91.) Ова го појаснува споменатото: „тој кој ја достигнува третата мерка на Промислата, (Промисла на награда и казна), кога Тој кој ги знае сите тајни веќе сведочи дека човекот нема да се врати кон грешност, сепак се смета за „нецелосен Праведник.“ Сега ние темелно разбираме дека нему сè уште му недостасува една Мицва - Мицвата на љубовта. Се разбира, поедиенцот е нецелосен, бидејќи тој мора да ги заврши 613-те Мицвот, што го претставува првиот чекор кон вратата на совршеноста.
92.) Со сè што е речено погоре, ние го разбираме прашањето: „Како Тора нè обврзала на заповедта на љубов, кога оваа Мицва не е во наши раце, ниту да се вклучиме или воопшто да ја допреме?“ Сега гледаш и разбираш дека токму за ова нашите мудреци нè предупредиле: „Јас работев, но не најдов, не верувај“ и исто така, „поединецот секогаш нека се вклучува во Тора и Мицвот во ло Лишма, бидејќи од ло Лишма тој доаѓа до Лишма“ (Песахим 50). За тоа сведочи и стихот: „Оние кои Ме бараат ќе Ме најдат“ (поговорка 8).
93.) Овие се зборовите на нашите мудреци (Мегилах стр.6): „Раби Јицак рекол, „доколку некој ти рече, „јас работев но не најдов, не верувај или јас не работев, но најдов, исто така не верувај. Туку кога ќе рече - јас работев и најдов, тогаш верувај.“ Во, „јас работев и најдов, тогаш верувај,“ зборовите личат навидум противречни, бидејќи работа се однесува на нешто што е заработено, додека најдено е нешто што доаѓа без работа. Тој требало да рече: „јас работев и добив.“ Но, ти треба да знаеш дека изразот „најдов“ кој е споменат овде, се оденесува на стихот: „Оние кои Ме бараат ќе Ме најдат.“ Тоа се однесува на пронаоѓање на Ликот на Создателот, како што е запишано во Зохар дека Тој се наоѓа само во Тора, што значи дека поединецот е награден со пронаоѓање на Ликот на Создателот преку работа во Тора. Така, нашите мудреци биле прецизни во нивните зборови и рекле: „јас работев и најдов, тогаш верувај,“ бидејќи работата е во Тора, а наоѓањето е откровението на неговиот лик на Неговата Промисла. Тие намерно се воздржале од изјавата: „јас работев и добив, тогаш верувај,“ или „јас работев и освоив“ итн. При ваква изјава би имало место за грешка во работите, бидејќи освојувава или добива се оденсува само на Тора. Така, тие прецизно го дале зборот „најдов“ кој укажува на друга работа, покрај стекнувањето со Тора, имено откровението на Ликот на Неговата Промисла.
94.) Тоа го разрешува стихот, „јас не работев и најдов, тогаш не верувај.“ Тоа изгледа сложено, бидејќи кој би помислил дека е возможно да се стекне со Тора без да работи? Но бидејќи зборовите се однесуваат на стихот: „Оние кои Ме бараат ќе Ме најдат“ (поговорка 8: 17), тоа значи дека секој, мал или голем, кој го бара Него, веднаш го пронаоѓа. На ова се однесува зборот „бара.“ Некој може да помисли дека не треба да се бара работата, и дека дури и понедостојна личност, која не сака да вложи труд, ќе го најде Него. Нашите мудреци предупредуваат во однос на тоа, да не веруваме во такво објаснувања. Туку, трудот е неопходен.
95.) Сега гледаш зошто Тора се нарекува „Живот“, како што е запишано, „Погледај, јас пред тебе ставив живот и добро“ (Деутерономија 30:15), и исто така „затоа избери живот,“ и „тие се живот за тие кои ги наоѓаат“ (поговорки 4:22). Ова произлегува од стихот, „животот е во Ликот на Кралот“ (поговорки 16), бидејќи Создателот е извор на целиот живот и на секое добро. Така, животот се протега кон оние гранки кои се припојуваат кон изворот. Ова се однесува на тие кои работеле и ја нашле Светлината на Неговиот Лик во Тора, и им било доделено отворање на нивните очи во Тора и чудесните достигнувања, сè додека не им било доделено откровение на Ликот, достигнувањето на вистинската Промисла, која одговара на Неговото име, „Добар,“ и реализацијата на Добриот да прави добро.
96.) Оние кои успеале, повеќе не можат да се воздржат од правилно одржување на Мицва, како што некој не може да се воздржи од прекрасно задоволство. Така, тие бегаат од престапот како што некој бега од оган. За нив е речено: „Сите вие кои сте се припоиле кон Господ, вашиот Бог, сте живи.“ Оваа Негова љубов доаѓа кон нив во изобилие како природна љубов, преку природните канали кои се подготвени во секој поединец од страна на Создателот. Така гранаката е правилно припоена кон нејзиниот корен, и кон човекот тече животот во изобилие и постојаност, кој доаѓа од неговото потекло. Заради ова Тора се нарекува „Живот.“
97.) Заради таа причина, нашите мудреци нè предупредиле на повеќе места во однос на неопходниот услов во примената на Тора, таа да биде точно во Лишма, и преку неа човекот ќе биде награден со живот, бидејќи само така Тора е животот. Затоа ни била дадена на нас, како што е запишано: „Затоа избери живот.“ Така, кога поединецот применува кон Тора, мора да работи, и да ги насочи својот ум и срце да ги најде „Светлината од ликот на кралот“ во неа, т.е, достигнувањето на отворена Промисла, наречена „Светлина на ликот.“ Секој е способен за тоа, како што е запишано: „Тие кои Ме бараат ќе Ме најдат,“ и, „јас работев и не најдов, не верувај.“ Така, на човека не му е потребно ништо друго освен трудот. Запишано е: „Секој кој применува Тора за Лишма, неговата Тора за него станува животна напивака.“ (Таанит 7а). Тоа значи дека човекот треба да го насочи умот и срцето со цел да достигне живот, што го претстатува значењето на Лишма.
98.) Сега може да видиш дека прашањето кое го поставиле толкувачите за Мицва на љубовта, велејќи дека оваа Мицва е надвор од нашите можности, бидејќи љубовта не доаѓа по пат на присила и принуда, воопшто не е прашање. Но всушност таа заповед е целосно во нашите можности. Секој може да работи во Тора сè додека не го постигне достигнувањето на Неговата отворена Промисла, како што е запишано: „јас работев и најдов, тогаш верувај.“ Кога некој ја достигнува отворената Промисла, љубовта доаѓа до него преку природни канали. Но оној кој што не верува дека може да го достигне тоа преку своите напори, е само поради неверувањето на зборовите од нашите мудреци. Наместо тоа, тој замислува дека трудот не е доволен за секого, што е во спротивност со стихот: „јас работев и не најдов, тогаш не верувај.“ Тоа е исто така е против зборовите: „Оние кои Ме бараат ќе Ме најдат“ Точно тие кои „бараат,“ (кои да се, големи или мали). Но, кој и да е, тој со сигурнос треба да работи.
99.) Од горенаведеното ти ќе го разбереш значењето на: „Секој кој применува Тора за ло Лишма, таквата Тора за него станува смртоносна напивка.“ (Таанин 7а), и стихот: „Вистина е Ти си Господ кој се притаил Себеси,“ дека Создателот се притаил Себеси во Тора. Тој прашал: „Разумно е Создателот да е скриен во овој свет, надвор од Тора, но не во самата Тора, зошто тоа е местото за разоткривање. Ние прашуваме во продолжение: зошто треба да биде видено и откриено ова притајување на самиот Создател?’’
100.) Од тоа што е објаснето погоре ти можеш темелно да разбереш дека оваа притаеност на Создателот е всушност притаеност на Ликот, која Тој ја спроведува кон Неговите суштества на два начини: прво, единечно притајување, и притајување во притајувањето. Зохар ни кажува дека ние никогаш не треба да мислиме дека Создателот сака остане во скриена Промисла и со скриен Лик пред Неговите суштества. Туку, тоа е како човек која само се сокрил за неговите пријатели да го бараат и да го најдат. Кога Создателот го притајува Својот Лик, тоа е само затоа што Тој сака суштествата да го бараат и да го разоткријат Неговиот Лик и да го најдат Него. Со други зборови, не би постоел начин за луѓето да ја достигнат Светлината на лицето на Кралот ако Тој на почетокот не се оденсувал кон нив со притајување на ликот. Така, целото притајување е подготовка за откровение на Ликот.