Пет нивоа во масахот
17) Ги разјаснивме првите три основни поими:
1) Ор и кли, каде што Ор е директно распространување на Светлината од Создателот, а кли е желба за примање создадена од Светлината. Во почетокот Светлината во себе ја содржи сѐ уште непројавената желба за примање, но со текот на развојот на таа желба садот (Малхут) се одделува од Светлината. Малхут се нарекува „Името Негово“ (Шмо) („Тој е Единствен и Неговот Име е Единствено“). Зборот „Шмо“ ја има истата гематрија (нумеричка вредност) како и зборот „рацон“ (желба).
2) 10 сефирот или 4 светови АБЈ"А, кои одговараат на 4-те бхинот (нивоа). Тие мора да се присутни во секое суштество. Желбата за примање, кли, се „спушта“ по овие 4 светови од Создателот и го достигнува својот целосен развој во нашиот свет.
3) Ц"А и масах, (скратувањето и екранот) на бхина Далет. Врз основа на ова се раѓа нов сад, наместо бхина Далет. Тој сад се нарекува „Ор Хозер“ - намера да се наслади Сoздателот. Од големината на намерата зависи количеството на примената Светлина.
18) Сега ќе ги разјасниме петте бхинот на екранот, со кои согласно се менува големината на кли за време на ударната интеракција со Вишата Светлина, (Ор Илијон). После Ц"А бхина Далет престанала да биде сад за примање. Наместо неа таа улога сега ја има Одразената Светлина (Ор Хозер) кој се крева од екранот како последица од ударната интеракција. Сепак бхина Далет со сета своја сила на желбата за примање мора да ја придружува Ор Хозер. Без учеството на таа сила Ор Хозер воопшто не може да биде сад за примање. Ќе се сетиме на примерот за домаќинот и гостинот (гл. п. 15). Силата со која гостинот одбивал да јаде станала сад за примање и ја има улогата на чувството на глад, кое престанало да ја врши таа функција заради чувството на срам од примањето. За време на тоа одбивање примањето всушност се претворило во давање. Сепак не може да се рече дека гостинот веќе нема потреба од обичните садови за примање, бидејќи без нив тој не ќе може да му причини задоволство на домаќинот со тоа што ќе јаде кај него. Садот (желбата за примање) со помош на одбивањето стекна нов облик – желба за примање заради давање, заради Домаќинот, Создателот. Срамот се претворил во доблест. Излегува дека обичните садови за примање продолжуваат да функционираат како и претходно, но стекнуваат нова намера да примаат не заради себе туку заради Создателот. Бхина Далет заради својата грубост која значи нејзина различност од Создателот, не може повеќе да биде сад за примање.
Но благодарение на екранот изграден во бхина Далет, кој ја удира и одбива Светлината, таа стекнала нов облик наречен Ор Хозер – обратна (одразена) Светлина, слично на трансформацијата на примањето во давање во примерот со гостинот и домаќинот. Притоа содржината на претходниот облик не се променила бидејќи и сега гостинот нема да јаде без апетит. Меѓутоа сега сета сила на желбата за примање која постои во бхина Далет се вклучува во обратната Светлина давајќи ѝ можност да биде сад. Во екранот секогаш постојат две сили: првата – кашијут е сила на одбивањето на Вишата Светлина, втората – авијут е сила на желбата на бхина Далет за примање која е содржана во екранот. После ударното комбинирање на Вишата Светлина со кашијут, тврдоста на екранот, авијут ги менува своите особини во спротивни, и примањето се претвора во давање. Тие две сили на екранот работат во сите негови 5 делови: Кетер, Хохма, Бина, Тиферет, Малхут, КаХаБ ТуМ.
19) Како што веќе рековме, првите три бхини сѐ уште не се сметаат за садови и само бхина Далет претставува вистински сад (гл. п. 5). Бидејќи овие три први бхини претставуваат причини, фази кои претходат на создавањето на бхина Далет, по завршувањето на својот развој таа ги преземала нивните особини. Тие небаре се отпечатиле во неа, создавајќи ги внатре во бхина Далет нејзините лични четири нивоа, четири нивоа на желбата за примање. Сѐ започнува од бхина Алеф, од „најчистата“, „најслабата“ желба за примање. Потоа следува бхина Бет која е малку „погруба“ и има поголема авијут од бхина Алеф, т.е. поголемо ниво на желбата за примање. По неа следува бхина Гимел која има уште поголема авијут од бхина Бет. И на крајот е бхина Далет која има најголема авијут, т.е. најголема желба за примање. Нејзината желба за примање го достигнала максималното, совршеното и завршното ниво. Треба да забележиме дека коренот (шореш) на сите овие четири бхинот кетер (а тој како што знаеме е највозвишен и се наоѓа најблиску од сите до Создателот) исто така оставил свој отпечаток во бхина Далет. Значи ние ги наброивме сите пет нивоа на желбата за примање кои се создржани во бхина Далет и се наречени: Кетер, Хохма, Бина, Тиферет и Малхут, КаХаБ ТуМ.
20) Причината заради која петте нивоа на желбата за примање кои се содржани во бхина Далет се нарекуваат според имињата на 10-те сефирот на Вишата Светлината е тоа што бхина Далет била сад за примање на таа Виша Светлина, (Ор Илијон) уште пред Ц"А („Тој е Единствен и Името Негово е Единствено“). Сите светови, целиот Универзум тогаш бил содржан во бхина Далет на директната Светлина (Малхут на Светот на Бесконечноста). Секоја бхина содржана во Малхут ги преземала особините, на соодветната на неа Бхина, од 10-те сефирот на Вишата Светлина. Бхина Шореш на бхина Далет ги преземала особините на Светлината Кетер, едната од 10-те сефирот на Вишата Светлината „се преслекла на неа“. Бхина Алеф на бхина Далет „се преслекла“ на Светлината Хохма од 10-те сефирот и т.н. Значи дури и сега, веќе после Ц"А, кога бхина Далет престанала да биде сад за примање, нејзините пет нивоа на желбата за примање сепак се нарекуваат според имињата на петте сефирот: Кетер, Хохма, Бина, Тиферет и Малхут, (КаХаб ТуМ).
21) Како што веќе учевме, материјалот на екранот се нарекува кашијут (тврдост). Тоа е слично на многу тврдо тело кое не дозволува ништо да продре внатре во неговите граници. Исто и екранот не ѝ дозволува на Вишата Светлина да продре преку него во Малхут, односно во бхина Далет. Целата Светлина наменета да ја наполни Малхут, екранот ја задржува и ја враќа назад. Петте бхинот авијут кои се наоѓаат во бхина Далет се вклучуваат во екранот соодветно на неговиот кашијут. Затоа екранот извршува пет ударни интеракции (зивугеј де акаа) со Светлината согласно со петте бхинот авијут кои ги има во него. Светлината одразена од екранот, составен од сите пет бхинот авијут, се крева назад, и целосно преслекувајќи ја во себе Светлината што доаѓа, го достигнува Изворот на Светлината, бхина Шореш. Но ако во екранот нема 5 делови на Авијут, туку има само 4 дела, тогаш неговата Одразена Светлина, Ор Хозер, ќе „види“ пред себе само 4 а не 5 делови на насладувањето. Во отсуство на бхина Далет и Гимел, 5 и 4 делови на тврдост во екранот, тој може да ја одрази Ор Хозер само до нивото на Бина. Ако во екранот има само бхина Алеф, неговата Ор Хозер е многу мала и може да ја преслече Директната Светлина само до бхина Тиферет, и ги нема Кетер, Хохма, Бина. Во случај пак ако во екранот останала само бхина Шореш на кашијут, тогаш неговата одбивачка сила е многу слаба, и Ор Хозер ја преслекува само едната Светлина што доаѓа на Малхут, додека првите девет сефирот ги нема.
22) Петте нивоа, бхинот на 10-те сефирот на Одразената Светлина, Ор Хозер, се создаваат како резултат на петте видови на зивугеј де акаа (ударната интеракција) на Вишата Светлина (Ор Илијон) со петте нивоа на авијут на екранот. Ако нема соодветен сад за примање на Светлината, таа од никој не се постигнува, не се восприма. Тие пет бхинот потекнуваат од петте бхинот авијут на бхина Далет, кои пред Ц"А биле пет садови за примање на бхина Далет, тие ги преслекувале 10 сефирот: Кетер, Хохма, Бина, Тиферет и Малхут – КаХаБ ТуМ, (гл. п. 18). После Ц"А истите пет бхинот се соединиле со петте бхинот на екранот, и со помош на Одразената Светлина тие повторно стануваат пет садови за примање наместо петте бхинот на бхина Далет, која ја вршела таа функција пред Ц"А. Сега можеме да сфатиме дека ако екранот ги има сите овие пет бхинот авијут, тогаш тој има и пет садови за преслекување на 10-те сефирот, т.е. примањето на Вишата Светлина. Ако пак му недостасува авијут на бхина Далет, тогаш има само четири садови и може да прими само четири Светлини, кои одговараат на Хохма, Бина, Тиферет и Малхут, додека Светлината Кетер тој не може да ја прими. Во случај ако екранот ја нема авијут на бхина Гимел, тогаш парцуфот со таков екран има само три сада и тој може да прими само три Светлини, соодветни на Бина, Тиферет и Малхут. Кај него ги нема Светлините соодветни на Кетер и Хохма и садовите соодветни на бхинот Гимел и Далет. Ако екранот има само две нивоа на авијут – Шореш и бхина Алеф, тогаш тој има само два сада соодветни на Светлините Тиферет и Малхут. Излегува дека кај таквиот парцуф недостасуваат три Светлини – Кетер, Хохма и Бина, и три сада соодветни на бхинот Бет, Гимел и Далет. Во случај пак екранот да има само авијут на бхина Шореш, тогаш тој има само еден сад со една Светлина – Светлината Малхут. Останатите Светлини – Кетер, Хохма, Бина и Тиферет и Малхут ги нема. Значи големината на секој парцуф зависи само од големината на авијут (дебелината) на екранот. Екранот кој има авијут на бхина Далет создава парцуф на сите пет нивоа – вклучително до Кетер. Екранот кој има авијут на бхина Гимел создава парцуф на четири нивоа – до Хохма и т.н.
23) Но треба уште да разјасниме зошто, кога го нема садот малхут недостасува токму Светлината Кетер, а кога го нема уште и садот Тиферет, недостасува уште и Светлината Хохма и т.н. На прв поглед сѐ би требало да биде обратно – ако екранот нема авијут на бхина Далет и сад Малхут, тогаш навидум мора да ја нема Светлината Малхут (Нефеш). Ако пак ги нема двата сада – бхина Гимел и бхина Далет, навидум би требало да ги нема Светлините Тиферет и Малхут.
24) Работата е во тоа што постои обратна зависност меѓу Светлините и садовите – во парцуфот прво се создаваат и растат вишите садови, почнувајќи од Кетер, потоа следува садот Хохма и т.н., сѐ додека не дојде редот до Малхут.
Затоа ние ги нарекуваме садовите согласно со редоследот на нивниот раст: Кетер, Хохма, Бина, Тиферет и Малхут (КаХаБТу"М), одозгора надолу. Светлините пак обратно, - прво долните Светлини влегуваат во парцуфот. Најдолната Светлина е Нефеш, Светлина која треба да се наоѓа внатре во Малхут, потоа Светлината Руах (Светлината на Зеир Анпин) и т.н. сѐ додека не дојде редот до Јехида. Затоа ние ги нарекуваме Светлините по следниот редослед: Нефеш, Руах, Нешама, Хаја и Јехида (НаРаНХа"Ј) одоздола нагоре, согласно редоследот на нивното влегување во парцуфот. Кога парцуфот има само еден сад, а тоа може да биде само садот Кетер, тогаш во него не влегува прво Јехида, која треба да се наоѓа внатре во него, туку Нефеш, најдолната Светлина. Кога кај парцуфот се појавуваат два виши сада – Кетер и Хохма, тогаш во парцуфот влегува и Светлината Руах. Светлината Нефеш излегува од садот Кетер и се спушта во садот Хохма, а Светлината Руах влегува во садот Кетер. Кога кај парцуфот се појавува третиот сад – Бина, тогаш Светлината Нефеш излегува од садот Хохма и се спушта во садот Бина, а Светлината Руах се спушта во садот Хохма и Светлината Нешама влегува во садот Кетер. Кога кај парцуфот се појавува четвртиот сад – Тиферет, тогаш во парцугот влегува Светлината Хаја и тогаш Светлината Нефеш се спушта од садот Бина во садот Тиферет, Светлината Руах – во садот Бина, Светлината Нешама – во садот Хохма, а Светлината Хаја во садот Кетер. И кога кај парцуфот се појавува петтиот сад – Малхут, во тој парцуф навлегува Светлината Јехида. И тогаш сите Светлини се наоѓаат на своите места, бидејќи Светлината Нефеш излегува од садот Тиферет и се спушта во садот Малхут, Светлината Руах се спушта во Тиферет, додека Светлината Нешама во садот Бина, Светлината Хаја во садот Хохма, а Светлината Јехида во садот Кетер.
25) Сѐ додека не заврши формирањето на сите пет келим во парцуфот, нивните пет Светлини не се наоѓаат на своите места, згора на тоа, тие се распоредени во обратен распоред. Во отсуство на кли малхут во парцуфот нема Светлина Јехида, а во отсуство на двата сада малхут и тиферет, ги нема Светлините Јехида и Хаја. Тоа е заради фактот што првин се раѓаат светли, чисти садови, од Кетер до Малхут, но во нив првин влегуваат слаби Светлини, почнувајќи од Нефеш. И секоја нова Светлина влегува задолжително во садот кетер, бидејќи секое примање на Светлина се случува во најсветлите садови. По пристигнувањето на нова Светлина во садот Кетер, претходната Светлина која престојувала во садот Кетер пред тоа, се спушта во садот Хохма. Кога има масах на садот Хохма, во Кетер влегува Ор Руах, а Ор Нефеш се спушта во садот Хохма.
При понатамошното засилување на екранот се формираат садовите: бина, тиферет и малхут, и преку кетер последователно поминуваат Светлините: Нешама, Хаја и Јехида исполнувајќи ги сите келим(садови). Сите Светлини ги исполнуваат местата соодветни на нив: Нефеш во малхут, Руах во тиферет, Нешама во Бина, Хаја во Хохма и Јехида во Кетер. Запомни го ова правило за обратната зависност на промените на Светлините и садовите и тогаш секогаш ќе можеш да разликуваш дали во определениот контекст се зборува за Светлините или за садовите, и тогаш нема да се збуниш. Ги разјаснивме петте бхинот (нивоа) на екранот и како соодветно на нив се создаваат нивоата (скалилата).
Пет парцуфим на светот Адам Кадмон
26) Го разјаснивме поимот масах (екран) кој бил изграден после Ц"А на кли малхут, т.е. на бхина Далет, а исто така и петте видови зивугеј де акаа кои се случуваат на тој екран и создаваат пет нивоа на 10-те сефирот, едно пониско од другото. Сега ќе ги разјасниме петте парцуфим на светот Адам Кадмон (А"К), кој претходи на четирите светови АБЈ"А. Веќе знаеш дека Ор Хозер која се крева како резултат на зивуг де акаа одоздола нагоре, ги преслекува 10 сефирот на Вишата Светлина – тоа е доволно само за создавање на „корените“ зародишите на идните келим, наречени 10 сефирот де рош. За да се заврши создавањето на келим, малхут де рош се проширува на тие 10 сефирот од Ор Хозер кои се преслекле на 10 сефирот де рош. Малхут се распространува одозгора надолу согласно со големината на нивото на 10-те сефирот де рош. Како резултат на тоа се завршува создавањето на келим, наречени „гуф“ (тело) на парцуфот (гл. п. 14). Значи, во парцуфот секогаш има два вида на 10 сефирот: рош и гуф.
27) По раѓањето на првиот парцуф на светот Адам Кадмон, веднаш после Ц"А бхина далет престанувајќи да биде кли за примање на Вишата Светлина, добива поправка во вид на екран. И се спуштила Виша Светлина да се преслече во кли малхут согласно на нејзината природа. Но масах кој стоел пред кли малхут ја одразил и ја вратил кон Изворот. Како резултат на таа ударна интеракција Ор Хозер се кренала до нивото кетер на Вишата Светлина и таа Ор Хозер станала преслека и зачетоци на келим („шоршеј келим“) за 10-те сефирот на Вишата Светлина кои се нарекуваат 10 сефирот де рош на првиот пацуф на светот Адам Кадмон. Понатаму, користејќи ја силата на 10 сефирот де рош, малхут де рош заедно со Ор Хозер се проширила и се распространила одозгора надолу, создавајќи притоа внатре во себе нови 10 сефирот кои претставуваат вистински, завршени келим. Сето она што во рош постоело само во потенцијал, сега конечно се пројавило и се формирало во гуф. Така завршило создавањето на рош и гуф на првиот парцуф на светот Адам Кадмон.
28) По ова повторно се случи ударна интеракција со масахот поставен во кли малхут, но овој пат во неа отсуствувала бхина далет. Масахот сега има само четири келим: кетер, хохма, бина и тиферет. Затоа следниот парцуф на светот А"К излегол на едно ниво пониско од парцуфот Галгалта – на нивото хохма – и тој парцуф се нарекува А"Б. Ор Хозер во овој случај ги преслекува само четирите Светлини НаРаНХ, додека петтиот дел, Ор Јехида ја нема.
Во масахот на третиот парцуф ги нема бхинот Далет и Гимел. Затоа тој излегол на едно ниво подолу од парцуфот А"Б, т.е. на нивото бина, и во него ги нема Светлините Јехида и Хаја. Во споредба со првиот парцуф тој е понизок за две нивоа, а во споредба со вториот – за едно. Тој се нарекува Бина или СА"Г. Потоа се случил зивуг де акаа на масах со авијут алеф и се формирал рош и гуф на нивото тиферет, со Светлините Нефеш и Руах, додека Светлините Јехида, Хаја и Нешама ги нема. Во овој парцуф ги нема келим далет, гимел, бет, затоа ги нема и соодветните на нив Светлини. Овој парцуф се нарекува Тиферет, или М"А. Последниот, петти парцуф излегол на авијут шореш со Светлината Нефеш. Тој се нарекува парцуф Малхут или парцуф БО"Н.
29) Значи го разгледавме формирањето на петте парцуфим на светот А"К , наречени Галгалта, А"Б, СА"Г, М"А и БО"Н, каде што секој нареден парцуф е понизок од претходниот за едно ниво. Притоа тоа ниво кај претходниот парцуф било највисоко. На пример на парцуфот А"Б му недостасува Ор Јехида, на парцуфот СА"Г му недостасува Светлината Хаја, која ја имало кај претходниот на него парцуф А"Б. На пацуфот М"А му недостасува Светлината Нешама. Нивото на секој парцуф зависи од дебелината на екранот на кој е направен зивуг де акаа (гл. п. 18). Меѓутоа ние не разјаснивме што е причината за намалувањето на дебелината на екранот при формирањето на новиот парцуф.
Продолжува кон 30-42та точка