На мојот ученик ***, нека свети свеќата негова
…Секако, јас посакувам да се соединам со вас со тело и душа и во овој (свет) и во идниот. Но, јас не можам да работам освен во духовното и во душата бидејќи ја познавам вашата душа и можам да се соединам со неа, но вие, во вашето срце нема можност да работите поинаку освен во телото затоа што не ја познавате мојата духовност за да можете да се соедините со неа. Ако го разберете ова, тогаш разберете и дека јас не чувствувам никаква оддалеченост од вас, а вие се разбира, имате потреба од близина на телото и просторот, но тоа е за самите вас и за вашата работа, а не за мене, за мојата работа. Со ова се објаснувам себеси од претходно (како одговор) на многу прашања. Меѓутоа, Му се молам на Создателот да ве води по патот на вистината, да се ослободите од сите препреки на вашиот пат и што и да правите, Создателот да биде посилен во вашата рака. Од ваша страна пак, вие треба строго да се држите до мојот пат, кој јас го исправив за вас, што се однесува до разумот и срцето, силниот стремеж и молитвата и тогаш сигурно Создателот ќе нè однесе до успех, а ние ќе се соединиме наскоро со телото и душата во овој и во идниот свет.
Одговор на твоето писмо од 26-ти Кислев, втор ден од Ханука. Ти напиша дека светот бил создаден за работа, а заради работата Тој ја создал темнината за да биде во неа материјалот за работа бидејќи во Светлината се наоѓа насладувањето, а не работата. Исто така, прашуваш зошто е (потребна) десната клипа, дали за да се стави темнина во Светлината и битието да ја чувствува темнината одделно од себе, како да не му припаѓа, па така да може да ги влече сите свои 70 години и зошто човекот е создаден каков што е? Бараш целосен одговор на ова, а немаш потреба од големи светлини, туку само сакаш да го оттргнеш од себе срамот од лицемерието кој доаѓа до самата душа и завршуваш дека за ова само можеш да речеш..., вистината не ја криеш, а само што настапи петтата година итн. Твоите зборови се збунувачки, затоа што јас не ја познавам таа вистина. Ти кажа нови работи – дека светот бил создаден за работа. Дали во таков случај работата треба да остане засекогаш? Познато е дека вечноста се наоѓа во својството на спокој! Додека пак, тоа што прашуваш за битието, кое ќе стави темнина во Светлината, а не ја познава темнината која е во него – треба да знаеш како да разликуваш меѓу десно и лево, а ти сè уште не си се удостоил да ја видиш темнината, бидејќи односот на темнината и Светлината е како фитил и светлина, па затоа треба да ја видиш свеќата и да се насладуваш од нејзината светлина и тогаш ќе го спознаеш десното и левото! Меѓутоа, ти се чудиш на Создателот што и дал големи сили на клипата. За ова веќе ти имам давано многу објаснувања, а најважното е што Создателот се штити себеси за да не се сомнева во Него оној кој се прилепува за Него и тоа нема да се случи никогаш, затоа што Тој е семоќен и за ова повеќе не сакам да пишувам.
Твоите зборови јас ги оценувам како „молитва на несреќник“, односно молитва од мака која се прима најбрзо од сите молитви. Прочитај во Зохар за изразот „молитва на несреќникот“ итн.: „бидејќи Давид бил несреќен, а молитвата на несреќникот е од мака итн.“. Нека биде желбата Негова. Додека пак, тоа што се вознемируваш за добриот знак, мене ми се чини дека тебе ти е потребно совршенство во однос на едноставниот знак, што всушност е добриот знак, затоа што пред пет години ти не се мачеше така и ова е доволно за оној кој разбира. Јас веќе ти зборував дека од „и излегоа од Рефидим“ до примањето на Тора има само еден премин, но знај дека моите зборови не треба да го смират твојот немир и да те утешат затоа што на крајот на првата година ти беше на поважно ниво отколку денес. Меѓутоа, не се разочарувај од милосрдието. Тоа што ти наведе доказ за целта на битието, дека тоа е работата, од реченото: „што бара Создателот од тебе, ако не богобојазност... и да Му служиш на Создателот“ итн. Навистина, има две цели: првата, која треба да биде за човековите очи и втората – за самиот Создател. Изреченото говори што треба да биде за очите на битието. Работата е, како што е запишано во „Пиркеј Авот“: „Ти не треба да ја завршиш работата, но и немаш право да се ослободиш од неа“. Со други зборови, заради совршенството на целта од трудот и крајот на работата, (овде) има страна на откривање за Ситра Ахра, за да се доближи човекот и да сфати дека не е способен за тоа, да дојде до очај, бидејќи како последица човекот треба да спознае дека крајот на работата воопшто не е работа на човекот, туку работа на Создателот, а во таков случај како ти можеш да знаеш и да Го оценуваш дали Тој може да ја заврши Својата работа или не, што секако, претставува безобразност и бунт.
„Но и немаш право да се ослободиш од неа“. Дури и во таква форма Создателот сака ти да работиш без да ја завршиш работата. Ова е тоа што е речено: „што бара Создателот твој“ итн. Објаснување: битието мора да знае само едно, дека Создателот... работата, па затоа ќе ја исполни неговата желба во совршенство, како што е речено: „Отворете ми еден отвор на враќањето со наострени игли“ и така тој ќе се ослободи од Ситра Ахра, за да не се доближува таа никогаш до него, а ако човекот со тоа доаѓа до совршенство, може да биде уверен дека Создателот од своја страна ќе ја заврши Неговата работа. „Ќе ви ги отворам влезовите низ кои ќе поминат коњските коли“. Меѓутоа, доколку човекот од своја страна не е подготвен да Му служи на Него, дури и во таква форма, во која нема да се удостои со крај на работата и отворање на влезот во салата, секако нема да му помогне никакво ласкање и лажење, а јас веќе објаснив дека во Зохар е запишано: „со зборовите на двајца сведоци... ќе биде убиен мртвиот“, тоа е Сам., кој е мртов од почеток, а да се убие мртвиот не е тешко, иако тој има десна клипа, бидејќи потешката клипа се поништува со заблагодарувањата пред Создателот и со зголемувањето на работата. Јас не знам дали ќе те задоволат моите зборови, но извести ме повторно и јас ќе ти објаснам согласно моментот, бидејќи прашањето „какви докази“ е прашање на умниот, доколку тој се наоѓа во (духовната) работа.
Јехуда