Слушнав
„Заповедите не бараат намера“ и „нема награда за нивното исполнување на овој свет“. Намерата е мислата и вкусот во заповедта. Всушност, самото тоа е наградата, затоа што ако човекот го чувствува вкусот на заповедта, а исто така и ја сфаќа нејзината мисла, тој повеќе нема да бара голема награда. Заради тоа, ако заповедите не бараат намера, тогаш, се разбира, за нив нема награда на овој свет, затоа што човекот нема смисла и вкус од заповедта.
Излегува дека ако човекот се наоѓа во состојба кога кај него нема никаква намера, тогаш не добива притоа никаква награда за заповедта, затоа што награда за заповедта е нејзиниот разум и вкус. А ако тој го нема тоа, тогаш за него нема ни награда за заповедта на овој свет.