Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

65. За откриеното и скриеното

Слушнав на 29-ти Тевет, 18-ти јануари 1942 год.

Напишано е, „Тајните нешта му припаѓаат на Господа нашиот Бог; но разоткриените нешта ни припаѓаат нам и на нашите деца засекогаш, за да можеме да ги извршуваме сите зборови од овој закон.“

Треба да се запрашаме: „Што сака текстот да ни каже со тоа дека тајните му припаѓаат на Господ?“ Не треба да велиме дека скриеното значи недостижно а откриеното го означува достижното. Гледаме дека има луѓе со знаење во скриениот дел, како што има луѓе што немаат знаење во откриениот дел. И не може да се каже дека има повеќе луѓе со знаење во откриениот дел одколку оние во скриениот дел. (Ако правите така, преставувате само дел од целата слика).

Работата е во тоа што во овој свет гледаме дека има постапки што ни се откриваат како постапки пред очите. Тоа значи дека тука делува човечка рака. Од друга страна, има постапки кога гледаме дека се врши дело, но човекот тука ништо не може да стори. Напротив, тука делува скриена сила. Како што велат нашите мудреци: „Има три скриени партнери во човекот – Создателот, татко му и мајка му.“ Откриениот дел е заповедта да бидеме плодни и да се множиме. Тој чин го вршат родителите. Ако родителите добро си ја вршат работата, Создателот става душа во новороденчето. Тоа значи дека неговите родители го вршат откриениот дел, бидејќи тоа само и го можат. Но скриениот дел – ставањето на душата во новороденчето – тука родителите не можат ништо да сторат; само Создателот го може тоа.

Слично, со Мицвот, мораме да го извршиме само откриениот дел, бидејќи само таму можеме нешто да сториме, т.е. да работиме со Тора и Мицвот на начин кој што „го исполнува Неговиот збор.“ Меѓутоа, скриениот дел, т.е. душата во држењето до Тора и Мицвот, тука човекот ништо не може. Кога ги спроведува Тора и Мицвот на дело, треба да се моли на Создателот - Тој да го изврши скриениот дел, т.е. да стави душа во практичниот дел што ни следува.

Практичниот дел се нарекува „свеќата на Мицва,“ а тоа се само свеќи, кои мораат да бидат запалени од „Тора, Светлината.“ Светлината на Тора ги пали Мицвот и дава душа и живот на практичниот дел, како со новороденчето, кај што има тројца партнери. Тоа е значењето на „разоткриените нешта ни припаѓаат нам,“ што значи дека треба да работиме во вид на „тоа што може твојата раката со сопствена сила, тоа прави го.“ Само таму можеме нешто да сториме; но давањето на душата и животот зависи од Создателот. Тоа е значењето на „Тајните нешта му припаѓаат на Господа нашиот Бог.“ Создателот ветува дека ако ние си го сработиме делот што ни е откриен во Тора и Мицвот во практичниот дел, Тој ќе стави душа во нашите дела.

Меѓутоа, пред да ни се додели скриениот дел, наречен „душа,“ нашиот откриен дел е како тело без душа. Значи, мора да ни биде доделен скриениот дел, а тоа е само во рацете на Создателот.

Следна статија бр. 66 „Давање на Тора“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели