограничува распространувањето на Вишата Светлина во 10-те сефирот де гуш на парцуфот.

Разликата меѓу нив е толку голема колку е што е голема разликата меѓу Создателот и суштеството, бидејќи малхут де рош која се соединува во ударното спојување со Вишата Светлина се смета  како Создател за гуф на парцуфот затоа што екранот кој е поставен во неа не ја отфрлил Вишата Светлина откога таа удрила во масах туку напротив, со тоа што создадената во тој процес Ор Хозер се преслекла на Ор Јашар се појавиле 10 сефирот рош, благодарение на тоа Светлината се распространила одозгора надолу сѐ додека 10 сефирот на Вишата Светлина не се преслекле во кли де Ор Хозер, наречен гуф – тело на парцуфот. Затоа масах и малхут де рош се сметаат Создател за 10-те сефирот де гуф. Меѓутоа сѐ уште нема апсолутно никаква ограничувачка сила во оваа малхут и нејзиниот масах. Тоа ќе се случи благодарение на малхут и масах на телото на парцуфот. Објаснување: откако 10-те сефирот почнале да се распространуваат од пе де рош надолу, тие успеале да ги достигнат само малхут на тие 10 сефироти, бидејќи Вишата Светлина не може да се распространи во малхут де гуф затоа што поставениот таму масах не ѝ дозволува да ја исполни. Затоа парцуфот завршува и таму се појавува бхина соф, крајот на парцуфот. И бидејќи целата сила на Скратувањето и ограничувањето се пројавува токму во тој масах малхут де гуф, судирот меѓу внатрешната и опкружувачката Светлина се случува само во екранот на телото на парцуфот (масах де гуф) од причина што токму тој ја ограничува и ја одбива Ор Макиф не дозволувајќи ѝ да свети внатре во парцуфот, а не масах де рош бидејќи масах де рош само ја привлекува и ја преслекува Светлината но во него засега апсолутно не се пројавува ограничувачка сила.

39) Како што веќе рековме заемните удари на Ор Макиф во Ор Пними го претвориле масахот на ограничувачката малхут во масах на малхут која прави зивуг во пе де рош. Битуш Ор Макиф ја ослабнал силата на ограничувачкиот масах така што од целиот авијут де гуф останале само тенки решимот, еднакви на авијут на масахот де рош, што довело до спојување на масах де гуф со масах де рош, соодветно на тоа тој добил способност за ист зивуг де акаа како масах рош. Како резултат на овој зивуг се создал нов парцуф кои има свои 10 сефирот чие ниво е за степен пониско од претходното. Во исто време во масах де гуф се обновиле истите решимот де авијут кои биле таму во почеток, затоа повторно се пројавува разликата на особините меѓу него и масах де-рош во кој тој бил вклучен, и таа разлика на особините го издвојува и го изведува од масах де рош. Откога во него се пројавила неговата вистинска природа тој не може веќе да се наоѓа во пе на вишиот, бидејќи промената на особини во духовното ги одделува еден од друг. Затоа е принуден да се спушти од таму надолу и сега е засебен од вишиот парцуф бидејќи дури рош на новиот парцуф се наоѓа само на нивото гуф од вишиот парцуф затоа што се родило од неговиот масах де гуф. Оваа разлика меѓу нив ги разделува на два различни парцуфи и бидејќи новиот парцуф се родил од масах де гуф на претходниот, затоа во однос на вишиот е како син и како гранка во однос на коренот.

40) Разликата на нижиот парцуф од вишиот е во тоа што секој нижи се појавува на друго пониско ниво во споредба со претходниот. Како што веќе рековме, тоа ниво се определува со дебелината (авијут) на масахот, составен од пет бхинот. Во секој нареден парцуф отсуствува највисокото ниво на Светлината и најниската бхина келим од претходниот парцуф. Што помала желба со екран јас користам, толку е понизок квалитетот на Светлината која ја примам во својот парцуф. Судирот на Ор Макиф со Ор Пними кое се случува на масахот и кој нив ги разделува, помага во губењето на последната бхина авијут на тој масах. Така во парцуфот Галгалта исчезнува бхина далет така што од неа не остануваат ниту решимот. После искачувањето на масах де гуф и неговото спојување со масах де пе и добивањето на зивуг де акаа на авијут кој останал во решимот на масахот, се појавува парцуф со еден степен пониско ниво, т.е. парцуф хохма. Во него отсуствува бхина далет од страна на келим и Светлината Јехида. Заради промената на особините новиот парцуф А"Б се одделува од парцуфот Галгалта во засебен, самостоен, но се смета за негов син.

41) После формирањето на парцуфот А"Б се случил судир на Ор Макиф со Ор Пними на масахот де гуф А"Б, кој има авијут гимел. Тој судар помага во губењето на последната бхина решимо на масахот. Масахот се крева во пе де рош и прави таму зивуг де акаа само на авијут де бхина бет. Од тој зивуг произлегуваат 10 сефирот на нивото бина, т.е парцуф СА"Г на светот Адам Кадмон, кај кој отсуствуваат келим З"А и малхут и Светлините Јехида и Хаја.

42) Сега ќе ја разјасниме смислата на последователното спуштање на нивоата за време на распространувањето на парцуфим еден по друг како резултат од битуш Ор Макиф и Ор Пними, кој управува во секој парцуф и помага во губењето на последната бхина решимо де авијут која таму се наоѓа. Решимот кои остануваат по истенчувањто на масахот се делат на два вида: решимо де авијут и решимо де итлабшут. Така после ослабнувањето на масахот на парцуфот Галгалта останалао решимо де авијут бхинат гимел, а решимо де итлабшут бхинат далет не се променило.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели