Месeц Шват (Јануари-Февруари) 5726 (1966) г.
На мојот пријател...
Се чудам, дека долго време не добивав никакви вести за твоето здравје и силата на телото. Сигурно ви недостасуваат убеденост и сила, и според мое мислење, тоа се случува заради туѓите мисли и сфаќања, кои вие ги преземате од надворешното опкружување тогаш, кога се наоѓате во средина, што не одговара на нашиот дух, и на нашиот пат.
А наместо тоа, туѓите мисли би требало веќе да бидат под ваша контрола – “бе-нуква теома раба” (во утробата на „Големата Бездна” – местото на ограничувањата на Бина), односно, за да немаат тие мисли никаква власт и моќ, туку вие веќе ги поништивте и ги фрливте пред вашите нозе, така што можете веќе да ги изгазите и да ги пречекорите. И иако туѓите мисли сè уште се наоѓаат во вас, но тие не управуваат, и таа состојба се нарекува “шабат”, кога иако во светот се присутни клипот, бидејќи сè уште не е завршена конечната поправка, при која “темнината ќе засвети како Светлина”, меѓутоа туѓите мисли се наоѓаат “бе-нуква теома раба” (во утробата на “Големата Бездна”), така што тие немаат никаква можност да се закачат за човекот. Меѓутоа тогаш, кога излегуваат надвор од власта на Единствениот – под власт на мнозинството, односно ги изнесуваат мислите и изучувањето под управа на мнозинството, така што масите ги гледаат, а уште повеќе, ако внесувате мисли, што припаѓаат на масите во управувањето на Единствениот над вас, тогаш тоа веќе се нарекува прекршување, сквернавење на саботата.
И тоа значи, дека давате можност да се пробудат оние клипот, кои веќе ја изгубиле силата и биле веќе “Бе-нуква теома раба” (во утробата на “Големата Бездна” – местото на ограничувањата на Бина) – им дозволувате да се кренат и да продрат во вашите мисли. И тогаш вие не мислите, дека тие туѓи мисли припаѓаат на остроумноста и образованието на луѓето од надворешниот свет, туку мислите, дека тоа е резултат на вашите дејства, дека сега стигнавте до вистината, односно направивте за вас вистинско разјаснување и тие заклучоци, кои вие сега ги донесувате од разгледувањето на туѓите мисли, тоа е чиста вистина, сто насто. И до сега сите дејства направени од вас не биле разјаснети од вас во доволна мера, со седум истражувања и проверки, како што треба да направи човекот, кој сака да оди по патот на вистината. А од овој ден па натаму, мора да одите по патот, вообичаен за луѓето, заинтересирани за текот на животот од овој свет. Резултатите од тоа се сосема дефинитивно познати, и доволно му е на оној, што разбира... И иако не е мое правило да зборувам, и да пишувам за слични нешта, но јас ќе ги прекршам моите правила, иако во исто време знам, дека нема да има никаква корист од тоа, а само бидејќи со ова “[ јас од моја страна направив сè што можев и] ја спасив својата душа.
Имавме празник во чест на “Новата година на дрвата”, кој почнува во месецот Шват, кога целиот свет го осудуваат ( кон прачката - “шват”) или го помилуваат (хесед). Бидејќи месецот Шват е петтиот месец од зимата, кога после карањата и пцостите, кои се слушаат на адреса на Тора и Мицвот, стигнуваат веќе до петтата фаза – до сефира Ход, се поправаат и се оправдуваат од судот, кога скрбта преминува во убавина и раскош, и тогаш осудата (прачката - шват) преминува во помилување (хесед). И продолжуваат сите овие пет сефирот: од Хесед до Ход, како што е напишано: “Нели реков Јас, дека светот ќе биде изграден со милост (хесед)”. А Светлината хасадим се нарекува категорија на верба над знаењето, и само таму се наоѓа благословот.
Затоа во “Ту Би-шват” го благословуваат овошјето. Како што рекол мојот татко и учител, дека целата разлика меѓу светоста и клипа е содржана во плодовите – благодарение на духовната работа се појавуват плодови, додека “Друг бог е неплоден и не дава плодови”. А среќата да се заслужат плодовите доаѓа само благодарение на мерата на милосрдноста, и тогаш се удостојуваат на нивото “дрвo, што дава плодови”. Бидејки “Човекот – е дрво од полето, и само со помош на патот, кој го добивме од мојот татко и учител, се удостојуваме на плодовите, што се нарекува “да се расплодуваме и размножуваме”. И тогаш, благодарение на плодовите, секогаш престојуваат во состојбата “како дете”, односно како момче, за што е речено: “Радувај се момче во своето детство” (Коелет 11:9), “ А оние, што се надеваат на Создателот, ќе ја обноват силата” (Исаја 40:31), бидејќи само тоа се нарекува “помош на Небесата”. Односно, кога човекот не разбира, во каква состојба тој се наоѓа, и не е моќен да реши, каде е правдата, тогаш му треба само помош од небото. И тоа се нарекува “А оние, што се надеваат на Создателот”, односно му треба милост на Небесата. Нека Создателот ни помогне да се удостоиме на ослободувањето, како во материјалното, така и во духовното!
Вашиот пријател, Барух Шалом Леви Ашлаг
Писмото № 4 во изданието од 1998 г. се наоѓа под № 1