(фрагмент)
Книга „Плодови на Мудроста. Писма“, стр. 57
Сабота свети благодарение на работните денови кои следат, како што е речено: „Оној кој не работел во текот на неделата, што ќе јаде во Сабота?“. Значи светлината на Сабота се подготвува и се состои од светлините заработени во работните денови, наречени „илјада работни денови“.
Одовде се сфаќа изразот: „Да појдеме кај Фараонот“, а тоа е откривање на Шхина. Бидејќи, колку што синовите на Израел мислеле дека Египет ги поробува и им пречи во работата за Создателот, толку и се наоѓале во Египетскиот прогон. Додека пак, целиот напор на Ослободителот бил само да им открие дека овде нема друга сила: „Јас сум, а не гласникот“, затоа што нема друга сила освен Него. Тоа всушност е светлината на ослободувањето, како што се објаснува во „Пасхалното предание“. Ова е тоа што Создателот му го дал на Моше во зборовите: „Одиме кај Фараонот“, односно обедини ја вистината дека целото претставување пред Царот на Египет не е поголемо, одошто да се симне Фараонот, да се открие Шхина. И за ова е речено: „Затоа што Јас го направив сурово срцето на Фараонот заради тие два знаци во него“, бидејќи во духовното нема букви. И раѓањето и развојот во духовното лежат врз буквите, извлечени од материјалното во овој свет, како што е речено: „И создава темнина“, што значи дека во тоа нема ништо ново, дополнително кон минатото, туку само создавање на темнина, што претставува соединување кое е погодно за да се открие Светлината како добро. Од ова заклучуваме дека Самиот Создател лично го направил срцето на Фараонот сурово. Зошто? Затоа што човекот има потреба од букви.
Ова е смислата на реченото: „Заради моите два знаци, ... за да сметаат, ... и да знаат дека Јас сум Создателот“. Затоа што откако ќе ги добиете знаците (буквите), односно откако ќе сфатите дека Јас сум ви ги дал и дека Јас сум подготвил сè за вас, тогаш ќе ја разберете смислата на моите скриени дејствија и ќе ги исполнувате скриените Мои дејствија и заради Мене. Тогаш Светлината ќе го изврши своето дејствие и ќе ги исполни знаците (буквите), а својствата ќе се претворат во сфирот, бидејќи до нивното исполнување тие се нарекуваат „својства“ (мидот), а после исполнувањето се нарекуваат сфирот, затоа што му светат на светот, од неговиот почеток до крајот, од крај до крај, во што е смислата на реченото: „Заради ова пресметај“. Сето ова Јас го посакувам, затоа што тоа е потребно заради крајот, кога ќе се исполни: „Ќе знаете дека Јас сум Создателот, а не гласникот“, во што и се крие тајната на педесетте порти, кои може да се отворат само после 49-те од страна на лицето и од страна на позаднината, чистите и нечистите, едниот против другиот, во кои „праведникот е 49 пати против грешникот“. Затоа е речено: „Да не почне мудриот да се гордее со својата мудрост и силниот со својата сила, туку само разумот кој го достигнува Создателот“.
Јехуда Лејб