Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Вовед во изучувањето на Десетте Сефирот, Т. 61- 70

61) До сега тој сè уште се смета за нецелосен праведник, бидејќи само оној кој е награден со откровение на Ликот, имено целосната мерака на Неговата добрина, како што му одговара на Неговото Име, се нарекува „праведник’’ (точка 55). Но сега тој ја оправдува Неговата Промисла, дека Тој е целосно Добар и целосно совршен кон Неговите суштества и дека Тој е Добар и кон доброто и кон злото. И бидејќи е награден со откровение на Ликот, оттука па натаму тој го заслужува името „праведник.“ Но, ако тој не ја завршил поправката, туку само притајувањето во притајување, и не го поправил првото притајување, туку оттука па натаму, во времето пред да биде награден со покајание не го заслужува името „праведен.“ Ова е затоа што тогаш тој останува со притајувањето на Ликот, како претходно. Заради оваа причина, тој се нарекува „нецелосен праведник,“ што значи оној кој треба да си го поправи своето минато.

62) Тој исто така се нарекува „среден, посредник“, бидејќи откако се стекнал со покајание од страв тој се оспособил, преку неговата целоснот во Тора и добрите дела, да се стекне со покајание од љубов. Тогаш поединецот се стекнува со името „целосен праведник.“ Така, сега е посредник помеѓу љубовта и стравот и затоа се нарекува „среден, посредник.“ Но, пред тоа, тој не бил целосно способен ниту да се припреми себеси за покајание од љубов.

63) Ова темелно ги објаснува првите три степени од достигнувањето на откровението на Ликот, достигнувањето на чувствувањето на Промислата на награда и казна, како: „Оној кој ги знае сите тајни ќе сведочи дека тој нема да се врати кон грешноста.“ Ова се нарекува „покајание од страв,“ кога неговите гревови стануваат грешки. Ова исто така се нарекува „нецелосен праведник“ и „среден, посредник.“

64) Сега ние ќе го објасниме вториот степен од достигнувањето на откровението на неговото лице, што претставува достигнување на целосната, вистинска и вечна Промисла. Тоа значи дека Создателот внимава над Своите суштества со Неговата особина „Добар кој прави добро на добрите и на лошите.“ Кога на некој му е дадено да ги претвори своите гревови во доблести тој се смета за „целосен праведник“ или „покајание од љубов.“ Ова ги објаснува сите четири распознавања на воспримањето на Промислата која се однесува на суштествата. Првите три распознавања, двојното притајување, единечното, (прво), притајување, и достигнување на Промисла на награда и казна претставуваат само подготовки со кои поединецот го достигнува четвртото распознавање, што претставува вистинско достигнување на вечната Промисла.

65) Ние треба да разбереме зошто за некого третото распознавање не е доволно, имено достигнувањето на Промислата на награда и казна. Ние рековме дека тој веќе бил награден со Оној кој ги знае сите тајни да сведочи дека тој нема да греши повторно. Но, зошто тој сè уште се нарекува „среден, посредник“ или „нецелосен праведник,“ чие име докажува дека неговата работа сè уште не е посакувана во очите на Создателот, и дека сè уште постои мана и срам во неговата работа во Тора?

66) Прво да анализираме што прашале толкувачите, во однос на Мицва, за љубовта на Создателот. Како Светата Тора нè обврзува на Мицва која не можеме воопшто да ја направиме? Поединецот може да се принуди и пороби себеси кон сè, но ниту една принуда и поробување, во светот, нема да помогне во однос на љубовта. Тие објаснуваат дека со правилно одржување на 612-те Мицвот, љубовта на Создателот доаѓа сама по себе до човекот. Така, тоа се смета возможно за одржување, бидејќи личноста може да се пороби и принуди правилно да ги одржува 612-те Мицвот, и тогаш тој исто така ќе се стекне со љубовта на Господ.

67.) Навистина, нивните зборови бараат објаснување. На крај, љубовта на Господ нема да дојде до нас како Мицва, бидејќи таму нема од наша страна чин на поробување и принудување. Таа доаѓа сама по себе откако ќе се завршат 612-те Мицвот. Така, нас ни се сосема доволни овие 612 заповеди на Мицва, но зошто тогаш била напишана Мицва на љубовта?

68.) За да се рабере тоа, ние прво треба да се здобиеме со искрено разбирање на природата на љубовта на самиот Господ. Ние мораме да знаеме дека сите склоности, тенденции и својства кои се вградени во поединецот, со кои му служу на пријателот, сите тие тенденции и природни својства се потребни исто така во работата за Господ. Тие биле создадени и вградени во човекот само заради нивната крајна улога, која е и крајната цел на човекот, како што е запишано: „Оној кој е прогонет, нека не стане од него отпадник.“  На поединецот му се потребни сите луѓе да може да биде целосен, во однос на примањето на изобилието, и да ја задоволува желбата на Господ. Ова е значењето на, „Секој кој се нарекува според Моето име, и кого Јас го создадов за Мојата слава“ (Исаија 43; 7), исто така „Господ  ги направил сите работи за Негова цел“ (поговорки 16:4). Но, во меѓувреме, на човекот му бил даден цел свет, да се развива и да ги заврши сите природни склоности и квалитети, со кои се вклучува кон другите луѓе, правејќи ги соодветни за нивната намена. Запишано е, „Секој мора да рече, Светот бил создаден за мене.“ бидејќи на поединецот му се потребни сите луѓе во светот, кои се развиваат и се здобиваат со особини и склоности што одговараат за Неговата работа.

69.) Така, ние мораме да ја разбереме суштината на љубовта на Господ, од својствата на љубов со кои некој се поврзува кон друг. Љубовта на Господ неопходно се дава преку овие квалитети, бидејќи тие во луѓето биле вградени за Него. Кога ние ги набљудуваме особините на љубовта помеѓу човек и човек, ние пронаоѓаме четири мерки на љубов, една врз друга, што значи дека двете биле поделени во четири.

70.) Првата мерка е „условна љубов.“ Тоа значи дека заради големата добрина, задоволство и корист кои некој ги прима од пријателот, душата на поединецот се припојува кон пријателот, во љубов. Во тоа постојат две мерки: првата е, пред добро да се запознаат и да започнат да се сакаат, тие си наштетувале еден на друг. Но, сега тие не сакаат да се сеќаваат на тоа, бидејќи „љубовта ги поправа сите престапи.“ Втората мерка е, тие од секогаш правеле добро еден за друг и си помагале и нема ниту трошка штета помеѓу нив.

                    Продолжува: 71 - 80

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели