Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Писмо 24, 1927 г., стр. 80

Го добив твоето писмо и бев многу задоволен од него.

За голема пофалба е тоа што го правиш, обидувајќи се да ги сплотиш членовите на групата, нека ти даде Создателот да се удостоиш со намера за совршеното. Те молам, пријателу мој, да вложиш уште поголеми напори во учењето на Тора, како на откриената, така и на тајната, затоа што тебе не ти треба ништо повеќе, туку само да се зацврстиш себеси, бидејќи лошиот почеток владее само со срцето, кое е ослободено од мудроста, од Светлината „Хохма“.

Исто така, биди многу внимателен со мрзеливоста, затоа што кога кон нешто се однесуваш мрзеливо, тогаш ти се случува непосакуваното. Тоа е најтешката клипа на светот, во согласност со големината на работите, а знакот на мрзеливците е тагата, додека пак, знакот на оној кој се труди е радоста. Тебе веќе ти е познато дека молитвата и вербата во помошта од Создателот доаѓаат од една гранка. Треба да се верува со целосна верба дека Создателот ја слуша секоја молитва. Со таквата верба се добива увереност во помошта на Севишниот и тогаш молитвата негова ќе стане целосна, со увереност дека ќе добие ослободување, а потоа ќе се удостои со тоа што ќе се потпира врз Создателот и ќе биде во радост секој ден, исто како да дошло спасението.

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели