До мојот духовевен другар ,
.... Вие ме наведувавте во вашето последно писмо, дека јас го кријам моето лице од вас, и ве сметам за непријател, вие мислите, иако слушам едно понижување и стојам мирно, и дека јас не го носам товарот со моите пријатели, и не се грижам за болката на моите пријатели. Признавам дека сте во право. Јас не ги чувствувам овие болки што вие ги чувствувате, кои и да се. Сосема спротивно, јас сум среќен и се радувам во овие очевидни и значајни поправки.
Како и да е, Јас навистина жалам и се поплакувам за поправките кои сè уште се прикриени, и се предодредени да бидат откриени, зошто прикриена корупција е без надеж, и нејзината манифестација е верување во големиот спас од Вишото.
Ова е правилото : Човек не го дава тоа што не го поседува. Значи, ако се појавува сега, не постои сомнеж дека биле таму од почетокот, иако притаени. Значи, драго ми е кога излегле од нивните дупки зошто кога твоето око почива на нив, тие стануваат куп од коски. Иако, јас не почивам ниту за минут, бидејќи знам дека многу повеќе се со нас, одколку со нив.
Како и да е, мрзеливоста го оддолжува времето, и овие презрени мравки се скриени; дури и нивното место е непознато. Мудрецот кажува за тоа : „Будалата ги превиткува своите раце, и го јаде своето сопствено месо." Мојсеј ги спуштил неговите раце, меѓутоа кога Мојсеј ги подигнал своите раце во вербата, сè што требало да се појави, веднаш се манифестирало, и тогаш Израел ја надвледеал секоја цврста рака и голем терор, и така натаму.
Ова е значењето на, „Што и да достигне твојата рака да направи со твојата сила, тоа го прави." Кога нивниот пехар е наполнет, текстот, „Злобните се сменети од власт" станува вистина. Кога злобните се изгубени, светлината и радоста доаѓаат на свет, и тогаш „нив ги нема".
Се сеќавам дека зборувавме за овие работи со вас на новогодишниот фестивал, 1920, кога се вративме од куќата на А.М. Вие ми кажавте многу тажни работи што сте ги виделе тоа утро за време на службата. Јас бев исполнет со задоволство пред вас и вие прашавте : „Зошто е оваа радост ?" Јас исто така ви реков дека кога закопаното зло е откриено, иако не целосно покорено, самото нивно појавување се смета за големо спасение, и предизвикува денот да биде свет.
Во врска со тоа што сте ми го напишале, дека вие не можете да го сакате повеќе синот на љубениот, од синот на омразениот, постариот, Јас повеќе пати ви зборував за тоа, лице в лице. Местото на вербата се нарекува „Бор" (празнина); исполнувањето на вербата се нарекува „Беер" (бунар) на животната вода, и накратко, „Живот".
Со други зборови, тоа не е како природата на обичната вода, каде ако има недостаток, бунарот сè уште стои. Факт е, овој бунар има животинска природа. Уште повеќе, сите негови делови се делови од кои зависи душата. Пробиј ги дури и малку, и целосното животинско ниво умира и исчезнува. Ова е значењето на, „Тие ме напуштија, фонтаните на животните води, и подадоа цистерни , скршени цистерни, што не можат да држат вода." Иако водата не недостасува, постои повлекување во Бор (празнината) зошто е комплетно скршена, и секако не може да задржи вода во себе. На ова мислел пророкот во името Господово, и ова е вистинската Кабала за сите мудри и разбирливи во сопствените умови. Ако вие не разбирате, одете и учете. Тогаш и вие исто ќе бидете мудри и ќе разберете во вашиот сопствен ум.
Вие напишавте на крајот на вашето писмо, дека би го сакале звукот на мојот пријатен глас до вас, поради тоа што тоа не е напор за мене да задоволам било која огорчена душа од нејзиното страдање, затоа што срце исполнето со љубов ги насладува нивните корени, коренот на сите задоволства.
Јас накратко ќе ви одговорам дека постои вистинско време за сè. Вие очигледно забележувате дека во моето прво писмо, јас ви напишав убави нешта за тоа време, задоволувајќи го срцето на човека и Господа. Тоа го објаснува вистинското значење на „тие ќе бидат задоволни и воодушевени од вашата Добрина", зошто тоа е вистина, и е пријатно за сечив вкус што бара вистински зборови. Гледате како јас можам да пробам и да ве задоволам со зборови на вистината во ова време, но никогаш со лажен збор, како лажните пророци, во времето на руините. Јас не правам грев, зошто нема лага во моите забелешки воопшто.
Вие веќе знаете што јас зборувам во врска со оние што ги носат нивните следбеници до вистината со врски од лажност и мрежа од лаги или луксуз. Јас никогаш не бев исполнет со нивната одвратност, и во ова нема дел од Јаков. Затоа, сите мои зборови се искажани со вистина, и онаму каде збор на вистината не може да се каже, јас останувам целосно мирен.
Вие не треба дури ни да помислите дека ако бев близу до вас, ќе кажев повеќе одколку на хартија. Ако би знаел дека ова е вистина, јас не би заминал од вас. Ова е потполно вистина, она што ви го кажав, дека, „во врска со нашата подготовка, јас не сум ви потребен." Ова е вистината, и вие не треба да се сомневате дека јас измислувам фантазии за мое сопствено задоволство.
Кога Создателот ќе ви помогне да достигнете крај на корекцијата, исправката, тогаш ќе ви требам многу, и можеби ние ќе дојдеме до тоа во склоп на дванесет месеци, зошто денот е долг, и вие не сте брзи како мене. Сепак, се надевам дека во склоп на дванесет месеци од овој ден натаму, вие ќе ја завршите работата, и тогаш вие ќе видите со сите свои напори дека ние ќе бидеме заедно за многу години, зошто главната префинетост на работата започнува на нејзиниот крај.
Јас ви го пишувам сето ова поради некои мисли што ги почувствував помеѓу редови на вашите писма, зошто вие сте ја заборавиле чистата вистина што е секогаш во моето срце и уста. Ви ветувам, дека повеќе од тоа што вие сведочевте на вистината во моите зборови досега, вие ќе сфатите дека сите мои зборови постојат и живеат засекогаш, непроменети дури како парче од косата. Исто така, сите зборови што ви ги пишувам носат вистина, непроменливо значенње, меѓутоа бараат блиско внимание зошто време е да се биде краток.
Верувајте ми, дека не можев да ви пишувам досега откриени зборови во моето писмо, од причини кои ги чував во тајност. Моите очи беа водени од целта да се произведат само најдобри резултати, и тоа е она што ме опкружи со ограда од внимателно набљудување на секој единствен збор. Јас знам дека со време вие ќе ги разберете моите зборови и однесување кон вас, како што е напишано, „Среќни сте вие, садовите, што влегувате нечисти и излегувате исчистени, " зошто тоа е патеката на Тора".
Јас го пораснав сознанието барајќи од вас да ми пишувате повеќе, и ветувајќи ви вам дека јас ќе ви пишувам многу повеќе писма за возврат. Секој поединечен ден јас седам и чекам, можеби збор од вас ќе дојде до мене, од вашиот духовен живот, или од вашиот материјален живот, меѓутоа нема ни звук од вас. Што би одговориле на тоа и како би се оправдале? „Не е гласот од нив што повикува на владеење, нити е гласот од нив што плаче да биде надминат." Тоа е повеќе гласот на суви зборови во пренатрупан стил, навидум премногу вознемирен. Сепак, вие најверојатно нема ни да се разберете себеси.
.... Како и да е, јас сум сигурен дека времињата ќе бидат подобри. Како стануваат подобри, така нивната отворена љубов ќе се зголемува, и ние ќе се соединиме повторно во љубовта заедно секогаш како непресушна фонтана, задоволни и среќни заедно, зошто задоволството господово е за целосниот приемач. Тој не чувствува задоволство, зошто тој е наречен семоќен. Старата Светлина и новата Светлина се појавуваат во една целина за оние кои ја прават неговата воља, и ова се стекнува со одржување на Шабат и Шмитах.
Ова е значењето на, „и тие легнаа се до утрото итн. И не гниеја, ниту беа терен за црви." И напишано е, „Тие ќе бидат задоволни и среќни од вашата добрина," бидејќи во телесни јадења, стомакот се полни со телесна мерка. И повеќе, подигнува дим во мозокот од готвењето во стомакот, и човек е уморен и тој паѓа во сон. Ова е значењето на Финеас што го забил копјето во неговиот стомак кога тие биле обединети, „И Финеас стоеше и се молеше и чумата престана." Тоа е причината зошто беше крунисан иако тој не беше од синовите на Аарон. Мојсеј самиот му рече : „Му го пренесувам нему Мојот завет за мир." Во почетокот Вај бил отсечен, но под светлината на Тора, се растегна и мојот завет беше со него, живот и мир заедно, и живее во Светлината на кралското лице.
Јехуда Лаиб