На учениците
...Вчера, пред тргнувањето во Израел, разговарав со учениците на раби Деслера и им го кажав она што го има речено Рамбам: „Човекот во душата знае дали е целосен праведник“. Јас реков дека враќањето значи дека човекот треба да се врати кај својот Извор. Со други зборови, бидејќи основниот дел од созданието под име „човек“ е желбата да прима, а Создателот е Оној кој дава, па затоа кога човекот се враќа кај својот Извор, тоа се нарекува „враќање“.
Што претставува враќањето? Како што рекол Рамбам: „Додека не засведочи за него Оној кој ги знае тајните дека повеќе нема да се врати кај својата глупавост“. Тоа сведочење во човекот се открива дури откако тој ќе направи враќање – тогаш ја достигнува Вишата убавина. Со други зборови, Создателот го преполнува со Својата Шхина (Божественото присуство). Ако човекот се враќа, односно се удостојува со соединување, тогаш за него е речено: „човекот знае во душата“. Со други зборови, оној кој сака да знае, ако веќе направил враќање, прави и анализа: дали ги достигнал убавините на Создателот, а тоа е знак дека се вратил, односно дека веќе се наоѓа во давање (погледни Предговор на ТЕС). За ова е речено: „Барај го светот и стреми се кон него“ (Псалми 34:15). Целата несогласност доаѓа само од желбата за примање, а барањето на светот е можно само ако се наоѓа во желбата за давање. И за ова е речено: „Ја посеа Исак таа земја и доби стократно“ (Тора, Берешит, 26:12), односно сто проценти. Тоа е својство на Исак, кој го добил од Авраам, како што е речено: „Авраам на Исак му даде сè што имаше“ (Тора, Берешит, 25:5).
Раши наведува вакво толкување во Мидраш: раби Јехуда вели дека тоа е надминување, а раби Нехемија вели дека тоа е благослов и дека и двете претставуваат едно. Раби Јехуда зборува од аспект на работата: тој му ја покажал можноста за работа токму по пат на надминување, а раби Нехемија зборува од гледна точка на наградата: токму благодарение на надминувањето се удостојуваат со благослов и тој благослов е стопроцентен. Со помош на тоа што се удостојуваат со враќање од љубов, целата работа се благословува сто проценти, дури и периодот на нарушување. Со сето ова се удостојуваат само благодарение на надминувањето кое значи добивање сила; секоја сила со која што се здобил човекот се соединува кон заедничката. Со други зборови, дури и кога човекот прави во некој момент надминување, кај него доаѓа надворешна мисла и тој вели: „Зарем јас веќе не сум доволно искусен, па одеднаш да ја изгубам желбата за работа? И што ќе добијам ако сега направам мало надминување?“. Тогаш на ова тој треба да си одговори дека паричка по паричка влегуваат на заедничката сметка, односно на заедничката сметка меѓу коренот на неговата душа и целата заедница.
Можеби токму во ова да се крие смислата на исказот: „Портите на солзите не се заклучени“. „Порти“ доаѓа од зборот „бури“ (слични корени), што значи надминување. „Солзи“ – од зборот „замислува“, односно се случува мешање на другите желби и само во густината на овие желби на краток момент се појавува желбата за надминување заради љубов и трепет пред небесата. „Не се заклучени“ значи дека тој момент се соединува со заедничката „сметка“, а кога таа завршува, тогаш човекот почнува да ја чувствува духовната наметка. Во ова се состои важноста на солзите: дури кога човекот ќе се најде на самото дно од својата состојба, односно кога е исполнет со ниски желби – во секој случај се појавува силата за надминување, која од точката на неговото срце копнее за желбата кон Создателот. Оваа сила е многу важна дури и кога човекот се наоѓа во прогон и точката од неговото срце е под туѓа власт. Оваа индивидуална состојба се нарекува „Шхина во прогон“. Кога на краток момент човекот прави надминување и Го осветува Создателот, иако како последица од многуте обиди тој веќе е уверен дека потоа може да стане каков што бил – во секој случај, тоа е многу важно бидејќи човекот може јавно да ја каже вистината.
Ова е слично на човек кој стои меѓу престапници кои се срамат и ја навредуваат работата за Создателот, а меѓу кои има слаткоречиви и тие велат дека работата за Создателот воопшто нема смисла. Сепак таму има некој: нека и не биде многу способен да ја објаснува суштината на работата, но може да го крене гласот, односно со еден збор, тој протестира изјавувајќи дека нивните зборови се лаги. Меѓутоа, добро е што не се согласува со нив иако гласот на разумот и силите кај него со помали во споредба со пакосниците. Тоа се нарекува Порти на солзите и за ова се вели: паричка по паричка влегуваат на заедничката сметка.
* Писмото број 14 во изданието од 1998 г. се наоѓа под број 16