Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Вовед во изучувањето на Десетте Сефирот, Т. 131-140

131.) Оние кои го заслужуваат откровението на Ликот според вториот степен, наречен „покајание од љубов,“ кога гревовите стануваат заслуги, се сметаат дека горенаведената вага на грев ја ставиле на вагата на заслугите. Ова значи дека сета тага и штета кои се врежани во нивните коски, додека биле под Промислата на притаеност на Ликот, се преправени и ставени на „вагата на заслугата.“ Сета тага и болка сега биле преправени во прекрасно и бескрајно задоволство. Сега тие се нарекуваат „праведни,“ бидејќи тие ја оправдуваат Неговата Промисла.

132.) Ние треба да знеме дека гореспоменатиот атрибут на среден се однесува дури и на некој кој е во Промисла на притаеност на ликот. Со помош на многу труд и верба во награда и казна на нив им се појавува Светлината на големата доверба која е во Создателот. Одредено време на нив им е даден степен на откорвение на Неговиот Лик во мерката на среден. Но нивниот недостаток е дека тие не можат постојано да останат во нивните степени, бидејќи за постојано да останат во тој степен е возможно само преку покајание од страв.

133.) Ние треба да знаеме дека постои избор кога постои притаеност на Ликот, но тоа не значи дека откако некој се стекнува со Промисла на откриен Лик, дека тој повеќе нема потреба од работа и труд со примената на Тора и Мицвот. Напротив, правилната работа во Тора и Мицвот започнува веднаш откако некој е награден со покајание од љубов. Само тогаш е возможно да се вклучиме во Тора и Мицвот со страв и љубов, како што е заповедано: „ Светот бил создаден само за целосно праведните.“ (Берахот 61). Тоа е како крал кој сакал за себе да ги избере најлојалните поданици во земјата и да ги донесе во палатата. Што нарправил? Тој издал декрет дека секој кој сака, стар или млад, може да дојде во неговата палата за да се вклучи во работите во палата. Но,тој назначил многу слуги и стражари да ја чуваат портата на палатата и да ги острануваат од патот кој води во палатата.

Сите луѓе во земјата потрчале кон палатата на кралот. Но работливите стражари лукаво ги одбивале. Многумина од нив ги совладале и се приближиле кон портата на палатата, но стражарите на вратата биле најработливи, и доколку некој се приближел кон поратата, тие ги остранувале со голема вештина, сè додека не станеле очајни и се враќале како што дошле. И така тие доаѓале и си заминувале, повторно се здобивале со сила, доаѓале и повторно си заминувале, и така било неколку години, сè додека не се замориле. И само хероите кои биле помеѓу нив, чие трпение издржало, ги поразиле стражарите и ја отвориле портата. И тие биле веднаш наградени со гледање на ликот на Кралот, кој сите нив ги назначил на правилно место. Се разбира, од тој момент па натаму, тие повеќе немале работа со тие стражари, кои ги остранувале и погрешно ги насочувале и им ги правеле животите горки трчајќи напред и назад околу портата.  

Така е и со работата на целосно праведните. Изборот кој е применет за време на притајувањето на Ликот секако дека не се применува кога тие веќе ја отвориле вратата на достигнувањето на отворена Промисла. Но, нивната работа започнува точно после откровението на Ликот. Тогаш, тие започнуваат да се искачуваат по многуте скалила на скалата која е сместена на земјата, чиј врв достига до небото, како што е запшано:„Праведните ќе одат од сила до сила.“ Тоа е како што рекле нашите мудреци: „Секој еден праведник е покриен со покривката на неговиот пријател.“ Овие работи нив ги оспособуваат за волјата на Бог, Тој во нив да ја реализира Неговата Мисла за Создавањето, која преставува да ги „насладува Неговите суштества“ со Неговата добра и дарежлива рака.

134.) Треба да се познава овој закон, дека постои откровение само во место каде што претходно постоело притајување. Ова е слично со работите од овој свет каде што отсуството му предходи на постоењето, бидејќи пченицата расте само таму каде што е наѓубрено и каде што е посеана. Истото важи и за вишите работи, каде што  притаеното и откриеното имаат однос како фитил и пламен кој го зафаќа. Секое притајување, еднаш кога е поправено, тоа претставува причина за откровение на Светлината која е во сооднос со притаеността, и Светлината  која се појавува се припојува како пламен на фитил. Запомни го ова за сите твои патишта.

135.) Сега може да разбереш што напишале нашите мудреци, дека целата Тора претставува само имиња на Создателот. Ова изгледа збунувачки, бидејќи постојат многу непристојности, како имињата на злобните - Фараон, Балаам, итн, забрана, нечистотија, немилосрдност, клетви во двете прекорувања итн. Така, како ние можеме да разбереме дека сите овие се имиња на Создателот?

136) За да се разбере тоа, ние мораме да знаеме дека Неговите начини не се и наши начини. Нашиот начин е да дојдеме од несовршеното до совршенство. Во Неговиот начин, сите откровенија до нас доаѓаат од совршеност до несовршеност. Прво, од Него произлегува целосна совршеност. Оваа совршеност опаѓа од неговиот Лик и паѓа надоле по пат на ограничување по ограничување, низ неколку степени, сè додека не дојде до последната, најограничена фаза, соодветна за нашиот материјален свет. И тогаш работите се појавува тука во овој свет.

137.) Од гореспоменатото, се осознава дека Светата Тора, чија Висина е бесконечна, не настанала или произлегла пред Него како што тоа е случајот во овој свет. Бидејќи познато е дека „Тора и Создателот се едно,“ но ова воопшто не е очигледно во Тора во нашиот свет. Но, некој кој се вклучува во ло Лишма, Тора за него станува смртоносна напивка. Кога таа првпат произлегла од Него, таа била создадена во крајна совршеност, што значи во форма на „Тора и Создателот се едно.“ Ова се нарекува, „Тора од Ацилут.“  Во Запознавањето со Поправките во Зохар (стр. 3), дознаваме дека „Тој, Неговиот Живот, и Тој Самиот се Едно.“ Потоа, таа опаднала од Неговиот Лик и била постепена ограничувана преку многу ограничувања, сè додека не била дадена во Синај, кога била напишана како што е овде пред нас во овој свет, облечена во сурова облека од материјалниот свет.

138.) Сепак, треба да се знае дека разликата во облеката на Тора во овој свет и облеката на Тора во светот Ацилут се неспоредливи. Сепак, самата Тора, што значи Светлината во облека, воопшто нема промена, помеѓу Тора од овој свет и Тора од Ацилут, како што е запишано: „Јас Господ не се менувам“ ( Малахи 3:6). Но, оваа сурова облека на Тора од Асија не е со помала вреднос во однос на Светлината која е облечена во нив. Нивната важност е многу поголема, во однос на крајот на нивната поправка; тогаш има само чисти облеки во Вишите Светови. Ова е така затоа што притаеноста е причината за откровение. После поправката, за време на откровението, притаеноста е во однос на откровението како фитил и пламен кој ја зафаќа. Така, на сите овие сурови облеки, во кои е облечена Тора во овој свет, нивната вредност воопшто не е помала од Светлината која ја облекуваат, туку напротив.

139.) Ова е трумфот на Мојсеј над ангелите со неговиот аргумент: „Дали постои завист помеѓу вас? Дали е злата сконост помеѓу вас? (Шабат 89). Тоа значи дека поголема притаеност открива поголема Светлина. Тој им покажал дека во чистата облека во која Тора е облечена во светот на агелите, Вишата Светлина не може да се појави преку нив, како што може преку облеките во овој свет.

140.) Ние дознаваме дека не постои промена во Тора од Ацилут, каде што „Тора и Создателот се Едно“ и Тора од овој свет. Единствената разлика е во облеката, бидејќи облеката во овој свет го покрива и го притајува Создателот. Знај дека заради Неговото облекување во Тора, тоа се нарекува „учење.“ Тоа ни укажува дека дури и за време на притаеноста на Ликот, и за време на двојната притаеност, Создателот е врагден и облечен во Тора. Тој е „Учителот“ но грубата облека на Тора, пред нашите очи е како крила, кои го покриваат и скриваатУчителот кој е облечен и се крие во нив. Но, кога на некој му е дадено откровението на Ликот во покајание од љубов, тоа претставува четврто распознавање. За тој е речено, „Твојот Учител нека не се крие повеќе од тебе, и твоите очи нека Го видат Учителот“ (Исаија, 30:20). Од тогаш па натаму, облеката на Тора повеќе не го скрива „Учителот,“ и човекот засекогаш открива дека „Тора и Создателот се Едно.“

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели