Михаел Лајтман
(скратено)
И Сара живееше 127 години. Умре Сара во Киријат Арви, тоа е Хеврон и зборувал на хетите: "Јас сум дојденец тука, дајте ми да имам гроб, замолете го Ефрон да ми ја даде пештерата во Макпела, за сите пари. ". И Ефрон му одговори: "Земја за 400 сикали сребро. Погребај ја твојата умрена". И Авраам го разбра Ефрон и му дал сребро. И местото на Ефрон стана на Авраам и ја погребал Сара, во пештерата во полето на Макпела, наспроти Мамри, тоа е Хеврон во земјата на Ханан.
Авраам беше стар. Бог го благословил Авраам во сè. И Авраам му рече на својот слуга: "Заколни се дека ќе одиш во мојата земја и ќе донесеш жена на Исак". Ако жената не сака да оди со тебе, тогаш ти си чист од таа клетва, само синот мој не го носи од тука".
И слугата зеде камили за секое добро и појде во Арам Нагараим, во градот на Нахор. И ги распореди камилите околу кладенецот и рече: "Боже, дај ми денес среќа! Ако девојката на која ќе и речам: "Наведни го твојот ќуп за да се напијам" и ми рече: "пиј и твоите камили ќе ги напојам", ќе знам дека ти си ја определил за Исак". И се случи така, излегла Ребека, ќерка на Мелхе и Ватуила, син на Нахор, брат на Авраам и ги напоила и него и камилите. И тогаш човекот клекна пред Бог се поклони и рече: " Благословен да е Бог, господарот на мојот Авраам".
Ребека го имаше Лаван и кога ги виде бразлетните и нараквиците на рацете на својате сестра, рече: "Оди кога си благословена од Бог!" И рече: "Јас сум слуга на Авраам. Бог го благословил мојот господар, тој стана голем. Сара, жената на мојот господар, роди син. Господарот мој Авраам ми рече да ја земам ќерката на братот на господарот мој, за неговиот син.
И Лаван и Ватуил одговориле: "Божја работа е тоа. Еве ја Ребека, земи ја и оди за да биде жена на синот на господарот твој, како што решил Бог". А утрото нејзиниот брат и мајка ѝ рекоа: "Ајде нека остане девојката кај нас една година или десетина месеци, потоа нека оди". Но тој им рече: "Не задржувајте ме! Бог ми даде успех по патот мој, пуштете ме и јас ќе си одам кај мојот господар! " И тие рекоа: "Ќе ја викнеме девојката и ќе ја прашаме". И ја викнаа Ребека и таа рече: "Ќе одам". И ја пуштија Ребека. Ребека и нејзините слугинки седнаа на камилите и појдоа по човекот.
И Исак пред да настапи вечерта, излезе во полето да се помоли и здогледа – доаѓаат камили. И Ребека го виде Исак и се симна од камилата. И рече на слугата: "Кој е тој човек, кој доаѓа од полето да не пресретне? " И слугата рече: "Тоа е господарот мој" и зеде таа покривач и се покри. И слугата му раскажа на Исак се што направил.
И ја внесе Исак во шаторот на Сара, мајката своја и ја зеде Ребека и му стана жена, ја бакна и Исак најде утеха за својата мајка.
Авраам зема уште една жена, Хетура. И таа му роди синови. И Авраам му даде на Исак сè што имаше. А на синовите им остави подароци и ги испрати од Исак за животот свој на исток во земјата.
Авраам живеел 175 години. И умре во добра старост и го погребале него Исак и Исмаил, синовите негови, во пештерата Макпела.
А ова е родословието на Исмаил, дванаесет племиња. И ова се годините на Исмаил 137 години и умрел. А неговите синови се населиле од Евилат до Сура, од Египет се до Асирија. Пред лицето на сите браќа се размести тој.