72.) Втората е „безусловна љубов.“ Тоа е кога поединецот знае дека доблестите на пријателот се возвишени, над секоја замислива мерка. Заради тоа неговата душа се припојува кон пријателот со бескрајна љубов. Тука, исто така, постојат две мерки: првата е пред некој да ги знае сите реализации и дела на едиот кон другите. Тогаш, љубовта се смета „помалку од врвна љубов.“ Ова е затоа што во комунијацијата на пријателот со другите, наизглед тој им штети на другите од незнаење. Во овој случај, ако го види поединецот кој го љуби, заслугата на пријателот ќе биде засрамена и љубовта помеѓу нив ќе се расипе. Сепак, бидејќи тој сè уште не ги видел овие реализации, неговата љубов сè уште е целосна, голема и вистински прекрасна.
73.) Втората особина на безусловната љубов е четвртата опша особина на љубовта, која исто така доаѓа од познавање на заслугите на пријателот. Сега тој ги знае сите негови соодноси со секого. Тој проверил и видел дека не само што тие немаат трага од мани, туку и дека нивната добрина е поголема од сè што е замисливо. Тоа е „вечна и целосна љубов.“
74.) Знај дека овие четири особини на љубов помеѓу човек и човек се однесуваат и помеѓу човек и Господ. Но, во љубовта кон Господ, тие стануваат степени, по пат на причина и последица. Неозможно е да се стекнеме со нив пред да се стекнеме со првата особина на условната љубов. И откако таа особина е целосно добиена, првата особина предизвикува последица да се стекне со втората особина. Откако некој се стекнал со втората особина во целост, тоа предизвикува да се стекне со третата особина. Конечно, третата особина води до четвртата особина - вечната љубов.
75) Така се поставува прашањето: „Како може некој да се стекне со првиот степен на љубов кон Бога, првиот степен од условната љубов, која ја претставува љубовта која доаѓа преку мноштво на добрини, кои некој ги прима од оној кого го сака, кога не постои награда за Мицва во овој свет? Според горенаведеното, поединецот мора да помине преку првите две форми на Промислата по пат на притаеност на Неговиот Лик. Со други зборови, во тоа време Неговиот Лик е притаен. Всушност Неговиот Лик ја означува Неговата мерка на добрина - реализирање на Добриот кое прави добро, (точка 47). Затоа, поединецот тогаш искусува болка и страдања. Ние дознаваме дека целата примена на Тора и работата со избор се спроведува точно во ова време, за време на притаеноста на Ликот. Ако е така, како може некој да биде награден со втората особина на условна љубов, што ја претставува љубовта која некој ја има кон некого кој прави многу добрини, и никогаш не му наштетил, и уште повеќе е така кога го достигнува третиот и четвртиот степен?
76.) Овде навистина влеуваме во длабоки води. Во најлош случај ние од ова треба да се стекнеме со скапоценост. За оваа цел ајде да ги анализираме зборовите на нашите мудреци (Берахот 17), „Ти ќе го видиш твојот свет во твојот живот,“ но само „ќе го видиш“? Доколку тие сакале да благословат, тие требало да ја благословат целоста, што значи да се стекне и да го прими неговиот свет во овој живот. Ние треба да разбереме, зошто некој треба да го види својот следен свет во овој живот? Во најлош случај неговиот крај ќе биде живот во следниот свет. Но, зошто тие го ставиле овој благослов прв?
77.) Прво, ние мораме да разбереме какво е ова видување на следниот свет во нечиј живот? Секако, ние не можеме да видиме ништо духовно со телесни очи. Исто така спроведувањето на Создателот не е да ги менува природните закони. Создателот на почетокот ги подредил овие реализирања, на овој начин, бидејќи тие се најуспешни за целта. Преку нив, човекот се припојува кон Него, како што е запишано: „Господ ги направил сите работи за Негова цел.“ Затоа, ние мораме да разбереме како некој гледа на светот во својот живот?
78.) Јас треба да ви кажам дека ова гледање доаѓа до поединецот преку отварање на очите со помош на Светата Тора, како што е запишано: „ Ти отвори ги моите очи, за јас да можам да гледам чудесни работи заради Твојот закон.“ Точно на ова се заколнала душата пред да дојде во телото (Нида 30), и „дури и целиот свет да вели дека си праведник, во своите очи биди злобен,“ особено во своите очи. Со други зборови, сè додека не си достигнал „отворање на очите“ во Тора, сметај се себе за злобен. Не се залажувај со твојата репутација во целиот свет како праведник. Сега можеш да рабереш зошто го ставиле благословот, „ти ќе го видиш твојот свет во својот живот,“ на почетотко на сите благослови. Пред тоа, поединецот не е наградена ниту со својството на „нецелосен Праведник.“
79.) Ако поединецот знае во себеси дека тој веќе ја одржува целата Тора, и целиот свет се согласува со него во тоа, зошто тоа не е доволно за него? Наместо тоа, тој се заколнал да се смета себе си како злобен. Дали е тоа така затоа што чудесниот степен, во кој се отвараат неговите очи кон Тора, недостига во него и затоа се споредува со злобен?
80.) Веќе беа објаснети четирите мерки на луѓето кои ја достигнуваат Неговата Промисла. Две од нив се во притаеност на Ликот, и две се со откриеност на Ликот. Исто така, беше објаснета причината за притајувањето на Ликот кон луѓето. Тоа било намерно, за да им се даде на луѓето простор за работа и да се вклучат во Неговата работа во Тора и Мицвот по свој избор. Тоа го зголемува задоволството на Создателот од нивната работа во Неговата Тора и Мицвот, повеќе од Неговото задоволство кое го добива од Неговите ангели кои се горе, кои немаат избор и чија работа е принудна.