Слушнав на 1-ви Адар (21-ви февруари 1947 г.), во Тверија
Обичајот на трпезата првин да се јаде риба, а потоа месо доаѓа од тоа што духовното ниво „риба“ човекот го добива без претходна подготовка. Затоа таа се јаде прва, бидејќи не е потребна подготовка за тоа, како што е речено: „Ја паметиме рибата која ја јадевме во Египет како подарок“ (Бемидбар). Зохар објаснува: „како подарок“ – значи без напори за исполнување на Заповедите, односно без подготовка.
Рибата не бара подготовка затоа што таа има само глава, а нема ни раце ни нозе, како што е речено за неа: „Јосеф сакал риба и нашол бисер во нејзиното тело“ (Вавилонски Талмуд). „Бисер“ (маргалит) го означува својството „извидува“ (мерагел), а „риба“ – отсуство на објаснувања и преговори и затоа таа нема ни раце ни нозе („раглаим“ од зборот извидници, „мераглим“).
Рибата е како со половина тело, слично на парцуфот во Цимцум Бет, кога Малхут се издига во Бина. Од тоа секое ниво се дели на две половини, со што се создава место за извидниците (мераглим), а сите преговори се одвиваат само меѓу тие извидници, од што произлегува целата Тора. Во ова е смислата на бисерот (маргалит), кој висел кај него на вратот и секој што бил болен, ако го погледнал, веднаш оздравувал.
Додека пак, за самата „риба“ нема никаква награда, односно таа се дава како подарок, како што е речено: Децата на Исраел плачеле во пустината за рибата која ја јаделе во Египет како подарок. Тоа е „Будно око, кое никогаш не спие“ и затоа нема потреба да се чува, бидејќи телото на рибата е Хохма која се добива пред поправањето, како Сабота која е дадена пред Тора.
Тора е Светлина, добиена од „преговорите“ (појава, поправање и исполнување на желбата за примање, АХАП). И речено е: „Ни рацете ни нозете не можев да си ги најдам во местото за учење“, односно не водел ни преговори ни објаснувања, а тоа се нарекува „како подарок“. Тора се нарекува „идниот свет“, за кој е речено: „седнете и насладувајте се“, а заситувањето од насладувањето не го намалува насладувањето, затоа што тоа е насладување на душата. Додека пак, Сабота која е дадена пред Тора – тоа е Светлината Хохма, која ја прима и ограничува телото и затоа заситувањето го поништува насладувањето.