Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

136. Разликата меѓу првите и последните посланија

                                              Слушнав во Пурим, 1947 г.

Што е разликата меѓу првите и последните царски посланија? (За настаните раскажани во Мегилат Естер).

Писмениот указ ја содржи наредбата на Царот, дадена од царскиот дворец. Царските советници детално го пишуваат указот со објаснувања, за да му биде разбирлив на секого. Во оригиналот било наредено едноставно: „За да бидат подготвени за тој ден“ („Да се предаде оваа наредба во секоја област како закон, објавен на сите народи, за да бидат подготвени за тој ден“. Мегилат Естер). Советниците одлучиле дека нареденото се однесува на сите останати народи, кои треба да се подготвуваат да им се одмаздат на јудејците. Ова се случило за да помисли Аман: „На кого, освен на мене, Царот ќе посака да му укаже почит?“. Затоа во последните посланија после зборовите на Царот напишал: за да бидат „јудејците“ готови. Додека пак, во првите посланија не бил напишан како појаснување зборот „јудејци“ и затоа тие имале сила да обвинуваат.

Оваа сила се дава затоа што инаку е невозможно да се оправда ниедна желба за примање Светлина, односно за ширење на Вишата Светлина долу. Целата работа била само за давање, што значи дека немало можност да се привлече Светлината надолу. Излезот е да му се даде сила на Аман, кој ја посакува токму најголемата Светлина, за што зборува и неговото име: „Аман, Агагитјанинот“, од зборот „гаг“ (покрив), односно нивото ГАР.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели