Слушнав на маса на втората вечер од Рош ХаШана (15 ти септември 1947 г.)
Мудреците говореле дека дури и празнината во човекот е исполнета со заповеди, како зрнца со кои е исполнета калинката. „Калинка“ (римон) доаѓа од зборот „големина“, „ издигнување“ (ромемут), што значи „над знаењата“. Тогаш „дури и празнината во тебе е исполнета со заповеди“, а степенот на исполнетост е во согласност со способноста да се оди над знаењата и тоа се нарекува издигнување. Празнината пак, се однесува на безживотно место (како што е речено: „Висната земја во празнина“).
Колку повеќе се издигнува човекот над знаењата, толку повеќе се исполнува тоа празно место. Всушност, празнината се исполнува со издигнувањето, одејќи со верба над знаењата.
Треба да Го молиме Создателот да ни даде сила за издигнување затоа што празнината не е создадена и не му е дадена на човекот за да ја чувствува, туку за да ја исполни со големината на Создателот и сè да прима со верба над знењата, за што е речено: „Создателот направи така, за да трепериме пред Него“.
Сите празни мисли кои му доаѓаат на човекот му се даваат само за да ја сфати потребата да прима во себе со верба над знаењата. Но, за тоа му е потребна помош од Создателот и човекот треба да Го моли Него да му даде сила за да оди со верба над знаењата. Токму тогаш на човекот му е неопходна помошта од Создателот, затоа што неговиот надворешен разум секогаш ќе му го покажува спротивното. И нема друг излез, освен да Го моли Создателот за тоа бидејќи е речено дека егоизмот го победува човекот секој пат и без помошта од Создателот човекот не може да го надмине егоизмот.
Дури тогаш човекот сфаќа дека никој не може да му помогне освен Создателот, односно „Создателот направи така, за да трепериме пред Него“. Трепетот ја означува вербата, затоа што само тогаш човекот бара спас од Создателот.
Следна статија бр. 14 „Што значи да се величи Создателот“