Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Предговор кон Книгата Зохар

Предговор кон Книгата Зохар, Точка 1-15

Јехуда Леиб ХаЛеви Ашлаг (Баал ХаСулам)

Предговор на Книгата Зохар

1) Мудроста во светата Книга Зохар е скриена и затворена зад илајда врати и нашиот човечки јазик е премногу сиромашен да понуди доволно потпирливи изрази, со цел да може да се протолкува до крај барем една работа во оваа книга. Толкувањето кое јас го направив претставува само скала со чија помош истражувачот ќе може да се искачи на повисоко ниво и тој самиот да ги испита зборовите во книгата. Така, за мене претставува неопходност да го подготвам читателот и да му го покажам патот и влезот со помош на потпирливи дефиниции во однос на тоа како некој треба да ја разбира и изучува оваа книга.

2) Прво вие треба да знаете дека сè што е речено во Книгата Зохар, дури и во легендите, е објаснување на десетте Сефирот, наречени КХБ (Кетер, Хохма, Бина), ХГТ (Хесед, Гвура, Тиферет), НХЈМ (Нецах, Ход, Јесод, Малхут), и нивните варијанти. Исто како и дваесет и двете букви во говорниот јазик, чии варијанти произлегуваат со цел да го разоткријат секој објект и концепт. Концептите и варијантите на концептите во десетте Сефирот се доволни да ја разоткријат сета мудрост во книгата на Небесата. Но, тука постојат три ограничувања за кои треба да бидеме многу претпазиливи и да не ги занемаруваме додека ги изучуваме зборовите на книгата.

3) Прво ограничување: во спрведувањето на учењето постојат четири категории, наречени:

„Материја“

„Форма и Материја“

„Апстрактна Форма’’ и

„Суштина“ 

Истото го има и во десетте Сефирот. Книгата Зохар воопшто не се вклучува во Суштината и Апстрактната Форма во десетте Сефирот, туку само во Материјата која е во нив или Формата која ја имаат додека се облечени во Материја.

4) Второ Ограничување: ние согледуваме три распознавања во разбирливата Божествена реалност, во однос на создавањето на душите и спроведувањето на нивното постоење:

* Ајн Соф (Бесконечноста)

* Светот Ацилут

* Трите светови наречени Брија, Јецира и Асија.

Треба да се знае дека Зохар се занимава само со трите светови, БЈА (Брија, Јецира, Асија) додека во Ајн Соф и светот Ацилут се вклучува само според степенот до кој БЈА примаат од нив. Но, Книгата Зохар воопшто не се вклучува во Ајн Соф и светот Ацилут.

5) Трето ограничување: во секој свет од БЈА постојат три распознавања:

* Десетте Сефирот, кои ја претставуваат Божественоста која свети во тој свет;

* Нешамот (души) Рухот (дух) и Нефашот (живот) (1) на луѓето;

* Остатокот на реалноста, во нив, е наречен „ангели“ „облеки“ и „палати“ и нивните елементи се немерливи.

Имајте на ум дека иако Зохар ги објаснува деталите во секој свет, треба да се знае дека суштината на зборовите во Зохар секогаш се насочува кон душите на луѓето во тој свет. Другите распознвања се објаснуваат само со цел да се познае примањето на душата од нив. Зохар не споменува ниту еден збор што не се однесува на примањето на душата. Така, треба да се научи сето она што е претставено во Зоахр, во однос на примањето на душата. Овие три ограничувања се многу сторги и доколку читателот не е претпазлив и ги извади работите надвор од контекстот, тој веднаш погрешно ќе ја сфати работата. Заради таа причина јас сметам дека е неопходно да се прошири знаењето во однос на овие три ограничувања, на начин на кој би биле разбирливи за секого.

6) Вие знаете дека постојат десет Сефирот, наречени: Хохма, Бина, Тиферет и Малхут и нивниот корен Кетер. Тие се десет бидејќи Сефира (ед. од Сефирот) Тиферет содржи шест Сефирот наречени Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах, Ход, и Јесод. Запомни го ова за потребата на моментот кога велиме дека има десет Сефирот ХБТМ. Воглавно тие ги сочинуваат сите четири света АБЈА, бидејќи светот Ацилут е Сефира Хохма; светот Брија е Сефира Бина; светот Јецира е Сефира Тиферет; и светот Асија е Сефира Малхут. Поединечно не само што секој свет има десет Сефирот – ХБТМ, туку и најмалиот елемент во секој свет ги има овие десет Сефирот - ХБТМ.

7) Десетте Сефирот ХБТМ, Зохар ги споредува со четири бои:

Бела за Сефира Хохма; црвена за Сефира Бина; зелена за Сефира Тиферет; црна за Сефира Малхут.

Тоа е налик на огледало на кое има четири стакла обоени во четирите горенаведени бои. Иако Светлината во него е една, таа додека патува низ стаклата е обоена и се претвара во четири вида на Светлини: бела Светлина, црвена Светлина, зелена Светлина и црна Светлина. Така, Светлината во сите Сефирот е едноставна Божественост и единство, од врвот на Ацилут до дното на Асија. Поделбата во десетте Сефирот ХБТМ е заради садовите, (келим), наречени ХБ ТМ. Секој сад, Кли (ед. од Келим) е налик на дел, преку кој Божествената Светлина патува кон примателите. Заради таа причина се смета дека секој сад ја бојадисува Светлината со друга боја. Садот Хохма во светот Ацилут, пренесува бела Светлина, што значи безбојна. Тоа е така затоа што садот од Ацилут е налик на самата Светлина и Светлината на Создателот не трпи промени, додека поминува. Ова е значењето на она што е запишано во Зохар во однос на светот Ацилут: „Тој, Неговиот Живот и Самиот Тој се Едно.“ Така, Светлината од Ацилут се смета за бела Светлина. Но кога патува преку садовите од световите Брија, Јецира и Асија, како што патува преку нив кон примателот, Светлината се променува и затемнува. На пример, црвената Светлина е за Бина, која е Брија; зелената Светлина е наменета за Тиферет кој што го претставува светот Јецира; и црната Светлина е наменета за Сефира Малхут, што го претставува светот Асија.

8) Во дополнение на горенаведеното, постои многу важно укажување во алегоријата со четирите бои. Горните Светлини се нарекуваат Сефер (книги), како што е запишано во „Книга на Создавањето“, поглавје 1, дел 1:, „Тој го создал Неговиот свет во три книги: книга, автор и приказна.“ Откривањето на мудроста во секоја книга не е во нејзината белина туку во боите, во мастилото, од каде што произлегуваат буквите во книгата кои укажуваат на варијантите на мудроста и како доаѓаат до читателот. Во книгата постојат три вида на мастило: црвено, зелено и црно. Светот Ацилут, кој е Хохма, е целиот во Божественост, налик на белото во книгата. Ова значи дека во него ние воопшто немаме воспримање, туку целото откровение во кнгата на Небесата е во Сефирот Бина, Тиферет и Малхут, кои се трите светови БЈА, и тие се сметаат за мастилото во книгата на Небесата. Буквите и нивните комбинации се појавуваат во трите  гореспоменати вида на мастило и само преку нив Божјата Светлина се појавува на примателите. Во исто време, ние мораме да забележиме дека белото во книгата е првичниот субјект на книгата, додека буквите претставуваат „предикати“ на белото во книгата. Така, доколку не било белото, не би било возможно постоењето на буквите и сите манифестации на Хохма (мудрост) во нив. Слично, светот Ацилут, кој е Сефира Хохма, е првичниот субјект на манифестацијата на Хохма која се појавува преку световите БЈА. Ова е значењето на: „Со мудрост Ти си ги создал сите.“

9) Погоре, во третото ограничување ние рековме дека Зохар не говори за самиот свет Ацилут, бидејќи тој се смета за белото во книгата, туку тој говори во однос на просветлувањето, кое произлегло од него, во трите светови БЈА. Тоа е така бидејќи тие се налик на мастилото на два начини, буквите и нивните варијанти во книгата: или трите БЈА го примаат просвтлувањето на светот Ацилут во нивните места, во кое време Светлината многу се намалува бидејќи поминува преку Парса под светот Ацилут, сè додека не опадне до степен на обично просветлување во садовите од Ацилут. Или на начин на кој световите БЈА се издигнуваат над Парса до местото на Сефирот: Бина, Тиферет и Малхут од Ацилут. Во тоа време, тие го облекуваат светот Ацилут и ја примаат Светлината во местото каде што свети.

10) Сепак, алегоријата и лекцијата не си одговараат бидејќи во книгата на мудроста, во овој свет, обете - и белото и мастилото во буквите - се безживотни. Откривањето на мудроста, која тие ја предизвикуваат, не е во нивната суштина, туку таа е надвор од нив, во умот на човекот кој анализира. Но, во четирите светови АБЈА, кои ја претставуваат книгата на Небесата, сите Светлини во духовните и телесните реалности се протегаат од нив и се претставени во нив. Така, вие треба да знаете дека белото во нив, што претставува темата во книгата, е самата научена работа, додека трите бои на мастилото ја расветлуваат таа тема.

11) Овде ние ги проучивме четирите начини на воспримање, кои се претставени погоре во првото ограничување: Материја; Форма, облечена во Материја; Апстрактна Форма; Суштина.

Сепак, јас прво ќе ги објаснам, преку употреба на опипливи примери од овој свет. На пример, кога велиме дека некоја личност е силна, искрена или измамник и.т.н. пред нас се појавуваат следните работи:

1. Неговата Материја. Тоа значи неговото тело;

2. Формата која ја облекува неговата материја - силна, искрена или измамничка;

3. Апстрактната форма. Ти можеш од материјата на таа личност да ја одделиш формата на силен искрен или измамник, и да ги проучуваш овие три форми необлечени во материја или тело, што значи да се испитаат атрибутите на силата, вистината и измамата, и да се види нивната заслуга или незаслуга, додека тие се лишени од супстанца.

4. Суштината на личноста.

12) Без материјата ние воопшто немаме воспримање во четвртиот вид, суштината на самата личност. Ова е така бидејќи нашите пет сетила и нашата фантазија ни даваат само манифестација од делата на суштината, но не и од самата суштина. На пример, сетилото за вид ни нуди само сенки од видливата суштина, бидејќи таа е формирана спротивно од светлината. Слично, сетилото за слух е сила на удирање на некоја суштина во воздухот. Воздухот кој е одбиен од таа суштина, го удира тапанчето во нашето уше и ние слушаме дека во наша близина има некоја суштина. Сетилото за мирис делува така што воздухот кој произлегува од суштината влегува во нашите ноздри и така ние мирисаме. Исто така, сетилот за вкус е резултат од спроведувањето на некоја суштина која ја осетиле нашите нерви. Така, сето она што ни ги нудат овие четири сетила се само манифестации од делата кои призлегуваат од некоја суштина, но ништо не спознаваме за самата суштина. Дури и сетилото за допир, најакото од сите сетила, кој одделува топло од ладно и меко од тврдо, сите овие работи се само манифестации на делувања во суштината; тие само укажуваат на случувања во суштината. Тоа е така затоа што топлото може да се излади; ладното може да се стопли, цврстото може да се претвори во течност, преку хемиски процеси, додека течноста може да се претвори во пареа, гас, каде што секое распознавање во нашите пет сетила е недоволно. Сепак, во него постои суштината, бидејќи пареата повторно можеш да ја претвориш во течност, и течноста во цврсто. Петте сетила нам воопшто не ни ја откриваат суштината, туку само случувањата и манефистациите на делувањата од суштината.

Познато е дека она што не можеме да го достигнеме, не можеме да го замислиме; а тоа што не можеме да го замислиме никогаш нема да се појави во нашите мисли и ние немаме начин тоа да го воспримиме. Така, мислата воопшто нема воспримање во суштината. Но, ние дури не ја познаваме ниту нашата суштина. Јас знам и чувствувам дека зафаќам простор во светот, дека сум цврст, топол, дека мислам и други такви манифестации на делувањето на мојата суштина. Но доколку ме прашате за мојата суштина, од која произлегуваат сите овие манифестирања, јас не знам што да ви одговорам. Вие гледате дека самата Мисла нè спречила од достигнување на каква било суштина. Ние ги достигнуваме само манифестациите и приказите на делата кои призлегуваат од суштината.

13) Ние имаме целосно воспримање во првиот начин, на Материја, што значи манифестација на делата кои се манифестираат од секоја суштина. Ова е така бидејќи тие доволно ја објаснуваат суштината, која престојува во супстнцата на таков начин, така што ние не страдаме од недостиг на достигнување на самата суштина. Таа не ни недостасува нам, исто како што не ни недостасува шести прст на раката. Достигнувањето на материјата, што значи манифестацијата на делата на суштината, е сосема доволна за секоја наша потреба и учење, за достигнување на нашето постоење и на сè што постои надвор од нас.

14) Вториот начин, Форма облечена во Материја, е задоволително и јасно достигнување бидејќи ние го стекнуваме преку практични и вистнски експерименти. Сето наше вишо, потпирливо знаење произлегува од ова распознавање.

15) Третиот начин е Апстрактна Форма. Откако еднаш е откриена формата, додека е затворена во некоја материја, нашата фантазија може да ја направи апстрактна во однос на материјата и да ја восприми, без оглед на супстанцата. Така се појавуваат доблестите и добрите квалтети во книгите за морал, каде што зборуваме за својствата на вистината и лагата, гневот и стравот итн. кога тие се лишени од материја. На нив им препишуваме заслуги или незаслуги дури и кога се апстрактни. Треба да се знае дека овој трет начин е неприфатлив за мудрите, бидејќи е невозможно да се потпираме на тоа, затоа што тоа е испитано додека не е во материја, и така може да има грешка. На пример: да земеме некој со идеалистички морал, што значи некој кој не е религиозен. Заради неговото силно вклучување во заслугите на вистината, додека е во апстрактна форма, тој може да одлучи дека дури и доколку може да спаси луѓе од смрт со тоа што ќе ги излаже, дури и целиот свет да умира, тој не би можел да каже намерна лага. Ова не е гледната точка на Тора, бидејќи ништо не е поважно од спасување на животи (Јома, 82а). Навистина, доколку некој ги изучува формите на вистина и лага, кога тие се облечени во материја, тој ќе ги разбере само според степенот на штетата и користа која ја предизвикуваат кон материјата. Со други зборови, после многуте ужаси низ кој поминал светот, многу рушење и штета што ги предизвикале луѓето кои мамат со нивните лаги, и големата корист која ја донеле искрените луѓе со тоа што се воздржувале и изговарале само вистини, работата е подредена така да ниедна заслуга не е поважна од квалитетот на вистината, и не постои таков квалитет како лагата. Доколку тоа го разбрале иделаистите, тие сигурно би се согалсил со погледите на Тора, и ќе увидат дека лагата која спасува дури една личност од смрт е поважна од целата заслуга на апстрактниот квалитет на вистина. Така, воопшто нема сигурност во тие концепти од третиот вид, апстрактините форми, а уште помалку со апстрактни форми кои никогаш не облекле субстанца. Таквите концепти се само залудно потрошено време.

Продолжи >>>

     
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели