Бидејќи човекот е создаден со Кли, (сад), наречен „самољубие“ во кој ако некој не гледа дека делото ќе предизвика само корист, тој нема мотивација да направи ниту најмало движење. Без поништување на самољубието, невозможно е да се достигне Двекут (сплотеност) со Создателот, што значи еднаквост во форма. Бидејќи тоа е во спротивност со нашата природа, нам ни е потребна група која ќе формира голема сила за да можеме да работиме заедно во поништувањето на желбата за примање наречена „зло“, која го попречува достигнувањето на целта за која човекот бил создаден. Заради оваа причина, групата треба да се состои од поединци кои едногласно се согласуваат дека мора да го достигнат тоа. Тогаш, сите поединци стануваат една голема сила која може да се бори против себе, бидејќи секој е интегриран во другиот. Така, секоја личност е основана на голема желба да ја достигне целта.
Да се биде интегриран еден во друг значи дека секоја личност треба да се поништи себеси пред другите. Ова се прави со согледување на заслугите на пријателите, а не на нивните лоши особини. Но, оној кој мисли дека е малку повисоко од пријателите не може да се соедини со нив. Исто така, важно е да се остане сериозен за време на собирот за да не се изгуби намерата, бидејќи за таа цел сме собрани. За скромноста, која е голема работа, поединецот треба да биде навикнат да се појавува како да не е сериозен. Но всушност, во нивните срца гори оган. За малите луѓе, за време на собирот поединецот треба да биде свесен да не следи дела и зборови кои не придонесуваат кон целта за собирањето - и така тие ќе достигнат Двекут со Создателот (Соединување со Создателот).
Во однос на Двекут, види го есејот, “Матан Тора.“
Кога некој не е со пријателите, најдобро е да не покажува ништо од намерата во неговото срце и да се однесува како секој друг. Ова е значењето на „чекори со Господ твојот Бог.“ Иако постои вишо објаснување на тоа, простото објаснување е исто така голема работа. Така, добро е да постои еднаквост помеѓу пријателите кои се соединуваат, за секој да може да биде поништен пред другиот. Тие треба да бидат внимателни кон групата, да не дозволуваат несериозност помеѓу нив, бидејќи несериозноста уништува сè. Но, како што кажавме погоре, ова треба да биде внатрешна работа. Ако некој не е од оваа група, не треба да се покажува сериозност пред него, туку треба да се изедначиме со личноста која штотуку дошла. Со други зборови, избегнувајте да говорите за сериозни работи, туку само за работи кои му одговараат на тој кој што штотуку дошол и кој се нарекува „непоканет гостин.“