31) Постои голема потреба, еднаш засекогаш, да се објасни мислењето зошто доаѓањето на Месијата зависи од изучувањето на кабала од страна на масите, кое е толку распорстрането во Зохар како и во сите книги за кабала. Јавноста веќе се гади од својата безначајност и тоа станува неподнослииво. Објаснувањето на оваа работа е изразено во Тикуним (поправки) на Зохар (Тикун стр.30). Скратен превод: кога Светата Божественост заминала во прогонство, овој дух, кој ги удира оние кои се вклучуваат во Тора заради Светата Божественост е помеѓу нив. Сите тие се како ѕверови и сè што прават прават за себе. Дури и сите оние кои учат Тора, сè што прават тие прават само за себе. Во тоа време, духот си заминува и не се враќа во светот. Ова е духот на Месијата. Тешко на оние кои предизвикале духот на Месијата да замине и да не се врати во светот. Тие ја прават Тора сува и не сакат да живеат според мудроста кабала. Тие луѓе предизвикуваат никнување на мудроста со одделување на Јуд во името ХаВаЈаХ. Така заминува духот на Месијата, духот на Светоста, духот на мудроста и разбирањето, духот на моќта и знаењето и стравот од Господ. „И Господ рече: „Нека има Светлина.“ Оваа е Светлината на љубовта, љубовта на Милоста, како што е запишано: „Јас ве сакам со бесконечна љубов.“ За тоа е речено: „Ако се разбудите, и ако разбудите љубов, сè додека сакаат...“ тогаш тоа претставува љубов која не е со цел да се прими награда. Доколку стравот и љубовта се со цел да прими награда, тогаш тоа е како слугинка...„слугинка која е наследник на нејзината господарка.“
32) Ние ќе започнеме да го објаснуваме „Тикуним“ на Зохар од глава до пети. Тој вели дека стравот и љубовта која некој ги има при одржувањето на Тора и Мицвот, со цел да се прими награда, што значи се надева дека ќе има некој корист од Тора и работата, се смета за слугинаката. За тоа е запишано: „слугинка која е наследничка на својата господарка.“ Ова е навидум збунувачки бидејќи е запишано: „Поединецот треба секогаш да се вклучува во Тора и Мицвот, дури и во ло Лишма,“ зошто „земјата причинува земјотреси?“ Како дополнение, ние мораме да ја разбереме поврзаноста помеѓу вклучувањето во ло Лишма и слугинаката, но и параболата дека таа ја наследува својата господарка. Какво наследство постои тука?
33) Ти ќе ја рабереш работата со сè што е објаснето погоре во воведот, дека тие не дозволувале да се учи во ло Лишма, туку тоа е дозволено само заради причината што од ло Лишма се доаѓа до Лишма, бидејќи Светлината во неа поправа. Така, вклучувањето во ло Лишма се смета за слугинка, која ја помага и ја изведува нечистата работа за нејзината господарка, Светата Божественост. Ова е затоа што на крај, поединецот ќе дојде до Лишма и ќе му биде дадено инспирацијата на Божественоста. Тогаш слугинаката, која што претставува вклучување во ло Лишма, исто така ќе се смета за света слугинка, бидејќи таа ја подржува и ја спрема Светоста, иако таа самата ќе се смета за светот Асија од Кедуша (Светоста). Но, доколку нечија верба е нецелосна, и тој не се вклучува во Тора или во работата, затоа што така заповедал Создателот, тогаш за ваква Тора и работа, видовме погоре, Светлината не се појавува. Ова е затоа што очите на личноста се со недостатоци, и како лилјак ја претвара Светлината во темнина. Таквото учење повеќе не се смета за слугинка на Кедуша, бидејќи поединецот, преку тоа, нема да се здобие со Лишма. Така, тој паѓа под јаремот на слугинката на Клипа (школки), која ја наследува оваа работа, и ја ограбува Тора за себе. „Земјата предизвикува земјотреси“, ја означува Светата Божественост, наречена „земја.“ Тора и работа која требало да дојдат, како поседи на Светата Божественост, ги украла злата слугинка и ги спуштила да бидат сопственост на Клипод (школки). Така, слугинката станува наследник на својата господарка.
34) Тикуним на Зохар го толкува значењето на заклетвата, „Ако се разбудите и ако ја рабудите љубовта, зимајте ја сè додека сакате.“ Укажувањето е дека Израел ќе влече Светлина од Вишата Хесед (Милост), наречена „Љубов на Милоста“ бидејќи ова е тоа што го сакал. Ова е повлечено точно од вклучувањето во Тора и Мицвот, но не со цел да се прими награда. Причината е дека Светлината на Вишата Мудрост се протега до Израел, преку оваа Светлина на Милост, се појавува и облекува во оваа Светлина на Милост, која се протега до Израел. Светлината на Мудроста е значењето на стихот, „и духот на Господ ќе слезе врз него, духот на мудроста и разбирањето, духот на утеха и моќ, духот на знаење и страв од Господа“ (Исаија, 11). За Кралот Месија е речено: „ И тој ќе постави знаме за нациите, и ќе ги собере прогонетите од Израел, но ќе ги собере заедно и расфрлените од Јуда, од сите четири страни на земјата.“ Кога Израел ја шири Светлината на Мудроста, преку Светлината на Милоста, се појавува Месијата и ги собира прогонетите од Израел. Така, сè зависи од примената на Тора и работата во Лишма, кои можат да ја прошират големата Светлина на Милоста, во која е облечена Светлината на Мурдроста. Ова е значењето на заклетвата, „Ако се разбудиш и ако ја разбудиш.“ Без тоа е невозможно целосно искупение и собирање на прогонетите, бидејќи така е подредена Светоста.
35) Тие исто така толкуваат: „Духот на Господ лебдел над лицето на водите.“ Што пртставува „духот на Господ“? За време на прогонот, кога Израел сè уште се занимавал со Тора и Мицвот, но во ло Лишма. Сепак од ло Лишма се доаѓа до Лишма, и тогаш Божественоста ќе биде помеѓу нив, иако се во прогон, но тие сèуште не достигнале Лишма. Ова е значењето на текстот кога се споменува дека Божественоста е притаена. Но, тие се обврзани да го достигнат откровението на Божественоста, и тогаш духот на Кралот Месија лебди над вклучувањето, и ги буди да дојдат во Лишма, како што е запишано: „Светлината во неа поправа.“ Таа помага и ги подготвува кон инспирацијата на Божественоста, која е нејзина господарка. Сепак, доколку ова учење во Ло Лишма не е соодветно да ги донесе до Лишма, Божественоста жали и вели дека душата на човекот кој се икскачува нагоре не е помеѓу тие кои применуваат Тора. Туку, тие се задоволуват со духот на ѕверот, кој опаѓа, чие вклучување во Тора и Мицвот е само за свое задоволство и корист. Вклучувањето во Тора не може да ги донесе во Лишма, бидејќи над нив не лебди духот на Месијата, туку тој ги остава и не се враќа, бидејќи нечистата слугинка ја ограбува нивната Тора и ја наследува нејзината господарка. Така тие не чекорат по патот кој носи од Ло Лишма до Лишма. Иако тие не успеваат преку вклучувањето во откриената Тора, бидејќи во неа нема Светлина, и таа е сува заради ограниченоста на нивните умови, тие сепак можат да успеат со вклучување во изучувањето на кабала. Ова е затоа што Светлината што е во неа е облечена во облеката на Создателот - Светите Имиња и Сефирот. Тие лесно можат да дојдат до форма на ло Лишма, која ги носи до Лишма, и тогаш духот на Господ ќе лебди врз нив, како што е запишано: „Светлината во неа ги поправа.“ Сепак, тие немаат желба за учење кабала. И така тие предизвикуваат сиромаштија, убиства и уништување во светот, бидејќи заминува духот на Месијата, духот на Светоста, духот на мудроста и разбирањето.
36) Од зборовите на „Тикуним“, на Зохар, ние дознаваме дека постои заклетва дека Светлината на Милоста и љубовта нема да бидат разбудени во светот пред делата на Израел, во Тора и Мицвот, да имаат намера да не примат награда, туку само да му даваат задоволство на Создателот. Ова е значењето на заклетвата: „Ве заколнувам, о керќи од Ерусалим.“ Така, должината на прогонот и штетата која ја страдаме зависи од нас и чекаат ние да ја заслужиме примената на Тора и Мицвот во Лишма. Доколку го достигнеме тоа, оваа Светлина на Љубов и Милост, која има моќ да се шири, веднаш ќе се разбуди, како што е запишано: „ ... и духот ќе слезе на тебе, духот на мудроста и рабирањето.“ Тогаш ние ќе бидеме наградени со целосно искупение. Исто така беше појаснето дека е невозможно целиот Израел да дојде до тоа прочистување, освен преку учењето на кабалата, кое е најлесниот пат, соодветен дури и за просечни луѓе. Но, додека се вклучуваме само во откриената Тора, преку неа е невозможно да се биде награден, освен за неколкумина избрани и после многу труд, но не и за мнозинството (заради причината која е објаснета во точка 24). Ова темелно ја објаснува неважноста на петтото и четвртото прашање на почетокот на запознавањето.
37) Третото прашање е стравот дека некој ќе се скисели, но овде воопшто нема страв. Ова е затоа што застранувањето од патот на Бога, кое се случло претходно, било заради две причини: или тие ги прекршиле зборовите на нашите мудреци со работи кои биле забранети да се разоткријат, или затоа што ги воспримиле зборовите од кабала во нивното површинско значење, како телесни нешта, „не прави за нив слика.“ Така, до овој ден околу оваа мудрост имало утврден бедем. Многумина се обиделе да започнат да учат, но не можеле да продолжат заради недостаток на рабирање на телесните ознаки. Затоа јас работев околу толкувањето на „Паним Меирот и Паним Масбирот“, за да ја протолкувам големата книга, Дрвото на Животот, од Ари, за да ги направам телесните форми апстрактини и да ги објаснам нив како духовни закони, над време и простор. Така, сите почетници можат да ги разберат работите, нивната причина и објаснување, со јасен ум и голема едноставност, не помалку од разбирањето на Гемара, преку толкувањето на Раши.
38) Ајде да продолжиме да го обработиме односот на примената на Тора и Мицвот за Лишма. Ние мораме да го рабереме тој поим – „Тора за Лишма.“ Зошто посакуваната состојба на работа се дефинира со името Лишма, додека непосакуваната состојба на работа со ло Лишма? Буквалното значење се однесува на некој кој се вклучува во Тора и Мицвот со цел да го насочи своето срце да му донесе задоволство на Создателот, а не за себе. Во Тора ова се нарекува Тора за Лишма (за Негово Име), додека Тора за ло Лишма означува (не е за Негово Име), во однос на Создателот. Зошто тогаш, значењето на Тора е дефинирано со името Лишма и ло Лишма? Тука сигурно постои нешто повеќе за разбирање од претходноспоменатото, бидејќи стихот докажува дека Тора во Лишма, што значи да се донесе задоволство на својот Создател, не е доволно. Наместо тоа, учењето мора да биде Лишма, што значи за Тора. Ова бара објаснување.
39) Познато е дека името на Тора е „Тора на Животот,“ како што е запишано: „Таа дава живот на оние кои што ја наоѓаат“, (поговорка 4:22). Тоа не е залудна работа за тебе; бидејќи се работи за твојот живот“, (Деутерономија 32) Така, значењето на Тора за Лишма е дека примената на Тора и Мицвот носи живот и многу денови, и тогаш Тора е во согласност со своето име. Но некој кој не се стреми со срцето и умот примената на Тора и Мицвот му го носи спротивното во животот, а тоа е целосна состојба на ло Лишма. Но, нејзиното вистинско име е „Тора на Животот.“ Овие зборови се објаснети со зборовите на нашите мудреци (Таанит 7а). Оној кој применува Тора за ло Лишма, неговата Тора за него станува смртоносна напивка; но оној кој применува Тора за Лишма, неговата Тора за него станува напивка на животот.“ Но, нивните зборови бараат објаснување, да може да се разбере, како и преку што Светата Тора може да биде смртоносна напивка? Не само што неговата работа и труд се залудни и тој не добива никаква корист за неговиот труд, туку Тора и самата работа за него стануваат смртоносна напивка. Ова е навистина збунувачки.
40) Прво, ние мораме да ги рабереме зборовите на нашите мудреци (Мегилах 6б), кои рекле: „Јас работев и најдов – во тоа верувај. Јас не работев и најдов – во тоа не верувај.“ Ние мораме да ги објасниме зборовите: „работев и најдов.“ Тие се во противречност еден со друг, бидејќи работа се однесува на работа и труд, која некој ја прави, само за да добие нешто посакувано. За големо богатство, поединецот прави голем напор; за помало богатство, поеднецот вложува помалку труд. Реализирањето доаѓа кон поединецот, со отсуство на умот и без подготвителена работа и цена. Така, како може да се рече „работев и најдов“? Ако тука постои труд, требало да биде речено: „работев и добив“ или „работев и стекнав“, итн., а не „работев и најдов.“