Се поголемата зависност од дроги станува стратешки проблем на целиот свет. Политичарите не се интересираат премногу за тој проблем, бидејќи се што им треба е да владеат со некого или нешто. Затоа, прават се што можат за да го скријат овој проблем и дури не му даваат приоритет ни за време на своите изборни кампањи. Тоа е затоа што ја чувствуваат својата беспомошност и го сметаат ова прашање за пропадната мисија. Сепак, ако внимаваме не само на она што се случува во моментот, туку и да препознаеме една склоност, сигурно ќе заклучиме дека човештвото, како интелигентен и свесен дел од вселената, влегува во период на самоуништување.
Проблемот со дрогите во современиот свет е темелно истражуван, опишан, и претставен на бројни конференции. Тој е на дневниот ред на ОН и за него се дискутира на отворени и затворени владини дебати. Затоа, без да се повторуваме, да спомнеме тоа што директно се однесува на решението кое го нудиме.
Од гледна точка на нивното производство, дрогите се многу евтина стока. Целото човештво може многу лесно да биде снабдено со нив. Зошто едноставно да не го направиме тоа? Толку луѓе на светов страдаат од невработеност, деградација, бездомништво и болести. Здравствените буџети ги надминуваат трошоците на одбраната. Да можат да ја добијат својата дневна доза, зависниците од дроги нема да претставуваат никаква сериозна закана за општеството. Во споредба со секоја друга состојба на просечен невработен граѓанин, за нив ќе треба само миминална грижа. Тие живеат во некој свој свет, далеку од опшстествените проблеми, и не предизвикуваат сериозна штета.
Проблемот е што бидејќи состојбата на наркотична затапеност кај поединецот го спречува развојот на човештвото, таа е против основен закон на природата. Природата никогаш нема да трпи човекот да ја изгуби врската со процесот на свесно достигнување на смислата на животот. Таа никогаш нема да се согласи со неконтролирана употреба на дроги.
Човештвото знае за наркотици веќе илјадници години. Меѓутоа, во минатото тие воопшто не биле толку претерано користени. Луѓето не чувствувале таква итна потреба да бидат отсечени од чувството на животот, бидејќи некако успевале да си ги исполнат желбите. Човек сакал да добие задоволство и да ги има предметите во светот што го гледал околу себе. Се што ќе посакал било помалку или повеќе достапно во неговиот свет. Ќе видел некоја цел и ќе решел дали му се исплати да го вложи потребниот напор за да ја достигне. Секогаш ќе изберел самиот дали ќе следи одредена цел, или не, и ќе донесел ваква или онаква одлука. Никогаш не останувал со отворено прашање кое барало одговор.
Тој работел тешко, врвел низ неверојатни страданија, и бил продаван во ропство, но сепак го наоѓал задоволството по кое толку копнеел, го очекувал. Јасно гледал дека во размена за нешто, или со одреден напор, може да добие што сака. Меѓутоа, ако сонот не му бил реален, повеќе сакал да заборави на него, бидејќи телото (желбата за примање) не сака да страда и го отстранува сонот од видното поле, како што е напишано: „Обичен човек нема да ја бара раката на кралевата ќерка."
Ако види макар и далечна цел, човек е спремен тешко да работи со години за да ја достигне. Не му требаат дроги како средство за бег од стварноста, бидејќи исчекува задоволство во иднината.
Кога човек се свртува кон дрогата? Кога не може да си ги исполни желбите во овој свет. Немајќи друг избор, повеќе сака да се отцепи од чувството на недостиг и фрустрација и се свртува кон дрогите. Никогаш не би го правел тоа, кога би можел да најде некој извор на задоволство.
За човечките желби се знае дека растат и се развиваат од една генерација до друга: Од телесни потреби и задоволства, храна, секс, дом и семејство, кои човек ги чувствува дури и кога живее сам, надвор од општеството, до желби за:
- Богатство,
- Углед,
- Слава,
- Моќ, и
- Знаење.
Секој човек ги има сите овие желби во разни комбинации, но во текот на историјата тие растат како во квантитет така и во квалитет. Самиот раст на овие желби кај секој човек го одредува напредокот на човештвото.
Кога растот на сите човечки желби ќе запре, нова желба и тежнение кон нешто нејасно и несфатливо се јавува. Човекот не може дури ни да ја опише; тој едноставно сака нешто без да знае што е, и не може да го најде во овој свет.
Таквите луѓе за оваа состојба велат дека е депресија. Тоа доведува до огромен број на разводи. Човек ја чувствува потребата да смени нешто во животот и верува дека нов брак ќе му го реши проблемот. По правило, открива дека неговите постапки се сосема попусти и паѓа во уште поголемо разочарување и осаменост.
Многумина појавата на оваа нова желба ја толкуваат како нешто непознато, тежнение за духовното, она што е од другата страна. Се повеќе луѓе така се чувствуваат и им се придружуваат на наркоманите и психолошките пациенти.
На крај, човек постепено открива дека овој нов копнеж е всушност желба за Горниот свет. Луѓето почнуваат да трчаат наоколу барајќи метод на достигнување на извор на духовна исполнетост. Одат за Индија и други источни земји во потрага по гуруи; книжарите се преполни со секаква литература за духовни методи и потраги.
Сите желби на човека условно се нарекуваат негово „срце". Новата желба за непознатото кое ниеден извор не може да го пополни се нарекува „точка во срцето."
Науката во последно време го потврдува постоењето на Горниот свет. Се поголем број истакнати научници во текот на своето истражување на материјата и енергијата, доаѓаат до заклучок дека постои некоја друга стварност. По правило, тоа се нуклеарни физичари, биолози, итн. т.е. луѓето кои, секој во своето поле, навлегуваат во материјата.
Човештвото има на располагање метод како да го достигне горниот свет. Тој метод се вика Кабала. Кабалата е начин за исполнување на желбата за непознатото духовно задоволство. Треба да го провериме тој метод, а не да го отфрламе. Не постои алтернатива за растечкиот проблем на депресијата, разводите, отуѓеноста меѓу луѓето и, најважно од се, дрогата.
Ситуацијата само се влошува. Луѓето ќе продолжат да купуваат дроги. Нивното производство ќе доживее огромен пораст; мали фабрики ќе никнат насекаде. Билки што содржат дрога ќе растат на огромни плантажи; наркотици ќе се произведуваат во домашни лаборатории.
Меѓутоа, ова треба да достигне толкави размери за политичарите, економистите и други луѓе со влијание да видат дека веќе немаат кого да контролираат. Ќе престанат да добиваат задоволство од пари, признанија, итн. Тогаш проблемот ќе биде прогласен за „стратешки!"
Кога човек ќе ја открие Кабалата, почнува да сфаќа дека постои решение, одговор. Добро, може ќе треба уште пет до десет години, но решение има. Во тој случај не му требаат дроги, бидејќи веќе живее во исчекување на иднината. Место наркотици, целта треба да му биде откриена заедно со приликата да се исполни самиот себе.
Суштината на Кабалата
Оваа мудрост на луѓето им ја открива најопштата, сеопфатна природна сила. Со нејзино проучување, човек открива дека до крајот на нејзината еволуција целото човештво би требало неизбежно да дојде до откровението на универзумот и неговата намена.
Тоа откровение не доаѓа истовремено кај сите луѓе. Тоа е индивидуален процес на личниот внатрешен напредок. Почнувајќи од 20 век, поголемиот дел од човештвото достигнува одредено ниво на развој. Како резултат на ова, многу луѓе чувствуваат желба да достигнат нешто што ги надминува границите на овој свет.
Науката на Кабалата е поделена на два паралелни пата:
1. Редот на слегувањето на Горните сили, од највисокиот свет до овој свет, и
2. Редот на достигнување од долу нагоре. Од овој свет човек се качува на нивоа на достигнување кои се формирале за време на слегувањето. Тој е обврзан постепено да го достигне секое ниво во целосна согласност со законите воспоставени при слегувањето на повисоките сили. „Достигнување" значи повисоко ниво на разбирање.
Стварноста на духовното достигнување е слична на нашето секојдневно проучување на силите што не опкружуваат. Материјалната стварност, која ја перцепираме со своите сетила, се состои од вистински нешта, а нивната суштина не можеме ни да ја замислиме, а камо ли сфатиме. На пример, земете ги природните појави како електрицитетот и магнетизмот. Можеме ли да кажеме дека се нестварни, ако нашето знаење за нив во целост не задоволува, дури иако немаме никаква претстава за тоа што се случува?
Главната работа во врска со знаењето не е суштината, туку нејзините пројави. Нашето знаење на било кои материјални предмети или луѓе – на се што можеме да допреме – не е ништо друго туку „запознавање со постапките", што ни ги дава впечатоците на нивниот допир со нашите сетила. Тоа ни дава апсолутно задоволство, иако не знаеме ништо за суштината.
Достигнувањето на горниот свет е слично на тоа. Ученикот се чувствува совршено задоволен со совршеното знаење, иако достигнува само делување. Се јавува како резултат на допирот на Вишата Светлина со некоја што ќе го достигне. Личи на човек кој нема потреба од шестиот прст, бидејќи е сосема задоволен со пет.