Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Во однос на важноста на групата, Статија бр.12, 1984

Бидејќи човекот е секогаш помеѓу луѓе кои немаат врска со работата на патот на вистината, туку напротив, тие секогаш им даваат отпор на оние кои чекорат на патот на вистината, и бидејќи човечките мисли се мешаат, гледиштата на тие кои се спротивни од патот на вистината ги обземаат оние кои се со желба да чекорат по патот на вистината. Така, не постои друг начин освен да се создаде одвоена група од нив, која ќе биде рамка. Тоа значи одвоена заедница која не се меша со други луѓе чии погледи се разликуваат. Тие постојано треба да го поставуваат прашањето за целта на групата, да не го следат мнозинството, бидејќи следење на мнозинството е во нашата природа. Доколку групата се изолира од остатокот од луѓето, доколку немаат врска со другите луѓе во однос на духовните работи и нивниот контакт со нив е само за телесни работи, тие не се мешаат со нивните погледи.

Но кога човекот е помеѓу праведни луѓе и започнува да општи и расправа со нив, тој веднаш се меша со нивните погледи. Нивните погледи пробиваат во неговиот ум, под неговата свесност до тој степен кога тој не е во можност да распознае дека овие не се негови гледишта, туку тоа е она што го примил од луѓето со кои се поврзал.

Затоа, во однос на работата по патот на вистината, поединецот треба да се изолира од други луѓе. Ова е затоа што патот на вистината бара постојано зајакнување, бидејќи е во спротивност со погледот на останатите луѓе. Погледот на останатите е знаење и примање, додека погледот на Тора е вербата во давање. Доколку некој застрани од тоа, тој моментално ја заборава целата работа на патот на вистината и паѓа во светот на самољубие. Само од средината со форма „Тие му помогнаат на секој пријател“ секој човек прима сила да се бори против погледите на останатите луѓе.

Исто така, тоа го наоѓаме во следните зборови на Зохар (Пинешах стр.31, точка 91 и во Сулам): „Кога човек престојува во град населен со зли луѓе тој не може да одржува Мицвот на Тора и не успева во Тората. Тогаш тој се преместува и пушта корени во место населено со добри луѓе, кои се занимаваат со Тора и Мицвот. Тора е наречена „дрво“. Како што е запишано: „Таа е дрвото на животот за оние кои земаат од неговите плодови. И што вели? Тие можат да ги уништат само дрвата за кои знаат дека не се дрва за храна“. „Да ги уништат во овој свет и да ги пресечат во следниот свет.“ Заради оваа причина човекот мора да се пресели од местото каде што се злите, бидејќи нема да може да успее во Тора и Мицвот. Но, ако се пресели на друго место, помеѓу праведни, тој ќе успее во Тора и Мицвот.

Човекот, кој Зохар го споредува со дрво во поле, страда како дрвото во поле од лоши соседи. Со други зборови, ние секогаш треба да ја исечеме лошата трева околу нас, која влијае на нас, и треба да се држиме настрана од лоша околина, од тие луѓе кои не го сакаат патот на вистината. Ние треба да внимаваме да не бидеме повлечени да ги следиме. Ова се нарекува „изолација’’ кога некој има мисли на еден авторитет, наречен „давање“ и не потпаѓа под „јавен авторитет“ кој е самољубие.

Сега можеме да разбереме што рекле нашите мудреци (Санхедрин, стр.38), „Рав Јехуда рекол: Адам Ха Ришон бил еретик, како што е запишано: „И Господ Бог му рекол на човекот: Каде си ти? Каде отиде твоето срце?“

Во толкувањето на Рашби, „еретик“ се однесува на тенденцијата за идолопоклонство. Во коментарот, Ец Јозеф (Дрвото на Јозеф), е запишано: „Кога пишува, „каде отишло твоето срце?“, тоа е ерес. Како што е запишано: „Бидејќи вие не одите по своето срце,“ тоа е ерес кога неговото срце копнее кон другата страна.“

Сето ова е многу тешко. Како може да биде речено дека Адам Ха Ришон бил наклонет кон идолопоклонство? Или според коментарот на Ец Јосеф, дека тој бил во форма на „тој не оди според своето срце“, тоа е ерес? Според она што го научивме, работата на Господ е само да дава. Така доколку личноста работи со цел да прима, оваа работа не е за нас, бидејќи ние треба да работиме само за давање, а тој земал сè со цел да прима. Ова е значењето на тоа што го рекол, дека тој паднал во „не оди според своето срце.“ Со други зборови, тој не можел да јаде од „Дрвото на знаењето“ со цел да дава, туку го примил јадењето од „Дрвото на знаењето“ со цел да прима. Ова се нарекува „срце“, што значи срцето сака да прима само за самозадоволство. Ова е гревот на Дрвото на знаењето.

За да ја разберете оваа работа, прочитајте го воведот во книгата Паним УМасбирот. Од таму можеме да ги разбереме придобивките од групата - тоа може да воведе поинаква атмосфера кога се работи само со цел да се дава.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели