Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Писмо 22

Со почит на мојот пријател

Го добив твоето писмо во кое пишуваш дека имаш темни и светли периоди. Знај, пријателу, дека такви се патиштата на Тора, како што е речено: „Во страдања ќе живееш“. Постојат три вида живот:

1. Живот на грешниците кои се нарекуваат мртви;

2. Живот на оние кои одат по патиштата на Создателот, кој се нарекува „ живеење во страдања“;

3. Живот на праведниците, односно на оние кои веќе се удостоиле со Тора и тие го вкусуваат вистинскиот живот, како што рекле мудреците „оној кој ја учи Тора за Лишма – целиот свет за него добива смисол“.

Затоа, штом пишуваш дека твојот живот поминува низ страдања, тоа е знак дека одиш по патиштата на Тора, односно имаш црно и бело бидејќи и Тора така е напишана – со црно по белото. Ти треба да се обидуваш да имаш црн пламен на бела позадина, односно сè што ќе почувствуваш да биде како сјаен пламен.

По повод на твоето барање да ти пишам за редот на работата, знај дека откако ќе ја започнеш својата работа, веднаш ќе се сетиш на сè што си слушнал од мене и од мојот татко и учител. Ќе заборавиш на својата корист и за време на работата ќе ти се отвори Тора – она што ти е неопходно. Сепак, јас ќе ти напишам нешто и за ова. Откако човек ги отвора очите, тој веќе е навикнат да земе книга или да каже благослов, да рече „Ти благодарам на Тебе“. На човекот му е потребна подготовка пред секоја работа, односно не да оди по патот на навиките, туку кога ќе рече „Ти благодарам на Тебе“ треба да помисли кој е Тој, што му прави така да зборува – добиеното воспитување или во тоа има некоја смисла, па затоа така треба да рече. Смислата на „Благодарам“ се однесува на прашањето каде што има несогласност, како што рекле мудреците: „раби Јошуа Летаин благодари“ (Ктубот 16). Само кога има црно може да се зборува за бело. Тогаш ти треба да ја видиш вистинската причина – кој обврзува на тоа. И за тебе ќе биде подобро ако точно знаеш што те обврзува, односно причината за работата во сомнежи, бидејќи ти си слушал од мојот татко и учител дека треба да одиме по патиштата на вербата и да веруваме дека Создателот ќе ја слушне молитвата и Кадуш Барух ја сака молитвата на праведниците, односно на оние кои се стремат да станат праведници, а не можат заради злото кое е присутно во нив и Го молат Создателот да им испрати помош одозгора.

Како што рекле мудреците: „ако Создателот не помогне, човекот не може да се справи сам“ и „на оној кој доаѓа да се прочисти му помагаат“ и како што е запишано во книгата Зохар: „Со што (помагаат)? Со Светата душа“. Затоа Создателот сака ние да ја примиме Тора. Затоа во себе треба да почувстуваме потреба од Тора. Затоа што одозгора не даваат ништо повеќе, туку само она што е неопходно. Затоа што само кон насушното човекот има вистински стремеж (бидејќи нема кли без желба). Додека пак, во однос на непотребните работи, човекот не чувствува потреба за нив, туку за Создателот.

Но, најважно е човекот да почувствува потреба од Создателот, односно од Оној кој ја дава Тора. Затоа, кога човекот ќе ја почувствува својата ниска состојба, тоа станува причина тој да почувствува потреба од Создателот. А оној, кој мисли дека самиот може да направи нешто, дека самиот на себе може да си помогне, дека нема потреба од Создателот, тој се наоѓа во оддалечена состојба. И најважно во однос на соединувањето со Создателот, со што треба да се удостоиме, бидејќи тоа е целта на поправањето од наша страна, е кога човекот започнува да верува во Создателот, затоа што тоа е основното. Тоа е основен знак дали човекот оди по вистинскиот пат. Кога ќе ја види својата вистинска состојба, тогаш треба да каже „Благодарам“, без оглед на тоа што од страна му се чини дека не вреди да се каже тоа. Ова е доволно за оној кој разбира. И 4-те часа, за кои зборувавме, треба да ги одржиш, организирајќи ја својата работа вака:

А. Прогон на  Шхина, што значи „Шхина во прав“, кога секој ќе го види управувањето во сокривањата, а нема да види дека дејствијата на Создателот се добри. Токму Создателот го прави сокривањето, придавајќи им на Тора и Заповедите вкус на прав, за да му даде можност за избор на човекот, затоа што само онаму каде што има избор, има и верба. Но, на местото на знаењата, каде што управувањето е отворено, нема избор во вербата. Излегува дека тоа зависи од човекот, затоа што додека да се удостои со верба, целосна верба, за него светата Шхина мора да биде во состојба на прав. И за ова треба да се жали, за што е речено: „Се удостои – се надмина себеси...“ итн.

Б. Вистина ли е тоа затоа што целта на човекот е заради Создателот, односно ако не е тоа целта, тогаш нема да сака да живее во светот само за себе. Треба да ја види вистинската состојба без компромиси, да ја здогледа само вистината. Ако сака комбинации за телото, дека вреди да живее за себе, за свое насладување, тогаш тоа е место за молитва кон Создателот. Тогаш ќе се види себеси дека е низок.

В. Да работи со Тора. И тоа ќе биде совршенство, како што е речено дека „проколнатиот не се соединува со благословениот“.

Затоа кога работи со Тора, треба да привлече светење, бидејќи тоа е времето на совршенство. Треба да верува, како што рекле мудреците, дека тоа е „подарок од Создателот“ – Тора се нарекува подарок. Тоа што му се дава на човекот да учи, да се моли и да исполнува заповеди дури за момент во денот, тоа е подарок од Создателот, затоа што има милијарди луѓе во светот на кои Создателот не им дава можност да помислат на Него дури ни еден момент во годината. Затоа, работејќи со Тора, треба да се биде во радост бидејќи само преку радост се удостојуваме да ја привлечеме Светлината на Тора.

Исто така, учењето на Тора го поделиле на два периода:

А. Едноставно учење, кога учат само да ја сфатат едноставната смисла;

Б. Мисли, колку што е можно, дека Создателот ќе ти помогне да ја сфатиш внатрешната смисла. Со помош на тоа што се обидуваш да разбереш, во тебе се создаваат келим, во кои ќе можеш да го примиш внатрешното. Така подели ја и молитвата, а Создателот ќе ни даде Светлина и ние ќе се удостоиме со Неговата Тора, а тоа е како да сме излегле од ропство во ослободување.

Твојот пријател Барух Шалом а-Леви Ашлаг

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели