Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Писмо 6, 1921 г. стр. 14

„Ле­ген­да за Ца­рот и неговиот си­н“, Книга „Плодови на Мудроста. Писма.“, стр. 14

Уште одамна ти напишав две писма и никако не доаѓаше ред да ги испратам. Искрено речено, сакам да те видам до своето заминување. Сега ќе си ја припишам на себе честа со тоа што ќе ти дадам да вкусиш од „капките од медениот нектар“.

Запишано е: „Убиецот ќе ги изгуби сите мои искази, исто како што тече капка по капка, а лажливецот ќе Го осквернави Создателот“. Ова е како Царот кој го повикал кај себе својот син за да го научи како се владее и да му ја покаже целата земја – и оние кои го мразат и тие кои го сакаат. Царот му дал на синот меч од своите скривници, а тој меч имал чудесно својство: кога ќе се појавел мечот пред непријателите, во истиот миг тие паѓале пред него на земјата, како куп рушевини, за да отиде Царскиот син и да освои многу земји и да завладее со тоа што го имаат тие. Еден ден Царот му рекол на својот син: „Еве, јас ќе се качам на кулата и ќе се сокријам таму. Ти ќе го наследиш Престолот Мој и ќе владееш со целата земја со мудрост и со сила. Еве ти го и овој штит, кој до денес беше сокриен на тајно место, па секој непријател кој ќе помисли нешто лошо за царството, нема да може да ти причини зло, додека го имаш овој штит во твои раце“. Царот го оставил мечот, го наместил со штитот и му ги дал на синот. Самиот Цар пак, влегол во кулата и таму се сокрил. Меѓутоа, Царскиот син не знаел дека мечот и штитот се споени еден со друг. Бидејќи штитот не му значел ништо во неговите очи, тој не внимавал на него, па бил украден, а со него и мечот. Кога непријателите слушнале дека синот на Царот владее со земјата и дека му ги украле мечот и штитот, веднаш се охрабриле и станале дрски.

Почнале да војуваат со него, додека не го заробиле заедно со неговото небројно богатство. Сега, кога оној кој го мразеле им бил во раце, врз него го истуриле целиот гнев од својата омраза. Него го обвинувале за сè што им се случувало додека владеел Татко му. Го тепале секојдневно. Синот на Царот се засрамил пред неговиот Татко, бидејќи несреќата на Таткото му причинувала болка која била посилна од сопствената несреќа. Му дошла идеја и тој решил да направи меч и штит, слични на претходните за да Му причини радост на својот Татко и да Му ја покаже својата мудрост и сила. На најразновидни начини се обидувал и направил меч кој бил сличен на претходниот. Направил и штит, исто така сличен на претходниот. Кога оружјето за војување кое го направил тој, било во неговите раце, повикал кон својот Татко, кој бил на врвот на кулата: „Гордеј се со мене, бидејќи мудриот син ќе го израдува својот Татко“ итн. Но, додека повикувал кон Таткото, оние кои го мразеле му се приближиле и го удриле во главата и во црниот дроб. Според тоа како му ги задавале ударите, тој станувал посилен и се охрабрувал себеси, за да престане да му се лути Татко му. Извикувал: „Сега јас не се плашам од ништо. Кој може да ме порази, кога мечот твој и штитот се во мојата рака“.

Но, колку и да се фалел, се множеле ударите и раните од неговите непријатели. Камења и стапови му летале по главата, а му течела и крв. Тој се обидувал да ја крене својата глава, величествено подигајќи ја, слично на силен дух и да Му покаже на својот Татко дека сега ништо не може да го убие, дека непријателите станале како прашина наспроти неговата моќ, бидејќи останал непроменет мечот од него и дека издржал штитот. На ова се мислело во зборовите „ќе ги изгуби сите мои искази, исто како што тече капка по капка...“. Слично како мајмун пред човекот – оние кои со силите од своето тело создаваат меч, споредувајќи го со создание на Создателот. Но тоа не е сè, туку сакаат да станат горди на тоа ремек-дело, како што е горд Создателот за Своето создание. За нив е речено: „... Убиецот и лажливецот ќе Го осквернави Создателот“ бидејќи со човечки дејствија создава штит и се фали дека не чувствува никаква болка, а со тоа исто така Го сквернави Создателот. Значи, она што го има, го насочува против себе бидејќи вели дека има мудрост и сила и дека не се плаши од ништо, а притоа е полн со лаги и прави разни трикови – токму со тоа го сквернави Создателот.

Меѓутоа, целото совршенство се состои во тајната на светото Име „Мојот Бог е мојата праведност“, кога со целата душа тој достигнува дека местото „на појавата на присуството на Создателот“ е онаму, каде што е „праведноста и вистината“. Спознанието на ова е апсолутно: бидејќи сите негови мисли, соединети во него во една мисла, стануваат справедливи и точни, а на него му е јасно дека сè уште ниеден човек во светот не направил лош чекор во апсолутната сличност, затоа што не може да се помрдне напред со своите сили ни за еден точен чекор. И ова е доволно за оној кој разбира. Иако сите така веруваат, меѓутоа за спознавање сите тие треба да го насочат своето внимание кон срцето и тоа за нив да стане „главна поука“ затоа што отварањето на точното и вистинското срце кон Создателот може да го прикаже разумот во овој свет како нешто едноставно и обично, чии што потреби сепак се наоѓаат во срцето. Ова е суштината на реченото: „го бараа таму Создателот свој и Го достигнаа“. Ова исто така, се состои и во благословот „Добар и кој прави Добро“, каде што Тој е „Оној кој прави Добро после мене“ бидејќи вистинското достигнување на Создателот почива во појавата на среќа, задоволство, а затоа и се вели „Добар“ и ова Име му се открива на секој човек. Тоа е името – „Создателот, кој ме милува“. Но, заради леснотијата со која тоа се перципира, не останало единственото име за сите созданија. Меѓутоа, во целата работа во прогон и во исполнувањето на Тора е откриено да биде очигледно на сите делови од душата на оној кој работи за Создателот светото Име „Мојот Создател е мојата праведност“. Тоа значи дека во реалноста воопшто не постоело ништо лошо, дури ни на најкраток момент. Ова е тајната на „Оној кој прави добро“. Сокриената тајна „Создателот е Единствен и Името Негово е единствено“ јасно и едноставно ја разбираат оние, чија што состојба е совршена.

Јехуда Лајб

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели