Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Разговори со Д-р М. Лајтман на разни теми

Овде се опфатени разговори помеѓу Д-р М. Лајтман и психолози, социолози, научници и др. на различни теми како што се реалноста, интегралноста, воспитанието, семејството, образованието, економија и други теми од секојдневието.

Интегрално општество: утопија или реалност?

„Интегрален свет“, емисија 1, 26 ноември 2012г.

Во разговорот учествуваат Д-р Михаел Лајтман и Валерија Хачатурјан – д-р по филолошки науки, од 2004 г. до 2011 г. главен научен соработник, раководител на Центарот за теорија и компаративна историја на цивилизациите при Институтот за сеопшта историја на РАН, главен научен соработник во секторот за општествено-културолошки процеси и ситеми при Рускиот институт за културологија

Повеќе...
 

Од серијата „Нов живот“ - Бр. 8

„Светлина на крајот од тунелот“ – „Нов живот“ №8, Емисија 5 јануари 2012 г.

Егоизам: граници на растот

Прашање: Вие често го спомнувате поимот егоизам. Понекогаш го оценувате како позитивен фактор на нашиот развој, додека понекогаш кажувате, дека сме премногу егоистични и мора да го намалиме нашето самољубие. Како тоа да се усогласи?

Одговор: Човекот е единствено суштество, во кое егоизмот секојдневно сè повеќе се развива, од година во година, во текот на целиот негов живот, а исто така и од генерација во генерација. Притоа, сите ние сме многу различни според формите на нашиот развој, кој нема сличен на него во животинскиот, а уште помалку во растителниот свет. Всушност, во тоа треба да се гледа позитивниот фактор, како и во секоја природна појава. Меѓутоа, човекот е склон тоа да го употреби за своја корист, а на штета на другите, и ние мора да го сопреме таквиот развој на настаните. Како? Преку воспитание: ние нагледно му покажуваме на човекот, дека на крајот на краиштата тоа нема да му донесе корист. Затоа што опкружувањето не се согласува да ја трпи штетата од неговите дејства, и затоа на крајот, тој си прави штета себеси. Значи, нашето его претставува позитивна сила, добра особина, со чија помош ние се развиваме. Некогаш, за да го прехранам моето семејство јас бев принуден тешко да работам од утро до мрак на парче земја, истовремено водејќи грижа за овците, кравите и кокошките. Денес, благодарение на егоистичкиот прогрес, ние користиме машини, биолошки инжинеринг и земјоделски технологии, и всушност доволно е да работам два часа дневно, за да си обезбедам храна, облека, покрив над глава и сè друго.

Бројот на луѓето на Земјината топка достигна седум милијарди, и продолжува да расте. Затоа, доволно е луѓето да работат еден или два часа дневно – со тоа тие ќе го снабдат човештвото со сè што е потребно, и сигурно нема никого да го остават подолу од границата на сиромаштијата. Секое семејство ќе има живеалиште, пристоен доход, облека, греење, безбедност, здравје, пензии, одмор, образование на децата – сè што му е потребно на човекот за обезбедување на неговите основни животни потреби. Ние можеме тоа да го направиме. Досега напред нè водела силата на егоизмот, за што нека му е чест и слава. Благодарност и на нашата желба за тоа, што нè побудувала да се развиваме. Меѓутоа денес работата стигна до таму, што ние можеме да го искористиме својот потенцијал за создавање на бомби, за тотална власт на човекот над човек, народот над народ. Ние веќе се плашиме од утрешниот ден, се уништуваме себеси, ја уништуваме Земјата и т.н. Затоа дојде време да се напипа границата: до која граница нашата растечка желба претставува добро, и од кој момент почнува да преовладува негативот. И тогаш ние гледаме: целиот проблем е во тоа, како да се искористи желбата. Ако јас ја насочувам во корист на ближните – таа сигурно ќе биде за добро. Во тој случај јас ќе ја применувам мојата желба само до одредена граница – додека тоа е добро за светот. А на светот му е добро, кога тој престојува во рамнотежа со природата, кога не зема премногу од неа, кога остава ресурси за следните генерации, кога не ја загадува Земјата, лишувајќи се од вода за пиење и чист воздух. Значи, постои инструмент, со чија помош ние можеме да се насочиме кон доброто, наместо кон злото. Тој инструмент е – намерата за добро на ближниот.

Да речеме, мојот дом изобилува со добра, голем број апарати, направи и др. Исто така, имам син кој расте. Јас издвојувам за него посебна соба, и ја уредувам така, детето да нема од што да падне, да не се удри на острите ќошиња, и да не може да се повреди со што и да е. Му носам само безбедни играчки – меки или од пластика, подот го покривам со килим. Кратко речено, јас создавам за синот „обвивка“, која ќе му обезбеди сигурен и успешен развој. А подоцна, колку повеќе тој разбира, колку поправилно ги употребува сите средства, толку повеќе јас му дозволувам – бидејќи сум сигурен, дека тие работи тој ќе ги употреби за негово добро. На ист начин треба да се подготвуваат и членовите на општеството за правилна примена на ресурсите – но не заради лична корист, туку за добро на другите. Бидејќи ние сфаќаме, дека егоизмот нè поведе по непожелен пат. Наместо да бараме добра примена на неопходните работи, ние развиваме средства за вооружување, бараме можност да доминираме еден над друг. Затоа ќе нè спаси само воспитанието, кое ќе им даде на луѓето намера за добро на ближниот, за полза на околината. Тогаш секој ќе може правилно да гради однос, и да се реализира себеси во правилна насока. Каде тогаш се протега границата, која го одделува добриот егоизам од лошиот? Тоа секој човек ќе го одредува сам, согласно со нивото на добиеното воспитание. Постепено ние мора да му покажуваме примери на добриот развој, за тој да се поткрева над својот егоизам, сè додека не научи правилно и сигурно да управува со него, за доброто на сите.

Егоизам: да се скроти, но да не се ликвидира

Всушност, растечката егоистичка желба би можела да биде корисна за нашето напредување, кога таа би се равивала не само заради личната корист, туку и за доброто на околината. Сфаќајќи го тоа, ние „би се држале за раце“, за да не му дозволиме на нашиот егоизам да нè раздели. И тогаш сите негови импулси, што раѓаат во нас ралични желби и барања, би носеле само добро на општеството. Дали е тоа возможно? Од историјата гледаме, дека не е можно. Напротив, растечкиот егоизам постепено се претворал во планина на омраза, завист, страсти, суета и огромна амбиција. На крајот денес се најдовме во длабока криза: ние имаме сè, но имаме  лош однос еден кон друг, и затоа не можеме да воспоставиме добри закони. Нашиот живот е лишен од комфор, нам ни е лошо, имаме проблеми со безбедноста и зравјето, со својата конкуренција ја уништуваме природата, и т.н. Употребувајќи го својот егоизам за зло, ние инстинктивно тоа не го контролираме, и затоа животот предизвикува во нас сè полоши чувства. На таков начин Природата со нејзините закони двојно се однесува кон нас: од една страна таа го развива во нас егоизмот, а од друга страна, ни покажува дека оваа лоша сила, што постојано расте во нас, ги разединува луѓето, ги спротивставува еден на друг, претставува причина на сите наши несреќи. Токму заради таа лоша сила ние добиваме казни. Во мене сега постојат два спротивни фактори: од една страна, исконска побуда да го ставам моето добро над доброто на другите, да си угодувам себеси на нивна сметка, за да чувствувам задоволство; од друга страна, задоволството јас не го достигнувам – напротив, заради таа сила на развојот се уништува општеството, науката, образованието, културата, личниот живот и т.н. Што може во врска со тоа да се направи? Да ли сме способни да ја промениме формата на примена на нашиот егоизам? И ако е така, тогаш преку што?

Природата е единствена сила, која влијае врз целата реалност, која нè затвора во власта на единствениот закон за соединување, сомилост и љубов, законот за давање. Ние гледаме како Природата ги активира сите свои делови на неживото, растителното, животинското и човечкото ниво. Оттука произлегува поимот за животот, развојот: тој е невозможен ако постојано не додаваме од себе топлина, храна – сè што ќе затреба. Тогаш, како во Природата да го најдеме она, што не го наоѓаме во нас – силата која ќе го скроти нашиот егоизам, и ќе ни овозможи да го искористиме за добро? Поентата не е во тоа, да се спуштиме од скалилото на големи егоисти, - зошто токму егоистичката мотивација, егоистичкиот импулс ни овозможува да се развиваме. Благодарение на прогресот, денес ние можеме да си дозволиме голем број работи, надвор од постојаната трка, наменета да си обезбедиме храна, домашна благосостојба, облека и здравје. Ние сме слободни во нашиот живот, имаме време дури и за одмор, кој можеме да го посветиме на активностите за добро на општеството. И кога веќе егоизмот ни донесе такви достигнувања во науката и техниката – ајде да видиме како може да го искористиме за добри цели, како да го смириме, т.е. да го пренасочиме од омраза кон ближниот, во љубов кон ближниот. Притоа ние ќе го задржиме сето добро од нашиот живот, и ќе можеме да се развиваме понатаму во сите сфери, нека се тоа семејство, образование, култура, здравје, и т.н. Ние ќе напредуваме, ќе го освојуваме космосот, но со добро – само ако сфатиме како да ја контролираме нашата егоистичка природа, за какви цели да ја употребиме. А таа треба да се употребува за доброто на околината, општеството. Денес секој ја гледа сопствената корист; ние пак, мора да му додадеме на човекот нова способност – да го има предвид општеството во целост. Тогаш тој ќе се почувствува исто, како што се чувствувал пред илјадници години во своето село, каде што сите биле браќа. Во тое време сите луѓе се грижеле еден за друг, бидејќи нивниот егоизам сè уште не бил развиен. Тогаш, како денес да го поткренеме човекот над егоизмот, тој повторно да ги восприма другите луѓе како браќа, како едно семејство? Дали тоа е возможно? Како да се имплантира во нас тоа знаење, тоа чувство, тие да дејствуваат инстинктивно, наместо да се надминуваат, што практично е невозможно?

Каде е лекот, кој ќе ми овозможи да го гледам светот преку „интегрални“ наочари и да видам, дека сите се единствени? Не сум знаел и немав идеја, но примив таблета и сега гледам, дека сите седум милијарди – се дел од мене, мои блиски. Згора на тоа: ако денес јас се правам важен, го кревам носот пред блиските, - во иднина ќе почувствувам потреба да се грижам за нив, во најмала мера како за лично за себе, дури како за моите деца, чија среќа за мене е поважна од мојата среќа.

Каде е пилулата, со чија помош секој ќе поправи само едно нешто – својот однос кон околината, кон целото човештво? Наоѓајќи го лекот, ние сигурно ќе го продолжиме развојот, без оглед на сегашната криза, која нè стопира во сите области. Денес ние како да влеговме во ќорсокак, или се изгубивме во пустината, не знаејќи каде да одиме. Токму тогаш мора да се замислиме каде да земеме сили за да ја скротиме својата природа, и да ја искористиме цела во спротивна насока. Денес јас инстинктивно го држам на правецот за сопствена корист, и сакам да го потчинам целиот свет на мојата власт, иако од тоа не излегува ништо добро, и јас само страдам. Значи, треба да се промени тој однос во спротивен – јас да се грижам за доброто на ближните, околината, кои инстинктивно ги воспримам како мои деца. Ако на сите им се даде таков лек, светот ќе се наполни со љубов.

 

Од серијата „Нов живот“ - Бр. 1

„Единствен заемно поврзан огранизам“

Од серијата „Нов живот“ Бр.1, 27 декември 2011 г.

Радосни маки на раѓањето

Наближуваме до времето, кога голем број луѓе ќе ја изгубат работата. Веќе сега во светот има 200 милиони невработени, а во текот на следната година нивниот број катастрофално ќе се зголеми. Тие луѓе претставуваат проблем лично за нив, за општеството, за владата – од депресиите до крвавите револуции и војни.

Повеќе...
 

Од серијата „Нов живот“ - Бр. 2

За неопходноста да се придржуваме на законите на природата

Всушност, кризата се случува во ова семејство, кое се нарекува човештво. Ако ги средиме односите меѓу нас – тогаш целокупниот живот ќе се среди. Постојат зачудувачки истражувања, кои говорат, дека ако човештвото почне да се однесува еден со друг, како во семејство, тогаш и природата, климата, другите природни појави – исто така ќе се вратат во нормална состојба.

Повеќе...
 

Од серијата „Нов живот“ - Бр. 3

„ Во пресвртната точка на еволуцијата“„Нов живот“№3, 29 декември 2011 г.

Гледајќи ги нашите деца, ние забележуваме дека тие многу побрзо од нас се снаоѓаат во сите иновации , како да се родиле веќе подготвени, со разбирање и особини, потребни за воспримање на современиот свет. Малото дете моментално го совладува мобилниот телефон, компјутерот, сите современи уреди. А ако јас имам потреба да совладам некој нов уред, ги молам моите деца за помош. Тие подобро знаат како кон тоа да пристапат, небаре се родиле веќе прилагодени на таа нова природа на нештата. Се создава впечаток, дека сите тие се „индиго-деца“ и долетале од друга планета.

 

Од серијата „Нов живот“ - Бр. 9

„Театар на новиот живот“ – „Нов живот“ №9, Емисија 6 јануари 2012 г.

Без цел невозможно е да се преживее

Постојат два нивоа на самоисполнување:

Слично на сите претставници од животинскиот свет, јас сакам да добивам насладување од храната, сексот и семејството. Јас сакам да се наполнувам со богатство, почести и знаења. Богатството и почестите можат да се стекнат само со помош на околината. А стремежот кон знаењата веќе се однесува на природата во целина. Желбите што лежат над животинското ниво, се однесуваат на човечкото скалило. И тоа исто така претставува егоизам: јас сакам да добивам максимално задоволство и наоѓам за тоа сè повеќе можности. Значи, во мојот егоизам има дел под наслов „зла склоност“. Станува збор за такво самоисполнување, кога јас ги потиснувам другите. Можеби ние меѓусебно се искористуваме комфорно и добронамерно. Тоа се случува во семејството, тоа се случува меѓу саканите, кои заемно дејствуваат заради обострано задоволство. Тука целата работа е во соединувањето – на пријателите, сопрузите и т.н. Ова исто претставува искористување на ближниот, но не е на негова штета. И затоа таква желба, таков егоизам не претставува зло.

Меѓутоа, ако јас излегувам од семејството во светот, и насилно сакам да си обезбедам насладување – тоа веќе претставува зла склоност. Затоа што јас сакам да се насладам без да водам сметка за ближниот, или правејќи му штета. И тука постои цел спектар на можности. Јас може да добивам насладување едноставно без да се грижам за ближниот, или пак токму заради тоа, што му причинувам штета намерно. Генерално, ако јас сакам да се насладувам, чувствувајќи дека ближниот страда заради мене, - тоа се нарекува „зло“. Во ова спаѓа и потенцијалното страдање на ближниот, кое може да биде предизвикано од мојата рамнодушност. На пример, јас направив банкарска измама, и им украдов од повеќе луѓе по еден долар. Никој не знае ништо, а јас имам во раце огромна добивка, со која се насладувам.

Но можеби јас се насладувам уште и со фактот, дека намерно ги информирав за тоа што се случило, и со тоа ги понижив. Значи, постои многу широк спектар на моите заемни односи со околината: од рамнодушност до интерес со негативен предзнак. Ако, како на раководител, мене ми е сеедно за тебе, јас давам само општи упатства на твоја сметка. За мене ти претставуваш машина со одреден КПД (коефициент на полезно дејство). Но, ако јас те приметувам, тогаш за мене си личност, на која сакам да ѝ наштетам заради мое задоволство. Значи, нашата зла склоност се развила до тој степен, што веќе целото човештво се насладува токму со правење штета на своето опкружување. Пред двеста години, во почетокот на индустриската ера, луѓето биле едноставно игнорирани. Никој не ги гледал интересите на работниците, во очите на индустријалците тие биле бесправни ништожници. Денес воопшто не е така: интелектот, знаењата, умешноста, професијата на човекот – сето тоа има вредност, се земаат предвид. Во својот развој сме дошле до степен, кога секој претставува нешто. Соодветно на тоа, мојот егоизам сака да се насладува со супериорноста над другите, со умешноста да ги искористи. Јас се насладувам со тоа, што се возвишувам над тебе. Тоа е одлика на максималниот развој на злата склоност.

Поентата веќе не е во тоа, да се збогатиш. Што, ако сум богат? Кој знае за тоа, освен мојата банка? И затоа јас купувам раскошна кола, јахта, вила...Пријатно ми е да ги потиснувам, понижувам, омаловажувам другите, додека парите како пари веќе не ми носат наполнување. Не е случајно, што во богатите држави поголем е процентот на самоубиствата по глава на жител. Човекот доаѓа до крај, немоќен да извлече задоволство од потиснувањето на другите, и својата супериорност над нив. Она што нè движело кон развојот, денес нè втерува во ќорсокак. Злата склоност веќе не ни прави задоволство. А ако не се насладувам со тоа што се возвишувам над другите, - јас не можам повеќе да се развивам, и нема за што да живеам. „Која корист од богатството и власта? Која е смислата толку да се трудам заради тоа?“ Човекот го изгубил коренот, основата, движечката сила на својот развој. Тој нема веќе зошто да оди напред. Тој не гледа светлина  ниту во збогатувањето, ниту во културата, ниту во образованието на децата, кои самите веќе ништо не сакаат. „Што биде – нека биде, каква разлика...“

Сето тоа ја отсликува нашата внатрешна состојба, длабоко обземена од безволност и немоќ. Ако порано сме сакале да бидеме богати, силни, умни, за разлика од тоа, денес ние не сакаме ништо, дури ни продолжување на родот. Сите небаре талкаат во магла. Се создаде сложена и повеќеслојна ситуација. Меѓутоа, од збирот на околностите ни е јасно, дека решението ќе го најдеме само во заемните односи на човекот со околината. Ако ги изградиме правилно, ќе можеме одлично да го средиме својот живот. И тогаш ќе добиеме нови сили, кои ќе помогнат да се справиме со немоќта и бесцелноста. Бидејќи до сега, секој од нас се движел линеарно : во својот личен развој тој одел по права линија од почетокот на светот сè до денешно време. Развивајќи се повеќе, количински и квалитативно, нашата желба нè водеше кон успеси и победи – но изненадно ние застанавме, не гледајќи зошто да го продолжиме патот. Прекинувајќи ја нашата трка, ние изгубивме интерес за неа, затоа што ја изгубивме целта. Бидејќи не се предвидува финиш – тогаш зошто ни е потребно? Ете што се случува со нас. Ние како да залутавме во пустината, во празнината, и претпочитаме да не дејствуваме. Поинаку речено, ни снема сили, заврши горивото. Оттука и очајот, кој започнал уште пред 50-60 години. Заради него потонуваат во криза и стагнираат сите сфери од нашиот живот: образованието, културата, личниот живот, и т.н. Стигнавме до граница , нашите егоистички сили повеќе нема да се  обноват. Човештвото е сериозно болно, и неговата состојба е критична, иако тоа сè уште не е крај, не е последен миг. Денес на човештвото му треба нова сила, која ќе го поведе напред. Во себе човекот нема да ја најде, бидејќи сите негови желби се истрошени. „Неродениот е посреќен од родениот“, - рекле за ова мудреците. Само во соединување со другите луѓе, човекот ќе најде дополнителни сили. Бидејќи тој има уште седум милијарди желби, од кои може да се инспирира, кои може да ги добива, на кои може да им дава, добивајќи насладување за возврат.

Прашање: Ние гледаме, како Природата нè развивала во текот на милениумите. Целиот тој процес може да си го претставиме како живот на еден човек. Во почеток таа се однесувала кон нас како кон дете: ние живеевме во племиња во добри, братски меѓусебни односи. Потоа започнал не многу пријатен период, на крајот од кој, небаре после 30-40 години живот, ние согледуваме, дека животот е лош. И сега, на средината од животот, свесни за поминатиот пат, ние застануваме пред прашање: како  болното човештво да излезе од депресија, немоќ и ќорсокак?

Одговор: Со помош на нови сили. Од каде да се земат? Својот нов живот човекот мора да го добива од околината. Тогаш тој открива, дека всушност околината е – тој, дека сите ние сме – една целина. Всушност, јас си ги враќам своите сопствени делови, кои порано ги воспримав како туѓи. Тоа во нешто е слично со раѓањето на внуците, што на бабата небаре и дава нов живот. Таа ги сака внуците повеќе од децата, - бидејќи сега тоа е единственото насладување, што може да постои во нејзиниот живот. За неа тоа навистина е нешто како лек. И кај нас имаме иста ситуација: ако човекот не добие од околината дополнителни желби, во кои ќе почувствува нови големи насладувања – работата нема да заврши со очај, депресија и наркотици. Тој ќе се сврти кон терор, ќе започне светски војни. Од немоќ ќе впадне во збунетост, не можејќи да сфати зошто живее во таков свет и со таков живот, кој е полош од смртта. За тоа е речено: „Ќе јадеме и пиеме, бидејќи утре ќе умреме“. Подобро деструктивни напади и немири - само да заборавиме на горчливото прашање: „За што ми е потребен животот?“ Денес ние гледаме само мал степен на таа безизлезност: луѓето сè  уште трагаат, не наоѓајќи мир. Но потоа ќе почнат природни, инстинктивни пароксизми, чија манифестација ќе бидат војните. Сега засега, без огледа на веќе насобраното осознавање на злото, ние сме во релативно мирна состојба – и тоа ни дава можност да се погрижиме за нашата болест.

 

Од серијата „Нов живот“ - Бр. 10

„Гледаме напред, а не надолу“ – „Нов живот“ №10, Емисија 8 јануари 2012 г.

Гледаме напред, а не надолу

Ние треба да сфатиме, дека ни е подготвен добар, прекрасен развој. Наспроти нашиот деструктивен егоизам, ние добиваме додаток на мудрост – и тие две сили во нас можат да ни помогнат во нашето напредување. Тука се појавува можност да сфатиме, во што е нашиот слободен избор. Тој се наоѓа точно на средина меѓу тие две сили. Од една страна, ние имаме „лоша“ сила, а од друга страна, добра, разумна сила, наменета да ни помогне. Бидејќи ние сме – луѓе, многу ја цениме и ја почитуваме мудроста. Значи, меѓу лошата природа и мудриот разум, ние можеме да го пронајдеме вистинскиот пат, кој е добар за нас, а исто и за неживата, растителната и животинската природа, т.е. за екологијата. Тогаш ќе стапиме во општа хармонија со сите форми на животот, со општата Природа. А тоа значи, дека сите страдања, кои ги доживуваме, - всушност се покана за активирање на нашиот слободен избор, и правилна, избалансирана употреба на двете сили, што ги поседуваме.

Моќта на разумот ни овозможува да го скротиме нашиот егоизам и правилно да го контролираме. Тој не треба во никој случај да се уништува, како што тоа го практикуваат различните техники и верувања. Ние треба да сфатиме, дека во Природата не постои зло. Само во случај ако не ја употребуваме позитивната сила, негативната се претвора во зло. Затоа, треба само да научиме да ја применуваме. Не треба да судиме за резултатите според фазата што одминала. Речено е: „Не му покажувај на глупавиот половина работа“. Со други зборови, нема зошто да тагуваме на средината од патот – бидејќи со тоа стануваме слични на глупавите. Напротив, ние треба да ја согледаме тековната слика во нејзиното устремување кон целта и да сфатиме, дека секоја фаза од патот е потребна за достигнување на таа прекрасна цел. Таа ни свети оддалеку, и ние се приближуваме кон неа, сè повеќе поправајќи го својот живот. Навистина ни е предодредена добра иднина. И затоа не треба лошо да се однесуваме кон природата, себеси и другите. Не треба да се поставуваат неоправдани барања и поплаки, не смее неосновано да се критикува, презира, мрази. Треба да се сфати, дека сите ние ги поминуваме фазите на овој процес, и мора меѓусебно да си помагаме, како луѓе, кои се изгубиле во пустината и не можат да излезат од таму без заемна помош. Токму заемната поправка, заемната помош ќе нè одведат кон прекрасната цел.

Мозаик на желби

Во секој од нас има три вида на желби:

1. Телесни, карактеристични и за целата животинска природа. Ние сакаме да се одржиме во најдобра форма, да се облекуваме, заштитувајќи се од невремето, да бидеме чисти, здрави, да имаме храна и сè што му е потребно на телото, да си дозволиме одмор – кратко речено, да се одржиме  живи и здрави. На животинското ниво функционира инстинктот за самоодржување.

2. Човечки, егоистички желби. На тој начин ние се развиваме над животинската природа – посакувајќи власт и слава, стремејќи се да се возвишиме над другите. Овие желби припаѓаат само на човечкиот род. Кај животните тоа не постои. Тука обично се укажува, дека животните меѓусебно се јадат. Меѓутоа, со тоа тие не сакаат да му наштетат на ближниот, не сакаат да се возвишат и да владеат со другиот, не ја мачат својата жртва. Тие ја јадат само за да се прехранат. Такви инстинкти им дала природата. Лавот, кој ја јаде срната не и причинува зло, туку само ја извршува вградената во него заповед на природата. Меѓу нив не постои омраза – едноставно сè е така наредено. И ние постапуваме на сличен начин со животните, кои ги одгледуваме за колење, - без секаква омраза кон нив. Нам ни е потребна храна, и тука нема што да се прави. Обично се трудиме да причиниме што помала болка на оние животински видови, кои ги употребуваме како храна. И само во човечките меѓусебни односи секој го употребува својот егоизам. Јас цело време ја гледам тревата на соседот, неговата кола, ги споредувам неговите деца со моите, неговата плата со мојата... Само така јас го мерам насладувањето, наполнувањето во мојот живот.

Во врска со ова постојат многу интересни статистички податоци. На пример, луѓето претпочитаат да заработуваат помалку, ако нивната плата е сè уште поголема од платата на соседот или колегата, и не согласуваат на покачување на платата, ако другите добијат повеќе од нив. Затоа што ние се проценуваме со споредување. Токму во споредувањето со другите ние проверуваме колку добро ни е нам. Поинаку речено, јас го оценувам својот живот не според состојбата на телото, туку според состојбата на личноста – колку таа е повисоко од другите. Такви желби се карактеристични само за човекот, додека животното не се споредува себеси со другите, нему му е потребно само да ги задоволи своите природни импулси. Значи, сите човечки желби се лоши, бидејќи бараат од нас да бидеме поефикасни, повеќе почитувани, повисоко од другите.

3. Над телесните и човечките желби се наоѓа желбата, насочена кон науката, кон мудроста. Таа исто е карактеристична само за човекот. Јас сакам да знам зошто и со која цел живеам, како поминува мојот живот, како функционира природата, што се случува во околината, како едното е поврзано со другото... Мене ми се допаѓа скриената во природата логика, мудрост, која ние постојано ја истражуваме. Во реалноста, јас се наоѓам во некоја сфера, под наслов „природа“ и полека „делкам“ од неа парченца на информација, а потоа го проверувам собраниот материјал. Токму тоа е мојата „наука“. Утре јас ќе откријам нови закони на природата. Дали тие постојат денес? Се разбира дека постојат, само што јас не сум доволно умен, за да ги откријам. Чекор по чекор, развивајќи ја науката, ние откриваме сè понови закономерности, својствени на природата. Значи, ние сме составени од три вида на желби: животинска, човечка и научна. Во сите луѓе на светот овие желби прават различни комбинации. Едниот повеќе го привлекува науката, другиот – богатството или силата, а на третиот му е сосема доволен обичниот живот: фудбал, лименка пиво – и не го боли глава за ништо. Секој е посебно уреден, нема ниту добри, ниту лоши, во секој човек се присутни сите три вида на желби, и тој тежнее кон оние, коишто доминираат над другите.

На таков начин ние се движиме по животот: секој во општеството го зазема она место, кое е соодветно на неговата комбинација на особините. Луѓето, кои се грижат само за потребите на телото, како правило, го сочинуваат поголемиот дел од општеството – и ние тоа го гледаме. Луѓето, што се стремат да стекнат власт и моќ, ги има помалку – и тие се движат нагоре, останувајќи сепак во општеството, за да добиваат од него насладување. Значи, ако во мене преовладуваат телесните желби, јас го користам она, што се наоѓа во околината, на исто ниво со мене. За разлика од тоа, ако центарот на гравитација на моите желби се наоѓа во човечките особини, тогаш јас сакам да се возвишам над целото човештво, сакам да стекнам власт над луѓето, да бидам посилен, поумен, подобар, поуспешен од нив. И на крајот на краиштата, ако ме привлекува науката, тогаш јас се стремам да се кренам и над животинските, и над човечките желби – кон желбите, што повикуваат да ја сфатам природата, да видам зошто и со каква цел сè е така уредено. Јас тежнеам кон филозофијата, кон мудроста, мене веќе не ми е важно со што се хранам, јас не се споредувам себеси и своето богатство со другите, јас можам да се затворам во своето ќоше со малку храна и речиси да не контактирам со другите луѓе. Важно ми е да изградам врска нагоре – кон законите на универзумот. На крајот, различни луѓе наоѓаат за себе во општеството занимања што им одговараат, на соодветен начин градејќи го семејството, опкружувањето и начинот на живот.

Рамнотежа во сè

Самата теорија на еволуцијата укажува на тоа, дека нашиот развој е потчинет на закономерноста, а не на случајноста. И нека сè уште не сме ги изучиле тие закони, сепак веќе можеме да го забележиме општиот тек на настаните. Засега не ни е јасно каде тој води, меѓутоа со метод на апроксимација, ние заклучуваме, дека тој е устремен кон рамнотежата. Слично на тоа како природата е урамнотежена на сите нивоа, и ние мора да дојдеме на крајот до рамнотежа на човечкото скалило. Природата ги урамнотежува многубројните параметри: топлото и ладното, разликата во притисоцоте, ветровите и ураганите, ерупцијата на вулканите... На крајот, природата се урамнотежува себеси, вклучително и човековото скалило. Само ете што е интересно: човекот треба самиот да се урамнотежува. Во нас постојат и добри и лоши сили, и за да не дојде работата до експлозија, дадена ни е науката, чии што знаења ќе ни озвозможат да воспоставиме рамнотежа меѓу тие сили во нас. Користејќи ја лошата сила и силата на разумот, ние ќе можеме да ги согласуваме, и во хармонија да се движиме напред. На животинско ниво тоа означува, дека ние мора да дојдеме до избалансирана потрошувачка, и да се погрижиме целиот свет да дојде до истото. На човечкото скалило, во човечкото општество сите ние мора да бидеме рамноправни, како браќа во едно семејство. На нивото на научните знаења, ние мора да се стремиме кон спознавање на општиот закон на реалноста. На таков начин, задржувајќи ја рамнотежата на материјалното, телесно ниво, на човечкото ниво и на на скалилото на спознавањето, ние ќе дојдеме до совршена состојба, слично на јаболкото што созреало.

Рамноправност, што е неподнослива

Ние мора да доведеме во рамнотежа две сили: силата на разумот и силата на нашата зла склоност. Нашите желби се делат на неколку пластови. Долу лежат желбите од неживото ниво (материјал, од кои се состои телото), растителното ниво (тоа што расте: коса, нокти, коски) и животинското ниво (сите други физиолошки елементи). Покрај тоа, јас имам разум, кој лежи над животинското ниво, и лоша сила – мојот егоизам. Од тие делови е составен човекот. На неживото, растителното и животинското ниво јас нема што да поправам. Еднствениот проблем, заради кој ние ги расипуваме меѓусебните односи со другите луѓе – е нашата лоша природа, егоизмот. Со тоа во принцип се согласуваат сите. Во најлош случај, човекот не го признава злото во себе, туку го префрлува на другите, на човештвото. Во секој случај, човекот поседува огромни способности и може прекрасно да си го среди животот на Земјата. Зошто тогаш тој не го прави тоа? Што му пречи? Му пречи сопствениот егоистичка градба: сите свои сили и богатства тој сака да ги употреби за да се возвиши над ближниот. На крајот, сите учествуваат во тој натпревар, стремејќи се да се возвишат себеси или да ги уништат другите, или и едното и другото истовремено. Така злата склоност ни пречи да изградиме добар живот. Дали можам да си замислам како е да се живее под власта на добрата склоност? Затоа што таа значи општ стандард за сите. Дали е возможно да бидам како сите? Тогаш со што ќе се насладувам? Кога сите се еднакви, тогаш нема големи и мали – и со тоа се губи смислата на постоењето. Денес нашиот живот врие, ние постојано се стремиме кон нешто. Секој пат јас потсвесно правам пресметка, проверувајќи колку ги надминав другите, - и тоа му дава вкус на мојот живот, ме поттикнува на достигнувања, ме тера да бидам активен... Насекаде се води натпревар, ние си конкурираме еден на друг, и споредувајќи се со другите, јас, всушност го мерам тонусот на својот живот. Ако пак, сите се еднакви, тогаш јас не чувствувам дека живеам.

Прашање: Со што ние ќе се наполнуваме? Зарем Природата сака да направи од нас марионети?

Затоа што ако сите сме браќа, тогаш сите имаат исто, сите се еднакви. И тогаш јас не чувствувам зошто треба да живеам. Постои ли уште некоја цел? Јас во својата тековна состојба не ја гледам. Секогаш секој се обидува да се реализира на свој начин: да речеме, јас во областа на науката, ти во публицистиката, а тој во образованието. Но на крајот, секој сака да се изолира, да се издвои од другите. Токму таа потреба нè поттикнува кон развој. Да речеме, невољите на кризата ќе ни помогнат да сфатиме како да го урамнотежиме целото општество. И ете, сите сме избалансирани, сите еднакви. На кој начин да ја наполнам онаа голема празнина во мене, која бара да бидам повисоко од другите? Со што ќе ги надминам? Ситуацијата во светот е таква, што доволно е да работиме по два часа дневно, - и ние во ништо нема да чувствуваме недостаток, само ако не се обидуваме да се возвисиме еден над друг. Сите имаат нормален живот. Со што да се наполнам? Што да правам во преостанатото време? Затоа што од оваа слобода можам да спобудалам. Зарем Природата нè води токму кон тоа?

Токму тука доаѓаме до нејзината друга страна – до заемна соработка против егоизмот. Ние го употребуване егоизмот, само на обратен начин – не да се возвишуваме над другите, туку секој да се поткрене над своето самољубие и да дојде во рамнотежа со другите. Во текот на работата, егоизмот постојано расте, и јас го користам за да се задржам на исто ниво со опкружувањето. Тогаш добивам задоволство од тоа, што посилно се приврзувам кон другите, затоа што мојот егоизам пораснал, што значи јас можам повеќе да им давам, да ги доведувам во поголемо единство и рамнотежа – и тогаш да се насладувам со тоа што воспоставив со нив потесна поврзаност. Колку повеќе сум поврзан со нив со помош на мојот поправен егоизам, толку ми е попријатно. Јас имам сад, во кој го примам тоа задоволство, - заедничкиот сад, кој го присоединувам кон себе. Од тоа јас добивам задоволство, наречено „заемна љубов“. Така доаѓам до наполнување, многу поголемо од она што го добивам денес, ако успеам барем во нешто да го надминам другиот. И само правилна примена на сите основни принципи ми овозможува да постигнам успех.

Егомобил: кој го управува?

Јас треба да ги урамнотежам во себе двете сили: разумот и злата склоност. Потребно ми е научно, рационално да сфатам, дека постојат само две можности: или јас ќе ја користам науката и разумот во интересите на мојата зла склоност – за произведување на бомби и др., или ќе го користам разумот во работата над злата склоност, поправајќи ја, наместо зло, да се соединам со ближниот во добро и да средам сè на најдобар начин, живеејќи во доверба и заемна гарација.

Прашање: Зошто тогаш ние говориме за рамнотежа? Бидејќи во овој случај, разумот доминира над злата склоност.

- Тоа е точно, но не станува збор за рамнотежа со злата склоност, туку за нејзино искористување за постигнување на рамнотежа со човечкото општество, со Природата. Употребувајќи ја злата склоност, т.е. желбата, јас само ја претворам во добро. Целото зло јас, напротив, сакам да го искористам за добро. Насекаде во Природата правилниот раст, правилниот развој се состои во балансирањето на двете сили: добрата и лошата. Нивното усогласување доведува до расцут. Со што можам да ја избалансирам лошата сила, својот егоизам, кој ми го уништува животот? Потребно ми е нешто спротивно и еднакво на него. Мојот разум е токму тоа. Ете зошто над телесните и човечките желби лежи стремежот кон знаењата, науката, со чија помош јас можам да го урамнотежам тој дел од мене, кој се однесува на човечкото скалило.

Прашање: Што во случај, ако јас немам посебна наклонетост кон науките?

- Таа постои во секој. Секој има рационална способност да му се спротивстави на својот егоизам.

Прашање: Значи разумот треба да биде некој вид на возач на „егомобилот“?

- Точно. На начин, на кој јас ќе доминирам над своето его и ќе го насочувам кон правилен развој. А правилен развој значи, дека сите сме еднакви, сите сме соединети, сите сме браќа – и кон тоа се стремиме. Разумот е способен да ме насочува. Токму активниот разум ме прави човек, а не турбулентниот егоизам. Но наместо тоа, токму со помош на нашиот разум нашиот егоизам избувнува во вид на атомски бомби и други негови изуми. Затоа, уште Аристотел и Платон предупредувале, дека не смее да им се даваат знаења на безобзирни луѓе, т.е. на такви, во кои доминира злата склоност, бидејќи тие неправилно ќе го употребат потенцијалот на разумот и научната мисла. Знаењата може да му се дадат само на оној, кој сака да доминира над својата склоност. Ние не го послушавме тоа предупредување – и ете, денес дојдовме до толку гадна ситуација. А до сега сме оделе по патот на егоистичкиот развој, поддржувајќи го со целата наша наука. Но дојде време да станеме свесни за тоа што се случува, и да почнеме да се развиваме на спротивен начин – рационално, осознавајќи го своето зло. Затоа што мудриот однапред го гледа „новороденчето“, т.е. дестинацијата, добрата состојба, која ние треба да си ја поставиме за цел. И тогаш одеднаш ќе откриеме, дека злата склоност – е помош „напротив“. Таа небаре дејствува против целта, но нè снабдува со гориво и енергија, нè стимулира за развој, и тоа само во насока кон доброто. Да ја претвориме злата склоност во добра, можеме со помош на науката, преку анализа на она што е за нас добро, а што е лошо. Целиот наш слободен избор се состои во тоа, правилно или неправилно да го искористиме својот потенцијал.

Науката во служба на егоизмот

Ние треба правилно да го употребуваме нашиот егоизам – да го претвораме во добро. Тоа се однесува на секоја област од нашите активности. Затоа што реално во Природата нема позитив и негатив – сè зависи од тоа како ја користиш. Некогаш, пред сто илјади години, ние бевме браќа. Живеевме во шума, сè што имавме беше заедничко, сè беше добро: никој не сметал дека е погоре или подолу од другите. Потоа почнал да расте нашиот егоизам, и заедно со него - разумот. Тогаш почнавме да го користиме разумот во служба на егоизмот. Ако во нешто успевав, тогаш се одделував од своето племе и дејствував сам: на пример си градев поубава куќа, земав повеќе жени, стекнував стока... На таков начин, во мене почнале да се засилуваат егоистичките пориви да бидам повисоко од другите. И јас почнав да ги реализирам, применувајќи го целокупниот свој арсенал на рационалност, сите свои способности, за да се воздигнам над другите. Работата одела понатаму: кога другите немале што да јадат, јас им предлагав храна во замена за ропство, и тие се согласувале, за да на умрат од глад. Станувајќи кнез, јас ги собирав моите поданици во мала армија и одев во напад на соседите, присвојувајќи ги нивните луѓе и имот, според правото на посилниот. И ете, веќе сум цар... Секој пат јас го користев својот разум, своите способности, својата умешност за однесување со луѓето – го користев, за да се возвишувам над нив. И така постапуваа сите сè до денес, секој според големината на своите сили и можности. Оние, што сум ги освоил, исто си ја наоѓале својата намена: некој станувал лимар, некој – столар и т.н. Така секој се движел напред, а јас – над нив, и сите ние го формиравме човешкото општество. Во него секој го користи својот разум за достигнување на посакуваното –да се издвојува од другите, да доминира над другите и т.н. Разумот секогаш му слугувал на егоизмот. Егоизмот – е стопан, а разумот – негов верен помошник.

Потоа, во античко време, разумот и науката добиле дополнителен моќен поттик. Токму тогаш Платон со Аристотел рекле, дека не смее да се пренесуваат научните знаења на несовесни ученици, бидејќи тие ќе им најдат неправилна примена. Ќе развиваат нови видови на оружје, а исто така секакви системи, што овозможуваат да се задржи власта над луѓето, - и тоа ќе им наштети на сите. Меѓутоа тоа предупредување не било послушано. Точно, во почетокот науката навистина речиси не била предмет на трговија, но со текот на времето сепак тоа се случи. Затоа што и научниците се стремеле кон богатство, моќ и слава. Исто така и опремата вреди многу пари. Да речеме, за да се гледаат ѕвездите, потребен е телескоп. Научникот ја продава својата мудрост за пари, за да направи за себе инструмент што му треба. Така биле поткопани научните основи: научникот го користи телескопот, а некој друг ги користи неговите знаења. Нарачателот не ги гледа ѕвездите, тој го насочува окуларот кон своите непријатели, ги гледа оддалеку, добива предност и ја започнува војната. Како последица на тоа, науката се претвори во слугинка на злата склоност. Подоцна владетелите поедноставно постапувале: тие барале од научниците конкретни резултати, заканувајќи им се со смрт, или пак напротив, отварале универзитети, за да обучуваат специјалисти за своите потреби. Кратко речено, науката почнала со сите сили да го опслужува човечкиот егоизам. Тоа продолжува и денес. Каде оди најголемиот дел од научниот потенцијал, мозоци, пари, ресурси? На развивање на оружјето. Всушност, треба да биде спротивното.

Ние денес не треба да работиме толку многу часови секој ден. Доста, и можеме да се ограничиме. Всушност кризата веќе нè води кон тоа. А тоа значи, дека треба да спроведеме целосна пресметка, ревизија, анализа на самите нас, на нашата природа, нашиот живот и примената на нашиот егоизам како зло. Ајде да се потрудиме напротив, да го претвориме во добро. Мудар е оној, кој ги гледа резултатите однапред, пред да се судри со нив лице в лице. Јас ја развивам науката, за да ја проценам ситуацијата во развојот. Да речеме ако сум се разболел, тогаш однапред го гледам проблемот, и ја спречувам болеста во почетната фаза, додека таа сè уште може да се излечи. Тогаш како навремено да ја здогледаме провалијата, кон која се приближуваме, движејќи се по истиот пат? Како да го најдеме лекот, кој ќе ни овозможи да живееме мирен живот? Токму во тоа е проблемот. Така што, истата таа наука, треба денес да ни обезбеди разбирање и чувствување на кризата со илустративни примери за она, што со нас се случува, и кон што води нашиот развој. Таа порака мора да биде толку емотивна и поткрепена од толку силна позиција на околината, за да не посакам да го употребам своето зло во односите со ближниот, за да сфатам: доброто на ближниот – е и мое добро. Бидејќи сите се подготвени да ме проголтаат. Како да направиме од нив добри луѓе? Со што да ги купиме? Што да им дадеме, за да се однесуваат добро кон мене? Веќе сега гледаме до што ќе неè доведе понатамошното ­­­­­­­паѓање. Веќе сега не ни е потребно семејство и деца, ние ништо не сакаме и покажуваме еден кон друг тотална рамнодушност, а некогаш и отфрлање, омраза. Ако така продолжи, јас ќе се најдам во непријателски свет. И зошто ми е потребно тоа? Ајде тогаш уште сега да почнеме да ја поправаме ситуацијата.

Трка над провалијата

Веќе денес може да се види мрачната иднина, која нè очекува на егоистичкиот пат на развојот. Некогаш имавме семејства, деца, живеевме со браќата и сестрите, со родителите, и сè било во ред. Денес, пак, ние не сакаме никого покрај нас, човекот одвај се трпи себеси, или зема дрога, за да се исклучи од себеси... Векторот на нашето движење е сосема јасен. Јас не можам да излезам на улица со сигурност, дека ништо нема да ми се случи. Насекаде има силување, хулиганство, моето дете се плаши да оди на училиште, бидејќи таму го тепаат, таму цвета трговијата со дрога и проституција. И јас не сакам детето да оди таму, но друг излез нема.

Прашање: Вие кажавте, дека човекот ја гледа тревата на соседот, неговата кола, неговата плата – и сака да има повеќе. Тоа го опишавте како негативна склоност. Но без таков пристап човекот не би се развивал...

- Работата не е во тоа, дека тоа е негативно. Проблем се појавува, ако јас сакам да го потиснам соседот. Друга работа е, ако гледајќи го него, јас учам добри работи, ако сакам и јас да го имам тоа добро, што тој го има, - тоа е добра завист. Но што ако јас напротив, не гледам смисла тешко да работам, за да се израмнам со него? „И тој нека нема ништо добро. Подобро јас ќе му го уништам животот“. Тогаш немајќи повод за завист, јас ќе почувствувам олеснување и нема да се јадосувам. Суштината е токму во тоа: како ние ја користиме нашата желба, нашата исконска склоност? Добрата завист ме турка напред, бидејќи јас сакам да растам, а лошата ми советува да го мачам ближниот. Или јас сакам сите да се богати, или сакам сите, освен мене, да бидат сиромашни. Секое нешто зависи од тоа како ќе го завртиш. Проверката е едноставна: дали јас му посакувам на ближниот добро, или зло.

Прашање: А ако тоа не е ниту за добро, ниту за лошо на ближнот, туку за моја корист?

- Тоа веќе е напредување.

Прашање: Да речеме, ја видов вашата добра кола, и посакав за мене уште подобра кола. Јас немам намера да ја оштетувам или крадам вашата кола, туку напорно работам и на крај го купувам најновиот модел. Всушност, вие за мене бевте „отскочна штица“, стимул кон успехот. Дали во ова „сиже“ има нешто, што бара поправка?

- Сигурно. Кога си ме гледал мене и си горел од желба, дали си се наоѓал во општа рамнотежа со човештвото и Природата? Токму затоа дојдовме до криза. Затоа што Природата бара од нас во следната фаза на развојот да не се стигнуваме и престигнуваме еден со друг во бескрајната трка, туку да си обезбедиме нормален материјален живот, и да се развиваме над него во човечки квалитет, во меѓусебна поврзаност, кога секој се наполнува себеси со тоа што е поврзан со другите. Човекот треба да се наполнува со љубов, наместо со скапи ултрамодерни играчки. Ние го гледаме тоа според сопствениот развој во последно време. Во оваа фаза ние веќе чувствуваме дека влеговме во ќорсокак, дека нема каде понатаму да се развиваме. Ми здодеа да се натпреварувам со другите, веќе не постигнувам упех во тоа, тоа не ми носи наполнување. Светската економија и современата технологија не постигнуваат да одговорат на нашите барања. И Земјината топка не може да нè снабди со ресурси за овој бесконечен натпревар.

Програмата на Природата – не е бесмислена трка по среќата, како што таа ни изгледа денес. Создадената ситуација нè принудува да и погледнеме на вистината во очи: да се развиваме во таков формат понатаму ние не можеме. Ти размислуваш во контекст на личните интереси: „Што лошо има во тоа? Видов убава кола, и посакав да имам иста, или подобра“. Тоа навидум не е ни добро, ни лошо. Може да биде и поинаку: - јас мирно си живеев, и наеднаш соседот, наместо кобилата со запрега, купил автомобил. И ете,  јас веќе се чувствувам оштетен, од пониска класа. Излегува, дека и јас мора да заработам за купување на кола. „А можеби едноставно да го убијам соседот, за да не ми дава лоши примери, заради кои јас морам напорно да работам? Нема зошто да им го расипува животот на чесните луѓе“. Со други зборови, јас не ја гледам само колата, туку нејзиниот сопственик, и мене воопшто не ми е сеедно за него. Така или иначе, проблемот е во тоа, што Природата веќе не ни дозволува да ја водиме таа трка.

 

Од серијата „Нов живот“ - Бр. 19

Поглед на семејството од нивото на глобалната природа – „Нов живот“ №19, Емисија од 1 февруари 2012 г.

Долготрајно враќање дома

Денес се развива многу сурова криза во економијата, која ќе ни помогне да откриеме, дека со нашиот нескротлив стремеж кон богатство, власт и технички прогрес, ние сами се заплеткавме и се фативме во стапица. Ние се вртиме како верверици во тркалото во кафезот, и мора цело време да произведуваме сè повеќе и повеќе производи, од кои всушност нема никаква реална потреба. А природата, стегајќи нè сите во еден обрач, ни покажува дека треба да почнеме да живееме како едно хармонично семејство, кое има потреба само од она, што е неопходно за нормална егзистенција, и не се потребни никакви луксузи. Односно ние ќе треба да дојдеме до некое разумно, рационално ниво на потрошувачка. Се разбира, на човекот му е потребна облека, храна, здравствени услуги, безбедност, некоја работа. Но тој не мора да трча по рекламата, која заради нечија корист го убедува во неопходноста од илјадници бесмислени работи, секоја минута предлагајќи нешто ново и разгорувајќи го неговиот апетит. Некогаш на таа трка требаше да ѝ дојде крај, и веќе сега почнува да се чувствува како во целиот свет се намалува производството. Како резултат на тоа, голем број луѓе ќе ги изгубат работните места и ќе бидат исфрлени надвор. Бројот на невработени изнесува милиони и постојано расте од ден на ден ширум светот. И оваа тенденција ќе продолжи.

Јас мислам, дека тоа ќе се одрази на кризата во семејството, предизвикувајќи обратен процес. Затоа што жената ќе почне полека да се враќа во домот. Мажот исто ќе поминува дома повеќе време. Нивниот живот ќе стане посреден, ќе заврши оваа луда трка, во која се стремиме да го проголтаме целиот свет. И тогаш ќе видиме, дека ни се враќа желбата да живееме во семејство. Но не како што било порано, туку поизбалансирано и мирно. Човекот ќе се насочи кон својот внатрешен развој! Тој ќе живее во рамнотежа со природата. Пред сè, треба да ја достигнеме рамнотежата меѓу нас, во нашите односи, градејќи добри врски во целото општество. Ние тоа мора да го направиме, во спротивно едноставно нема да опстанеме. Но таа надворешна хармонија ќе нè промени одвнатре, ќе ни даде повеќе спокојство и трпение, и ќе нè научи како и во нашето семејство да изградиме таква поврзаност, „сите престапи да ги покрие љубовта“. Тогаш ќе можеме да станеме потрпеливи еден кон друг и ќе научиме да живееме така, што секој во семејството ќе биде слободен, но истовремено поврзан со сопругот. Во такво семејство ќе посакаме да имаме деца, и ќе научиме како да се однесуваме кон нив, и да им дадеме правилно воспитание во духот на новото човештво.

Можеби тоа сè уште не го сфатиле сите, но стариот свет веќе го заврши своето постоење! А во новиот свет ние нема да добиваме наполнување од трката од место на место, привлечени од парите, власта и модата. Ние ќе почувствуваме каква празнина се крие зад сето тоа, а наполнувањето се наоѓа на повисоко, посовршено, возвишено ниво, кое ни дава чувство на виша хармонија. Ние ќе почнеме повеќе да ја чувствуваме внатрешната реалност, хармонијата која постои во природата – и сè благодарение на нашето соединување со другите, во заемна грижа и заемна гаранција. Никој од нас сè уште не почувствувал вистинско наполнување! Зарем некогаш можевме да се наполниме во оваа трка за богатство, слава, власт, знаења? Дали некогаш имало момент, кога си застанал и си рекол: „Ете сега сум среќен, и не ми треба ништо повеќе!“. Така не било никогаш. Ние само трчаме и трчаме без престан, но не можеме да се наполниме.

А сега ни претстои искачување на друго ниво на постоење, и разјаснување: од што може да се наслади човекот, со што тој може да се наполни? Ние ќе се наполнуваме од тоа што достигнавме правилни меѓусебни односи, бидејќи внатре во таа правилна поврзаност и интеграција, ќе ни се открие совршенството на природата. Тоа е чувство на љубов, досега непознато за нас. Јас ќе се насладувам со својот добар однос кон другиот, со својата љубов кон него, со желбата да му давам. И ако секој на таков начин се однесува кон другите, тогаш сите ќе се наполнат со тоа чувство на љубов. За тоа ќе треба само малку: само да научиме како тоа да го направиме! Ние имаме сè што ни е потребно: методика и систем на интегралното образование, способен да го обучи секого. Тоа е древна методика, која постои веќе илјадници години, но таа се открива сега, бидејќи светот дојде до таква граница, кога тоа за него станало езгистенцијална потреба.

Поглед на семејството од нивото на глобалната природа

Денес среќата на човекот зависи од неговите односи со опкружувањето, од тоа, дали тој ќе го пронајде своето вистинско место во општеството. И затоа ние гледаме, дека постепено човекот излегува од малата семејна клетка. Порано целиот живот бил поврзан со семејството, не само на жените, туку и на мажите. Мажот наутро одел во некоја фабрика, за да се врати навечер кај жената, децата, помошното домаќинство – и околу тоа се вртел целиот живот. Но еднаш таа селска идила заврши. Ние излеговме од домот во белиот свет, почнавме да патуваме, да го запознаваме светот. Од друга страна, пак, благодарение на современите средства за комуникација, тој свет почнал да влегува директно кај нас во домот. На крајот, сите ние се најдовме поврзани со индустриски, економски, финансиски односи. Кругот се затворил, и сите ние, и мажите и жените, мора меѓусебно да се соединиме, и преку таа поврзаност да се вратиме кон семејната поврзаност, но веќе на ново ниво. За таа намена секој треба да научи: каде живееме, во каква состојба, во каков свет, зошто во светот се одвиваат такви процеси, и што треба да правиме. Во каква форма природата нè движи напред, без да ни даде можност да се спротивставиме? И тогаш ние гледаме, дека треба да воспоставиме потесни врски: преку медиумите, специјалното образование. На крајот, ние повторно ќе се вратиме дома – слободни и независни, некогаш претходно излезени во јавноста, ослободени од домот и семејството, со целосно прекинати семејни врски. Ние повторно ќе се вратиме на поспокоен, поизбалансиран живот и меѓусебна поврзаност, но во друга форма. Секој од нас ќе остане слободен, и тргнувајќи од таа слобода и сфаќањето, визијата за иднината, ќе воспоставиме  поврзаност: на сите луѓе на Земјата, и внатре во секое семејство. Човекот одеднаш ќе види, дека семејството има смисла, големи предности, и дека е подобро да се живее во семејство. И тогаш тој ќе најде сопатничка, блиска по новиот дух, кој тој го стекнал благодарение на интегралното образование, и повторно ќе изгради семејство. Ние ќе почнеме да сфаќаме, што значи поврзување над сите разлики меѓу нас. Моравме да научиме да воспоставуваме врски меѓу сите земји, сите народи, чувствувајќи заемна зависност. И со исто сфаќање јас сега се однесувам со жената, која ја одбрав за сопатничка. Јас гледам, дека ние меѓусебно се разликуваме, но треба со тоа да се помирам. Ние веќе добивме соодветно образование и знаеме како да создадеме поврзаност над сите разлики. Затоа ние градиме сосема поинакво семејство: потолерантно, во кое двајцата сфаќаат зошто ни е потребно семејство, и како тоа треба да изгледа.

Ние поминуваме преку некој преоден, матен период, и повторно се враќаме во семејството, но веќе врз основа на знаењето, дека сите престапи ги покрива љубовта. Небаре инсталираме нова програма, го рестартираме  компјутерот, и почнуваме да работиме на нов начин! Тогаш ќе почувствуваме огромна добивка од раѓањето и воспитувањето на деца. Таа нема да биде материјална, туку духовна, бидејќи со тоа јас се продолжувам себеси – јас ќе почувствувам дека мојот духовен, внатрешен дел живее внатре во децата. Со соединувањето со целиот свет, ќе почувствуваме дека внатре во тие врски меѓу нас дејствуваат нови сили. Ќе ја почувствуваме следната димензија – заедничкото поле на поврзаноста, љубовта, мрежа, која функционира над времето и просторот, поврзувајќи нè внатрешно, наместо телесно. Тоа не е поврзаност на физички тела, туку соединување на желбите, душите. Тогаш ќе почувствувам дека децата, кои ги воспитувам, подготвувајќи ги за вклучување во истата заедничка мрежа, со тоа го продолжуваат мојот пат. Ќе се однесувам кон нив, како кон дејства на мојата душа, раѓајќи и воспитувајќи ги духовно. Откога ќе го поминат брзиот физички развој, неопходен на материјалното тело – да речеме, до 5-6 години, тие ќе почнат да добиваат духовно воспитание, обучувајќи се на внатрешна поврзаност со сите.

Јас ќе почувствувам, дека испраќајќи ги да се соединуваат со целиот свет, со тоа ја продолжувам својата душа. Тоа е контакт, кој постои над животот и смртта. Ние ќе почувствуваме како егзистираме во друга димензија – на ниво на вечната и совршена природа. Ние воопшто ќе престанеме да го чувствуваме материјалниот живот и смртта. Бидејќи со вклучувањето во заедничката мрежа на нашата меѓусебна поврзаност, ние се исклучуваме од чувствувањето на нашите тела. Јас почнувам да ги чувствувам другите, сите кои се наоѓаат надвор од мене, а потоа само нив, живејќи во нив. До тој степен, што јас воопшто не чувствувам, дека моето тело ми припаѓа мене. Внатре во човекот се случува психолошки пресврт, вистинска револуција, кревајќи го на ново ниво на воспримање на реалноста. Слично, како што мртвиот камен не чувствува што претставува растението, а растението не чувствува што значи да се биде животно, така и животното не чувствува што значи да се биде човек. А ние ќе се искачиме на нивото на Човек – сличен на глобалната природа.

Сојуз врз основа на сродството на душите

Прашање: Не е јасно, заради што современиот човек, кој не сака да има деца, наеднаш ќе добие таква желба?

Одговор: Токму благодарение на фактот, што ќе почнеме заемно да се соединуваме со целиот свет, создавајќи врски на љубов над целата одбивност и негирање, ние ќе почнеме да сфаќаме каква внатрешна сила се содржи во тие односи, ќе видиме колку нè наполнува давањето на други луѓе. Тогаш жената ќе посака и со мажот да постигне исти такви односи – токму со конкретниот маж, а не како резултат на случајните врски, како што се случува во денешно време. Бидејќи тогаш тие ќе можат заемно да создадат таква поврзаност, и да изградат семејство не на ниво на биолошки, сексуални односи, туку на ниво на духовна поврзаност. Во такво семејство тие ќе почувствуваат дека може да се направи дополнение на уште повисоко ниво, реализирајќи го со деца. И сето тоа како резултат на тоа, што човекот учи да се соединува со светот.

Ние секогаш живеевме егоистички: егоистички примајќи или егоистички давајќи. Но сега целиот свет доаѓа до алтруистичка поврзаност: во почеток до давање заради давање, а потоа и до примање заради давање. Ние ќе сфатиме, дека има смисла да се достигне такво примање, за да го зголемиме уште повеќе нашето давање. Се чини, дека тоа се многу високи зборови, но според брзината на нашиот развој, таа иднина многу брзо се приближува. Се разбира, тоа е невозможно да се сфати, додека човекот не се промени. Но постепено менувајќи се, ние ќе почнеме сè повеќе да го сфаќаме тоа ниво, на кое се наоѓаме, и малку повисоко од него. Мислам дека зависно од тоа како човекот ќе се поправа, станувајќи сè повеќе интегрален и поврзан со другите, однесувајќи се кон другите со љубов, давање, грижа, заемно разбирање и заемна гаранција – ќе се промени и неговиот однос кон спротивниот пол, кон животниот сопатник, кон семејната поврзаност, кон децата. Бидејќи ние уште никогаш не чувствувавме што е љубов! Ние функциониравме согласно со нашите природни инстинкти, и според нив одбиравме за себе најсоодветен пар. Но сега ние ќе се зближуваме врз основа на внатрешното чувство, откога ќе научиме да сакаме над нашиот егоизам. Природата нè обврзува да воспоставиме такви глобални односи ширум светот. Тогаш и на спротивниот пол нема да гледаме на животинско, телесно ниво, на кое семејните рамки веќе се уништиле. Ќе склучуваме семеен сојуз на повисоко, духовно ниво, и ќе градиме поинакви врски: врски на заемно давање. Во тоа заемно давање кај мене ќе се појави нов однос кон сопругата, а кај неа кон мене, така што меѓу нас ќе се создаде посебна поврзаност. А благодарение на неа, ние веќе ќе почнеме да размислуваме за деца. Тоа е апсолутно ново семејство, ние не се враќаме кон она што било, туку ја креваме нашата поврзаност од материјалното, телесно ниво – на нивото на душите, духовното. Семејството останува во ист облик: маж, жена, деца – но смислата и целта на нејзиното постоење станува сосема поинаква.

Брак според духовна пресметка

Кога би погледнал барем малку надвор од својот мал кожурец, и кога би видел каде е моето место во глобалниот свет, и како се однесувам кон целото човештво, кое како една заедничка душа поминува различни промени, приближувајќи се кон својата совршена состојба – јас поинаку би го воспримал својот живот. Не би го гледал својот личен, ситен живот на мала мравка, кој нема смисла да се земе предвид. Вклучи се во општиот, голем, глобален процес заедно со другите, и ќе почувствуваш дека се наоѓаш во бескрајниот тек на животот. А засега треба да го научиш тоа, што треба да се направи, за да се почувствува вечноста на природата – да се вклучиш во неа. И од таа висина ќе можеш да ги решиш сите твои лични проблеми.

А ако се обидуваме да ги поправиме на обичното, материјално ниво, тогаш нема да можеме да решиме ниту еден проблем. Потврда за тоа се сите очајни и неуспешни обиди да се поправи ситуацијата, преземени од страна на многу влади. Нема ниту едно друго средство да се поправи нашата лична состојба, освен интегралното образование. Затоа жената, која денес е несреќна заради фактот, што не може да си најде сопатник, да создаде семејство и да роди деца, мора да сфати, дека на таков начин природата сака да ја доведе до состојба, во која таа се вклучува во целиот свет како жена. Како последица од таквото вклучување, интегралното образование, влијанието на опкружувањето, таа ќе почне да сфаќа каква поврзаност треба да воспостави со другите. Таа ќе почне да чувствува колку добрина и заемна топлина се содржи во таа поврзаност со целиот свет. Тогаш таа ќе се запознае со соодветен маж, и тие ќе почнат да учат, како можат заемно меѓусебно да се поддржуваат, со цел да се искачат на духовното скалило и да се соединат заедно во една целина. Иако тие можат многу да се разликуваат еден од друг и да си го задржат целиот свој егоизам. Откога нивното лично воспримање ќе се промени, сè веднаш ќе се среди. Тие ќе посакаат да бидат потесно поврзани со семејна врска и да имаат деца, и сето тоа да се реализира во духовна форма. Токму духот ќе ги обврзе на создавање на семејство.

Извонредна леснотија на постоењето

Разводот денес е многу распространета и вообичаена постапка. Во текот на последните години нагло се зголеми бројот на луѓето што го раскинуваат бракот, и се намали нивната возрасна граница. Најголемиот број на бракови се распаѓа веќе во првата-втората година. Постои мислење, дека можеби бракот е надживеан? Бидејќи животот е исполнет со искушенија, и многу е тешко да се задржиш цел живот со еден човек. Жената, која има среќно семејство и деца, наеднаш чувствува, дека повеќе не го сака мажот! Тој дури може да биде добар сопруг и татко – но тоа не е важно, таа едноставно не го сака. Односно се открива природна појава, распространета меѓу голем број жени, кои наеднаш го губат чувството на внатрешна зависност, поврзаност со мажот. Такво нешто никогаш не било карактеристично за жената. Живејќи покрај мажот, жената секогаш се навикнувала на него, се приврзувала, чувствувала дека му припаѓа. И наеднаш сето тоа изчезнало, тоа е природниот резултат на развојот. Не треба заради тоа да се обвинува жената, ако тоа претставува природна појава. Пред сè, треба да ја изучиме, и потоа да видиме што да правиме во таква ситуација. Таков е резултатот на нашиот развој: ние излегуваме од животинското скалило и се искачуваме на скалилото на Човекот, сличен со глобалната природа. И бидејќи сега треба да се соединуваме со општата природа, со целокупното човештво, тоа нè исклучува од личните, поединичните врски. Природата сака да ни ги отвори очите – да нè извади надвор од рамките на семејството, за потоа повторно да влеземе внатре, но веќе на друго ниво. Секој го помни чувството на љубов, кое носи необично силни чувства, доживувања, воодушевување, исполнетост на животот, заради што вредеше да бидеме заедно, и ние одлучивме да создадеме семејство. Но потоа тоа чувство се губи. Зошто тогаш во природата постои таква состојба на заљубеност, која се губи, принудувајќи нè потоа да ја бараме целиот свој живот? Природата сака да достигнеме вистинска љубов, исклучувајќи се од животинската, егоистичка љубов, која не може долго да егзистира. Ние треба да го замениме тој инстинктивен контакт, кој се достига благодарение на природниот стремеж кон спротивниот пол, хормоните – за повеќе насочена врска.

Во обичниот живот таква врска се создава заради тоа, што ние живееме поради децата, или заедничкото домаќинство. Освен тоа, да бидеме заедно ни е удобно, бидејќи можеме да си помогнеме еден на друг, да се поддржиме во староста. Но денес треба да најдеме внатрешна, многу повисока врска. Бидејќи старите рамки веќе не можат да го задржат човекот: тој сепак може сè да остави, и да си оди. Децата пораснуваат и го напуштаат домот, и ние веќе со ништо не сме меѓусебно поврзани – го поделивме имотот и се разделивме. Тоа се забележува насекаде. И за да се сочува семејството, потребен ни е повисок стимул. Исто како што во целиот свет треба да достигнеме мир и слога, во спротивно нема да опстанеме. Но соединувајќи се со целиот свет заради безизлезност, ние наеднаш откриваме, дека главната добивка воопшто не е во материјалната благосостојба! Таа била само повод, за да нè поттурне кон воспоставување на добри односи. А во суштина, ние наеднаш откриваме, дека внатре во таа поврзаност присутно е сосема ново чувство, кое нè исклучува од материјалниот живот. Ние чувствуваме подуховен, поисполнет живот. Наеднаш ни се открива такво наполнување, какво што никогаш не сме доживеале во нашиот досегашен живот. Ние едноставно лебдиме во воздухот, чувствуваме извонредна леснотија на постоењето, и не ја чувствуваме смртта. Во почетокот јас едноставно бев принуден да се поврзам под притисок на природата. Но потоа наеднаш со чудење откривам, дека тоа се сосема поинакви односи. Јас едноставно не можев порано да претпоставам, дека на таков начин ќе добијам многу високо наполнување, повисоко од целиот овој живот. Колку и да му раскажуваш за тоа на човекот, тој нема да сфати. Затоа природата нè турка одзади со страдања, принудувајќи да се соединиме, додека не сме се уништиле еден со друг. И ние се соединуваме заради безизлезноста, за на крајот да ја откриеме целата убавина на оваа поврзаност.

Истото се случува и во семејството. Сега ние се мразиме и не се сакаме еден со друг, сакаме да се разделиме. Но кога секој од нас ќе открие во светот недостаток на љубов, потреба и желба да сака, и ќе сфати колку високо наполнување носи љубовта, тој ќе посака да воспостави исти односи и во своето семејство. Ние ќе се вратиме во семејството откога ќе научиме да го сакаме целото човештво! И тогаш ќе посакаме да достигнеме исто таква внатрешна, лична поврзаност со сопругот. Тогаш веќе нема да ни биде важно, што после одредено време ќе остариме, и ќе станеме не толку убави како порано. Ние тоа дури нема да го забележуваме. Ние ќе ја чувствуваме истата првична заљубеност, но сосема поинаку, и само откога ќе научиме да градиме внатрешни односи – соединувајќи се заради таа намена со целиот свет.

Следејќи ја во чекор природата

Проблемите на современото општество не можат да се решат со други методи, освен образованието, кое ќе го научи човекот да живее во интегрален свет, ќе му помогне да изгради врски, кои ние ги изгубивме: со децата, меѓу сопрузите, со претпоставениот на работа, со власта, со светот, со целата природа, вкучително и домашните животни. Човекот мора да се научи на надворешна поврзаност, односно небаре да излезе од себеси самиот и да почне да контактира со нешто однадвор, дури и со домашната мачка. Нашата иднина зависи од тоа како ќе научиме да градиме правилни односи меѓу нас на начин, кога секој, зачувувајќи ја својата уникатност, ќе научи да се изразува себеси внатре во општеството. Како прво, треба да престанеме да го обвинуваме животот и да негодуваме заради тоа што се случува. Сите негативни појави во општеството и семејството, кои денес ги забележуваме – се последица на нашиот развој. Треба да застанеме, да направиме пресек на денешната состојба и таа детално да се проучи, заедно со статистичките податоци. Како второ, треба да се проучи историјата, која нè доведе до оваа состојба. Од таа точка и понатаму, со добиеното знаење на историјатот и статистичкиот пресек на дадената состојба, ние продолжуваме да ја проучуваме нејзината тенденција во иднината. Треба да сфатиме, дека тој развој сеедно ќе се случи, сакале ние или не. Ако се спротивствавуваме, тогаш природата насилно ќе нè принуди да тргнеме по тој пат. Ако пак сами се насочиме кон тој развој, тогаш ќе напредуваме брзо, лесно и мудро. Исто, како што ги подготвуваме децата за животот, сега треба самите да се подготвиме за новиот живот, кој ни доаѓа во пресрет. Тоа се однесува на сите нивоа: односите во семејството, меѓу сопрузите, со децата и со целиот свет.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели