Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Писмо 15, 1925 г. стр. 60

Варшава

На пријателот мој и учител, Рав ***, нека свети свеќата негова засекогаш

Како одговор на твоето писмо од шестиот дена на неделното поглавје „Бо“, кое го добив заедно со твоето писмо од четвртиот ден од поглавјето „БеШалах“.

Што се однесува до дискусиите, мене највеќе ми се допадна твоето последно толкување. Јас малку ќе ги дополнам твоите зборови: „Патникот нема да преноќи на улица, а вратите на срцето мое ќе му ги отворам по Вишиот пат (на патникот)“ – како ветување да се издигнам себеси до Вишото управување, издвоено од разните видови на човечки достигнувања.  

„Куките на столбовите мои славата ќе ја прослават“ – што во таков подем се сè повисоки и повисоки, бидејќи така се соединуваат столбовите со познатите врски, кои се нарекуваат „куки“ (како што е речено, „со куки (вави) ќе се соединиш“) во вистинско соединување и тогаш врз него се излева Вишата Светлина. „И сите окови на срцето мое ќе ги ослободам“ – како се откажува од целата своја состојба, а овде мислам на сите свои достигнувања, бидејќи „оковите на срцето“ се достигнувањата на телото, а човекот не треба да ги ослободува за да немаат сила да му се наметнуваат во споровите, туку напротив – „целосно да ги протера“ од својот дом, за да немаат никаква врска со него и да не му создаваат товар. За вистински да го исполни ова, има еден завршен стих, кој гласи: „Кажи Му во што се потопени нејзините (земји) на основата“. Објаснување: како прашањето, кое тој го поставува во врска со оковите и спори, говорејќи: можеби вие имате основи на земјата, големи или мали или средни, па на тие основи се потпира некоја умствена градба? Со ова Тој им вели да Му кажат, ако можат да Му одговорат во врска со понатамошните строфи, за кои нема никакво човечко објаснување, а Тој „ќе ги прогони засекогаш“ за да им покаже дека „Тој не ја закачил земјата на ништо“.

Додека пак, на твоето писмо од четвртиот ден од поглавјето „БеШалах“, на тоа што ми напиша дека не ги разбирате моите зборови, јас се зачудив. Овде нема друга причина, освен слабоста во работата, и што треба јас да направам? Примете го сега, ве молам, ова, какво и да е, слово, за да стане тоа силна врска во љубовта меѓу нас, како што ве предупредував пред своето заминување од кај вас. Веќе ви напишав за тоа неколку писма, а срцето ми потшепнува дека вие не се грижите за тоа, бидејќи јас чувствувам невнимание кај вас. Нека се сожали Создателот над нас и да се удостоиме со спасение во скоро време.

Јехуда Лејб

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели