Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Децата се поместија во неа, статија бр. 9, 1984-85

„Децата се поместија во неа, во нејзината утроба“ Раби Шломо бен Јицак - РАШИ вака тоа го толкува: „Нашите мудреци рекле дека ова се однесува на трчање. Кога таа ќе помине низ вратите на Тора од Шем и Евер, Јакоб ќе трча и ќе се бори да излезе. А кога таа ќе помине низ вратите на идолопоклонството, Исав ќе се бори да излезе,“ тоа се неговите зборови.

Баал ХаСулам рекол дека ова е редот на работата. Почетокот на работата е наречен Ибур (затруднување), кога човекот ќе започне да работи на патот на вистината. Кога тој поминува низ вратата на Тора, што го претставува Јакоб во човекот, тој се буди и сака да работи на патот на вистината. Кога тој поминува низ вратата на идолопоклонството, што го претставува Исав во човекот, тој се буди за да излезе.

Треба да ги објасниме неговите зборови. Човекот природно се состои од садови за примање, наречени „самољубие“ кои ја претставуваат злата склоност. Но тој исто така има и точка во срцето, искра, која ја претставува добрата склоност. Кога започнува да работи со давање, тоа се смета Ибур, од зборот Авера (престап). Затоа тој искусува падови и искачувања и е нестабилен. На него влијае околината и нема сила за да надмине. Заради оваа причина кога преминува во околина која се вклучува во работата која е туѓа за нас, што значи самољубие, во него се разбудува самољубието кое излегува од скриеноста за да го заземе телото. Тогаш тој нема сила да направи било што, освен она што се однесува на примателот во него.

Кога преминува во околина на оние кои се вклучуваат во дела на давање, во него се разбудува Јакоб кој излегува од скриеноста. Тогаш, делата за давање го водат неговото тело. Со други зборови, тој гледа наназад и увидува колку бил вклучен во самољубие пред да ја достигне моменталната состојба.

Тогаш тој не може да разбере како е можно некој да биде во таква понизност и да влече задоволство од такви долни работи, кои се недостојни за возрасен да ја изгради својата куќа помеѓу такви лоши желби и мисли. Тој е навреден од овие мисли и желби во кои некогаш биле неговата куќа. Но потоа, кога минува низ портите на идолопоклонството, што значи кога доаѓа во околина која е вклучена во самољубие, тој повторно го буди Исав во него, кој тогаш се бори за да излезе. Ова продолжува повторливо во работникот, ден по ден. За тие кои работат трудољубиво, овие промени на состојбите можат да се случат секој час.

„И тој рече: „Ако е ова така, зошто јас живеам?“ и таа отиде да се распрашува за Господ.“

РАШИ толкува: „Таа отиде да се распрашува“ се однесува на богословјето на Создателот. „Да се распрашува за Бога“ значи дека Тој треба да ѝ каже што ќе се случи со неа. Кој бил одговорот?

Писанијата велат: „И Бог ѝ рече на неа, „во твојата утроба има две нации и два народи. Тие ќе бидат раздвоени од твоето тело. Едниот народ ќе биде посилен од другиот и постариот ќе му служи на помладиот.“ РАШИ толкува. „Едниот народ ќе биде посилен од другиот“ како што се нееднакви во нивнта големина - кога едниот се издига, другиот паѓа. Тој исто така вели: „Јас ќе бидам наполнет со неа која е останат отпад; Цор (1) се полни само од рушевините на Ерусалим.“

Да се разбере одговорт на Создателот, како што е запишано: „И Господ ѝ рече на неа,“ ние мораме да објасниме дека овие две сили мора да постојат. Познато е дека суштината на создаденото суштество е садот за примање, кој се смета за Исав. Но после тоа доаѓа втората сила, наречена „Јакоб’’ кој е желбата за давање. И секој сака да владее сам. Ова е борбата помеѓу Исав и Јакоб. Затоа РАШИ толкува дека кога едниот ќе се издигне, другиот паѓа, и Цор бил полн само со рушевините од Ерусалим.

Со други зборови, нејзе ѝ било кажано дека мора да биде совршено јасно - или те води желбата за примање или желбата за давање, но двете заедно не можат да постојат. Затоа мора да постои одлука еднаш засекогаш дека не е вредно да се впуштаме во ниски непристојни мисли и желби.

Кога човекот ќе види дека не е во можност да ја надмине неговата желба за примање тогаш тој самиот се смета дека не е ништо, безвреден. Но, тогаш тој гледа дека иако разбрал дека желбата за примање е таа која прави штета, сепак тој не може да ја надвладее и заради оваа причина гледа дека тогаш му треба милоста од небото, бидејќи без Негова помош невозможно е да избега од владеењто на желбата за примање. Ова се однесува на тоа што го рекле нашите мудреци: „Човековата склоност го совладува секој ден. Доколку Создателот не му помогне, тој нема да ја надмине.“ Особено доколку тој ја започнал работата и направил сè што може.

Тој не верува дека само Создателот може да му помогне, но тој сега гледа дека не постои трик или тактики кои не ги направил, но сепак ништо не му помогнало, освен Создателот. Само тогаш може да разбере дека само Создателот може да му помогне. Така, која е разликата помеѓу него и неговиот пријател? Како што Тој му помогнал нему, Тој може да им помогне и на другите.

Заради оваа причина, не постои простор за ароганција кон другите, бидејќи тоа не е човековата сила. Но оние кои сепак не започнуваат со работата на Светоста, чија суштина е само да дава а не да прима, тие не гледаат дека само Создателот може да им помогне. Наместо тоа, тие велат: „Мојата моќ и моќта на мојата рака ми го донесоа ова богатство.“ Природно, тие имаат нешто за да се гордеат во однос на другите кои не работат како нив.

Следува дека нема голема разлика помеѓу доброто и лошото. Бидејќи неговото добро, исто така, е изградено на темел на самољубие. Иако тој се вклучува во Тора и Мицвот (заповеди), борбата помеѓу Јакоб и Исав тогаш не е очигледна и се разбира нему не му треба помош од Вишото за да го избави од желбата за примање и да има милост кон него, што значи да му даде сад за желбата за давање, бидејќи тој гледа дека не е во неговата природа да може да работи со цел да дава.

Ова е затоа што тој не мисли дека има потреба да работи во Тора и Мицвот (заповеди) со цел да биде награден со Двекут (сплотување) со Создателот. Работата за давање не во негов интерес. Така, неважно е зборувањето за некој кој се издигнува и некој кој опаѓа, освен кога некој сака да оди по патот на давањето, бидејќи тогаш започнува работата на поместување. После тоа поединецот мора да прави сè што може и тогаш доаѓа до состојба каде ја гледа вистината, дека не може да си помогне на себеси. Откако ќе увиди дека нема друг начин, мора да ја побара милоста од небесата. И тогаш поговорката на нашите мудреци: „На оној кој сака да биде прочистен му се помага,“ се остварува.

„И постариот ќе му служи на помладиот.“ Треба да протолкуваме дека не е доволно што веќе бил награден со добрата склоност со тоа што е владетел и злата склоност нема моќ да пружи отпор, кое се нарекува „да може да се биде слуга на Создателот само со добрата склоност.“ Наместо тоа, тој мора да го достигне степенот на совршенство, како што рекле нашите мудреци: „И ќе го сакаш Господ, твојот Бог со целото твое срце,“ што значи со двете склоности, т.е, со лошата склоност која ќе биде исто така употребена да му служи на Создателот. Тоа може да се протолкува на овој начин само доколку прво знаеме што е злата склоност.

Треба да знаеме дека злата сила која е во нас е желбата за примање, од која произлегуваат сите лоши нешта, што значи лоши мисли и желби. Желбата за давање ни ги носи сите добри нешта кои се добрите желби и мисли во нас. Така, кога добрата склоност - желбата за давање - ја води личноста, врз неа се истура Вишо изобилие од Вишото. Тоа е изобилието на Хасадим (милост) кое доаѓа одозгора.

Но, треба да знаеме дека ова е само поправката на суштеството. За да се стекне со еднаквост во форма, ние треба да се усмериме со цел да даваме за да имаме еднаквост на форма, наречена Двекут (сплотување) со Создателот. Но целта на создавањето е да се прави добро на Неговите суштества, што значи нижите да примаат задоволство од Создателот, а не тие да му даваат задоволство на Него. На Него не му треба нижите да му дадат било што. Затоа, кога суштествата посакувааат да добијат нешто од Создателот тие мораат да го употребат садот за примање, кој е злата склоност, поинаку кој би примал задоволството? Примателот на задоволството е само желбата за тоа, и копнежот за задоволства се нарекува „желбата за примање.“

Тогаш, тој мора да ја употреби неговата зла склоност но со сопствена поправка над неа наречена „со цел да дава.“ Произлегува дека тогаш тој исто така работи и со својата зла склоност. Злата склоност се нарекува „постар“ бидејќи таа била прва. Исто така, кога човекот се раѓа, прво доаѓа злата склоност, а добрата склоност доаѓа после 13-та години. Така, кога личноста работи со желбата за примање со цела да дава, тоа се смета дека тој го сака Создателот со целото свое срце, што значи со двете негови желби.

Ова е значењето на стихот, „и постариот ќе му служи на помладиот.“ Тоа значи дека желбата за примање, која се нарекува „постар“, ќе му служи на помладиот, што значи ќе ѝ служи на желбата да дава на Создателот. Така, желбата за давање ќе биде владетел. Понекогаш желбата за давање употребува садови за давање, наречен „Келим де Јакоб’’ (садови на Јакоб), и тогаш се смета дека тој му служи на Создателот со добрата склоност. Понекогаш тој ги користи садовите за примање и тоа се смета служење на Создателот со злата склоност. И на нејзе ѝ беше кажано целото богословје на Создателот, како што е запишано, „и Бог ѝ рече на неа.’’

Сега разбираме што рекол Бен Зома (Авот де Аби Натан, поглавје 23), „Кој е најголемиот од сите херои? Тој кој го претвора непријателот во пријател.“ Во Маасехет Авот (поглавје 4), „Бен Зома прашува: „Кој е херој? Оној која ја покорува сопствената желба.“

Треба да ја разбереме разликата помеѓу толкувањето кое го дава за „херој,“ кога вели: „кој е херој? Оној кој ја покорува сопствената желба,“ и толкувањето кое го дава за „најголемиот од сите херои“ кога вели: „Оној кој го претвора својот непријател во пријател.“

Според горенаведеното, ние треба да ги протолкуваме зборовите на Бен Зома, дека херој е наречен „едниот народ ќе биде појак од другиот,“ како што РАШИ објаснува: „кога еден се издига, а другиот паѓа.“ Ова се нарекува „херој,“ бидејќи тој го потчинил злото во себеси и го води само добрата склоност, што значи тој му служи на Создателот само со добра склоност.

„Најголемиот од сите херои’’ е наречен „и постариот ќе му служи на помладиот.“  „Постариот’’, што го означува злото во него, „ќе му служи на помладиот,“ на желбата за давање. Ова е затоа што тој му служи на Создателот и со злата склоност, како што е напишано тогаш го исполнува стихот, „со целото свое срце,“ што значи со двете желби.

(1) Објаснување: Цор е град во Израел.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели