Ако не јас на себеси, кој ќе ми помогне
Писмо 16 страна 61,1925
Рекол Баал Шем Тов: «Пред исполнувањето на Заповедите, човекот не е должен воопшто да размислува за личното управување, но обратно, должен е да каже:" Ако не јас на себе си, никој нема да ми помогне ". Но, по извршување на заповедите е должен да разбере и поверува дека не со свои сили ја исполнил Заповедта, а само со моќта на Создателот, кој претходно измислил сè за него, па затоа човекот бил должен да го изврши ова дејствие. "
Како што си одговараат зборовите на нашиот свет, така и земното и духовното си одговараат, па затоа пред човекот да излезе на пазарот, за да си го заработи својот леб за денот, тој е должен да ги отстрани од своите мисли, мислата за личното управување и да си каже "Ако не јас на себе си, никој друг нема да ми помогне "и да прави сé што е потребно, како сите луѓе, за да си го заработи својот леб, како нив.
Но вечерта кога ќе се врати од работа и заработеното е кај него, во никој случај да не си помисли дека со своите усилби го заработил тоа, а дури и ако целиот ден лежел, неговата добивка, исто така, би останала кај него. Зошто така претходно размислувал за него Создателот, и затоа така морало да се случи.
И покрај тоа што од страна на нашиот разум тоа се прифаќа како противречие и истовремено никако не може да влезе во срцето, човекот е должен да верува, дека токму така го узаконил Создателот во Тора и преку оние кои ни го пренесуваат.
И тоа е суштината на единството АВА "ЈА - ЕЛОКИМ, каде што АВА" ЈА значи лично управување: односно сé се прави од Создателот и воопшто не му е потребна помош од она со помалата вредност. А ЕЛОКИМ значи природа, кога човекот, постапувајќи во согласност со законите на природата, кои се втиснати од Создателот во нашиот свет, постапува во согласност со нив, како и другите луѓе и истовремено со тоа верува во управувањето. АВА "ЈА, во личното управување, односно ги соединува заедно во себе си како едно, со што му дава поголема радост на Создателот и повикува светлина во сите светови.
Ова е во согласност со три детали:
• Заповед - место на светоста (на духовноста)
• Прегрешение - место на нечисти сили (ситра ахра)
• Избор (слобода) - не е Заповед и не е Прегрешение, а она место за кое војуваат чистите и нечистите сили. И ако човекот, извршувајќи слободни дејности не ги соединува со власта на чистите сили, сето тоа место потпаѓа под власта на нечистите сили. А ако човекот со усилби прави слободна постапка, единство доколку му го дозволуваат силите, го враќа со тоа изборот на местото на светоста.
Речено е: "Дадено му е на лекарот право да лекува", иако лекувањето, се разбира, е во рацете на Создателот и никакви човекови усилби нема да ја поместат болеста од местото, кажано е: "Лекарот да излекува", соопштувајќи за местото на изборот, местото каде што се судруваат Заповедта и Прегрешението (чистата и нечистата сила). Ако е така, тогаш сме задолжени самите да ги земеме под власт чистите сили наместо изборот. А на кој начин може да се освои ова место? Имено ако човекот отиде на искусен лекар, кој му дава проверен лек, и откако се решил да го добие од лекарот лекот, оздравел, е должен да верува дека и без лекарот Создателот би го излекувал. Бидејќи тоа е предопределено претходно. И наместо да го восхвалува лекарот, го восхвалува Создателот. И со тоа го зазема местото на изборот под власта на светоста.
И слично на ова е и во другите случаи на избор. И со ова се движат и прошируваат границите на светоста, додека светоста не освои се' што е слично и во целата своја мера, и одеднаш тој се гледа себе си, своето духовно ниво, веќе наоѓајќи се во целосна светост. Бидејќи толку се проширила светоста и нејзините граници ја достигнала својата вистинска големина.
Знаењето на погоре кажаното спасува од грешките што се заеднички за сите, што стануваат пречка за неинформираните, и наместо работа тие сакаат да веруваат повеќе, и уште повеќе да ги поништат сомнежите во својата вера и да стекнат за себе си секакви знаци и чуда надвор од границите на нашиот свет, и само страдаат од тоа. Зашто, почнувајќи од прегрешението на Адам, создал Создателот поправање на тоа прегрешение во форма на единството АВА "ЈА - ЕЛОКИМ, како што беше објаснето погоре. И тоа е смислата на кажаното: „Со пот на лицето свое ќе го добиваш лебот свој". А природата на човекот е таква, дека ако нешто е постигнато со тешка работа, тешко ќе му го отстапи резултатот од својот труд на Создателот. Оттука - има кај човекот место за работа: со усилбите на целосната верба во личното управување да одлучи, дека дури и без секакви негови усилби, исто така би добил сé што е постигнато. И со тоа го поправа прегрешението.