Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Вовед во изучувањето на Десетте Сефирот, Т. 151-156

151.) Сега може да се разбере распознавњата на четирите светови АБЈА од Клипа, кои се спротивни на АБЈА од Кедуша, како во, „Бог го направил едното исто како и другото. Кочијата на Клипа од Асија дошла од односот на притајување на Ликот во двата степени. Оваа кочија доминира и прави човекот да суди сè на вагата на гревот. Светот Јецира од Клипа ја зема вагата на гревот- кои не се поправени во светот на Јецира од Кедуша - во вои раце. Така, тие доминираат со средниот кој прима од светот на Јецира по пат на „Бог го направил едниот еднаков со другиот.“ Светот Брија од Клипа има моќ да ја укине условната љубов, да ја укине работата на која виси љубовта, т.е, несовршеноста на љубовта на второто распознавње. Светото Ацилут од Клипа е оној кој во своите раце го фаќа малиот дел од злото, чие постоење во Брија е неочигледно, заради третиот однос на љубовта. Иако тоа е вистинска љубов, со силата на Добриот кој прави добро и на добрите и на лошите, што се смета за Ацилут од Кедуша. Сепак, бидејќи тој не било награден со осудување на целиот свет на вагата на заслугата, Клипа има сила да ја иништи љубовта во однос на Промислата кон другите.

152) Ова е значењето на тоа што е запишано во Дрвото на Животот, дека светот Ацилут од Клипот е спротивен на Брија на светот Ацилут. Ова е така затоа што од светот Ацилут од Кедуша се протега само четвртото распознавање на љубовта. Така, таму Клипот воопшто нема свое учество, бидејќи тој веќе го осудил целиот свет на вагата на заслугата, и ги знае сите спроведувања на Создателот во Неговата Промисла кон луѓето, од Промислата на Неговото име: „Добриот кој прави добро и на добрите и на лошите.“ Но, во светот на Брија, од кој се протега третото распознавање, сè уште нема осуда на целиот свет. Затоа, сè уште има стопирање на Клипот. Сепак, овие Клипот се сметаат за Ацилут на Клипот, бидејќи тие се спротивни со третото распозонавање, безусловната љубов, и оваа љубов се смета за Ацилут.

153) Сега ние темелно ги објаснивме  четирите светови АБЈА од Кедуша и Клипот, кои се во сооднос  со секој еден свет.  Тие се сметаат за недостатокот  кој постои  во нивниот соодветен свет во Кедуша и тие се  именувани “ четирите Светови АБЈА од Клипот.’’

154) Овие светови се доволни за секој набљудувач да може ја почуствува суштината на мудроста кабала до некој степен.  Треба да знеш дека поголемиот дел од авторите на книги во кабала не ги насочувале своите книги било каде, туку тие биле наменети за читатели кои веќе се стекнале со откровение на ликот и возвишените достигнувања.  Ние не треба да прашаме, “ доколку тие биле наградени со дотигнување тогаш  тие знаат се преку нивното достигнување. Зошто тогаш на ним им е потребно да навлегуваат во книгите од аваторите од кабала’’? Но, не е мудро да се постави тоа прашање. Тоа е како некој кој се вклучува во буквалната Тора и нема знаење  за спроведувањето од овој свет во однос на Свет,Година, Душа од овој свет, и кој не го познава однесувањето на луѓето и нивните спроведувања кон другите и кон самите себе си. Исто така,  тој не ги познава ѕверовите и птиците во овој свет. Дали мислиш дека таква личност ќе биде во можност да рабере една работа во Тора правилно? Тој ќе ги измеша прашањата во Тора од добро кон лошо и обратно и нема да  успее да се вмеша во ништо. Таква е работата пред нас : дури и доколку некој да е награден со достигнување, па дури и на нивото на Тора од Ацилут, тој сепак нема да восприми повеќе од тоа што е во однос со неговата душа. Сепак, личноста мора да ги познава сите три расзпонавања, Свет, Година, Душа, во сите нивни случувања и спроведувања со цела свесност, за да биде во можност да ги разбере прашањата во Тора кои се оденсуваат на тој свет.  Овие прашања се објаснети во Книгата Зохар и во вистинските кабалистички книги со сите нивни детали и сложеност. Така, секој мудрец и тој кој разбира со својот ум мора да ги зема во обзир дење и ноќе.

155) Затоа ние мораме да прашаме, зошто кабалистите ја обврзале секоја личност да ја изучува мудроста кабала? Навистина, во неа има голема работа која вреди да стане јавна: таму е прексрасниот бесценет лек за сите тие кои се вклучуваа во мудроста кабала. Иако тие не разбираат што учат, преку копнежот и големата желба да се рабере тоа што го учат, тие на себе ја навлекуваат светлината која ги обиколкува нивните души. Ова значи дека на секоја личност од Израел и е загарантирано да се стекне со прекрасните достигнувања  кои Создателот ги замислил во Мислата на Создавањето за да го наслади секое суштество. Тој кој не е награден во овој живот ќе биде награден во следниот живот , итн. Се додека не е награден со разбирање на Неговтата Мисла, кое Тој го планирал за него. И се додека некој не се стекнал со совршеност, Светлините кои се судени да стигнат до него се сметаат за Обиколни Светлини. Тоа значи дека тие се спремни за него, но чекаат тој да ги прочисти садовите за примање, во кое време Светлините  ќе влезат  во способниот сад. Така, дури и кога тој нема садови, кога тој се вклучува во оваа мудрост, зпоманувајќи ги имињата на Светлините и садовите кои се оденсуваат на неговата душа, тие веднаш засветуваат за него до одреден степен. Но, тие за него светат без да ја облечат внатрешноста на неговата душа, заради недостаток на подобни садови за да ги прими. Сепак, просветлувањето кое некој го прима за време на вклучувањето во мудроста,  кон него привлекува милост од Горе и му доделува изобилие на светост и чистота, кои го носат многу поблиску до достигнување на совршеност.

156) Сепак, постои строг услов за време на вклучувањето во оваа мудрост- да не се материјализираат работите  и телесните прашања. Ова е така бидејќи така тие се повредуваат: „не прави за себе прикази, на никаков начин и според никаква сличност.“ Во тој случај, поединецот трпи штета наместо да добие корист. Затоа, нашите мудреци започнале да ја изучуваат мудроста само после четириесет години, или од Рав, и други такви претпазливости. Сето тоа е заради гореспоменатата причина. Да се спасат читателите од било каква материјализација, и затоа јас ги  создадов книгите Талмуд Есер Сефирот (Изучувањето на Десетте Сефирот) од Ари. Таму, од книгите на Ари јас ги собрав сите есеи со принципи, во однос на објаснувањето на десетте Сефирот на лесен и разбирлив јазик колку што можев. Јас исто така подредив табела на прашања и табела на одговори за секој збор и прашање. „И Божјата воља ќе успее во неговата рака.“

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели