Слушнав на 9-ти Нисан (18-ти април 1948 г.)
Книга Зохар (поглавје Емор): „Рече Шхина, Собирот на душите на Израел: Јас спијам во прогон во Египет, додека моите деца страдаат во тешко ропство“. Се мисли на тоа дека Светлината Мохин се наоѓа во состојбата „сон“, како што се објаснува дека изразот „има“ (од Мегилат Естер: „има еден народ“) означува: „Нивниот Бог спие“ (друго значење на зборот „има“).
„Но будно е срцето мое, ги чува да не загинат во прогонот“ (Зохар). Всушност, кога ќе ја добијат Мохин де-Ахораим (спротивната страна), ќе бидат чувани од нив, иако сè уште остануваат во прогон, затоа што таа светлина не ја осветлува Шхина. Сепак, тоа се нарекува будност, како што е речено: „Срцето не се отвара со устата“. Срцето спаѓа во нивото ВАК, затоа што таму има ВАК на Светлината Хохма. Дури и за време на достигнувањето на големата состојба (гадлут), таму нема друга Светлина Хохма, освен онаа што е примена на тоа ниво.
„Глас на саканиот, што чука кон мене“ (Песна на Песните) – тоа е удар во екранот де-Хирик на Зеир Анпин.
„И се сетив на Мојот сојуз“ (Шмот) – тоа е тајната на Обрежувањето, што ги означува Диним де-Нуква (ограничувањата на Нуква), кои ги поништуваат Диним де-Дхура (ограничувањата од машката страна). Овие ограничувања го поништуваат нивото ГАР, што значи обрежувањето.
Постојат, исто така и дополнителни поправања, кои се нарекуваат „прија“ (подвиткување). „Отвори Ми отвор како „уво“ на игла, а Јас ќе ги отворам пред тебе Вишите Порти“. Тесниот отвор ги означува „тесните патишта“ на Светлината, кога во отсуство на Хасадим има само тенко светење на Хохма. Дури откако ќе се привлече Светлината Хасадим, Светлината Хохма се влева во Хасадим како ВАК (шест) широки потоци.
„Вишите Порти“ е тајната на Хасадим од Аба ве-Има, кои се нарекуваат „чист воздух“. Откако човекот ќе се здобие со Хохма, но додека привлекува Хасадим овие Хасадим се нарекуваат „чист воздух“ затоа што тој ги избира Хасадим, претпочитајќи ги пред Светлината Хохма.
Кога пак, кај него има само Светлина Хасадим, без Хохма, тоа се нарекува катнут, мала состојба.
„Отвори ми“ – се говори за Зеир Анпин и неговата сестра – Малхут, која спаѓа во Хохма и ја привлекува Светлината Хохма, - „затоа што во тебе се наоѓа влезот, преку кој што можам да влезам“. Само ако во тебе има Хохма, за мене ќе има отвор, во кој јас можам да влезам со Хасадим, добиени од Аба ве-Има, кои се нарекуваат „чист воздух“.
„Дојди и види кога Создателот ги усмртувал првородените во Египет и го спуштил нивото одозгора долу“ (Зохар). Египќаните се левата линија, но од страната на клипата, нечистата сила, без никакво вклучување во десната линија. Кога Израел биле во Египет, се наоѓале под власта на Египќаните, односно и тие морале да ја прифатат левата линија, а казната за првородените значи дека Создателот ја поништил власта на ГАР (трите први сфирот) на левата линија, со што го спуштил нивото одозгора долу.
„Дојди во часот кога Израел го става знакот на светиот сојуз“. Смислата на сојузот на обрежувањето се состои во ограничувањата на Нуква и е поврзана со екранот де-Хирик, кој ги поништува Диним де-Дхура (ограничувањата од машката страна), со што се поништува ГАР на левата линија и свети само ВАК. Излегува дека благодарение на тоа што Создателот ги казнил нивните првородени, тие добиле сила да го исполнат тој сојуз и „тогаш ја виделе крвта на влезот, на праговите“.
„И имаше два вида крв: крвта на Песах и крвта на обрежувањето“. Крвта на Песах го означува поправањето од вклучувањето на левата линија, а крвта на обрежувањето е поправањето од ограничувањето на Нуква, кое ја означува состојбата Хирик. И крвта на Песах...