Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

102. И земете си плод од цитроновото дрво

 Слушнав на Ушпизин (гости) кај Јосеф

Речено е: „И земете си плод од цитроновото дрво...“ (Хадар, Ец Хадар). Праведникот се нарекува „дрво кое дава плодови“. Во тоа е целата разлика меѓу светоста и нечистата сила, за која се вели: „Туѓиот бог е неплоден и нема да даде плодови“, додека праведникот се нарекува „цитрон“, затоа што неговото дрво дава плодови во текот на целата година.

Затоа е запишано за Јосеф дека „тој ги снабдувал со продукти сите народи“, односно сите ги хранел со плодовите кои ги имал, а тие немале плодови. Од тоа секој ја чувствувал својата состојба – на која страна се наоѓа: дали од добрата или од нечистата. Затоа е речено дека Јосеф „ги хранел сите со леб според бројот на децата“.

„Деца“ (таф) се нарекува нивото ГАР, во тајна од реченото: „тие да бидат трага (тотафот) меѓу очите твои“, што значи тефилин на главата. Затоа Јосеф се нарекува син на остарени родители, умен син. И во тоа е суштината на зборовите: „Бидејќи за поддршка на животот, (Месија) сум испратен јас“, што значи Светлината од Хаја, односно нивото ГАР.

И за ова е запишано (Берешит): „Јас ти давам над браќата твои еден имот (Шехем), кој го земав Јас од рацете на Емореј со мечот Мој и со лакот Мој“ (неговите синови добиле два дела, а „имотот“ означува еден дел над тоа, како што објаснува Раши).

Значи, го зел со помошта на своите синови (а „синови“ се нарекуваат плодовите) и го дал на Јосеф. Затоа е речено за Саул: „За глава повисоко (ми-шхемо) беше тој од целиот народ“, што значи: „Ти имаш облека, затоа и ќе ни бидеш глава“.

Затоа е речено: „Зошто доаѓаат децата? За да ги наградиш оние кои ги довеле“. И прашал: „А зошто им е мудрост? Нели најважно не е расудувањето, туку дејствието?“. И одговорил: „За да ги награди оние кои ги довеле“, односно мудроста доаѓа со помош на дејствието.

Што се однесува на спорот меѓу Саул и Давид, кај Саул немало ниеден недостаток, бидејќи „поминала година по неговото стапување на престолот“, немало зголемување на неговото царство и затоа тој завршил сè за кратко време. Давид пак, требало да владее четириесет години. Тој бил од коленото на Јехуда, синот на Леја – „скриениот свет“, додека Саул бил од коленото на Бенјамин, синот на Рахела – „откриениот свет“ и затоа бил спротивен на Давид. Ете зошто Давид рекол: „Го сакам светот“, односно моите освојувања се наменети за сите и јас ги сакам сите – „а тие водат кон војна“.

Исто така и Авишалом бил спротивен на Давид. Во тоа е суштината на гревот кој го извршил Јеровоам, синот на Нават, кога Создателот го фатил за половината и му рекол: „Јас и ти и синот на Исав (односно Давид) ќе прошетаме во Рајската Градина“, а тој прашал: „Кој ќе оди на чело?“. Создателот му одговорил: „Синот на Исав ќе оди на чело“ и тогаш тој одговорил: „Не сакам!“.

Работата е во тоа што според редоследот на нивоата на почетокот оди „скриениот свет“, а потоа „откриениот свет“. Во тоа е смислата на реченото: „Јас имам сè“ (како што рекол Јаков) и „Јас имам многу“ (како што рекол Исав), бидејќи „многу“ го означува нивото ГАР, а „сè“ го означува ВАК. И за ова е запишано: „Како ќе се издигне Јаков, кога тој е мал!?“. Затоа Јаков го избрал првородството кај Исав и потоа добил „сè“, имајќи го исто така и нивото ГАР, што кај него дошло преку Јосеф, како што е запишано „и ги хранел Јосеф сите“.

Затоа за Леја е речено дека била „омразена“, бидејќи од неа произлегува целата омраза и раздорите, кои биле меѓу „учениците на мудреците“, односно кабалистите. И во тоа е суштината на спорот на Шамај и Хилел. На крај тие две гранки се соединуваат, односно коленото на Јосеф и коленото на Јехуда. Затоа Јехуда му рекол на Јосеф: „Дозволи ми, Господару мој“ (исто така значи и: „во мене Господару мој“), после што се појавува сојузот на Јехуда и Јосеф, но Јехуда треба да биде на чело.

Затоа светиот Ари, кој бил Месија на синот на Јосеф, можел да открие толку многу мудрост, бидејќи имал дозвола од „откриениот свет“, а спорот трае уште од времето кога „се судирале синовите во утробата нејзина“ (Исав и Јаков), затоа што Исав добил убави облеки, кои ги имала Ребека.

Следна статија бр. 103 „Благонаклонет во срцето“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели