Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

103. Благонаклонет во срцето

Слушнав вечерта во Сабота на Берешит (октомври 1942 г.)

Речено е: „Од секој кој е благонаклонет во срцето донесете Ми дар“ (Шмот. Трума), а „самиот предмет што е на дар доаѓа од светоста“. Одовде се гледа дека човекот со помош на светоста, на поправањето на себеси, доаѓа до „дарување“, искористување на својот егоизам со намера „заради Создателот“ (кон својството на Светата Шхина, која се нарекува „Дарување на Мене“). И ако го достигне тоа, така што ќе може да го насочи кон тоа целото свое срце, жртвувајќи го целосно, тогаш се удостојува на изврши „дарување“ – целосно да се соедини со Создателот (со Светата Шхина).

Исто така е речено: „На денот на свадбата, на денот на неговата веселба“. Хатуна (свадба) доаѓа од зборот „нахут“ (понижен). Доколку човекот ја прими врз себе работата за Создателот дури и во најпонижена форма и истовремено ја извршува таа работа со радост, затоа што таа е важна во неговите очи, тогаш тој се нарекува хатан (оженет) за Шхина, каде што зборот „хатан“ произлегува од зборот „понижен“, односно согласен за работа во секакви понижувачки услови, затоа што е важна работата, а не како изгледа таа во неговите непоправени очи.

Следна лекција бр.104 „Штетникот се криел во потопот“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели