Слушнав на 25-ти Нисан (1-ви мај 1951г.)
Почестите го обземаат, под своја власт, телото и во таа смисла и наштетуваат на душата. Затоа, ако на праведникот, кој станал познат, му се оддаваат почести, тоа има својство на казна, бидејќи и наштетуваат на душата.
Но, доколку Создателот се погрижи Неговите големи праведници да не изгубат од својата праведна слава, Тој ги чува за да не добиваат почести и со тоа да си наштетат на својата душа.
Затоа, во степенот во кој тие се прославиле како праведници и добиваат почест од една страна, од друга страна се оспорувани и посрамотувани со најразлични гревови до мерка во која тежината на срамот се изедначува со почестите кои ги добиваат.