Слушнав во 1942 г.
Кога кај човекот доаѓа страв, тој треба да знае дека единствена причина за тоа е самиот Создател, дури и ако тоа напоменува на маѓесништво[1]. Меѓутоа, ако стравот го обзема во сè поголем обем, тогаш ни овде тоа не треба да го прифаќа како случајност, туку да гледа на него како можност дадена од небото и да дознае со каква цел му е наменета одозгора – најверојатно за да каже дека нема никој освен Создателот. Ако и после тоа стравот и плашењето не го напуштат, тогаш тие треба да служат како пример на слично чувство во работата за Создателот и трепетот пред Создателот, со кој тој посакува да се удостои, да биде толку голем, како и тој надворешен страв на телото, со кој што е обземен сега.
„Нема никој освен Него“ – рекол раби Хананија, „дури и ако тоа напоменува на маѓесништво“. Станува збор за истата жена-маѓосница, која се обидувала да земе малку земја од под нозете на раби Хананија, за да му нанесе смрт преку магии. Тој и рекол: „Земи! Но, тоа ништо нема да ти помогне, затоа што „Нема никој освен Него“. (Вавилонски Талмуд)
[1] „Нема никој освен Него“ – рекол раби Хананија, „дури и ако тоа напоменува на маѓесништво“. Станува збор за истата жена-маѓосница, која се обидувала да земе малку земја од под нозете на раби Хананија, за да му нанесе смрт преку магии. Тој и рекол: „Земи! Но, тоа ништо нема да ти помогне, затоа што „Нема никој освен Него“. (Вавилонски Талмуд)