Слушнав во 1940, Ерусалим
Кога криењето на лицето ќе го совлада човек и тој ќе дојде во состојба каде работата станува безвкусна, и не може да си замисли да чувствува ниту љубов ниту страв, и не може ништо да направи во светост, тогаш единствено му преостанува да плаче, a Создателот да се смилува на него и да ја тргне мрежата од неговите очи и срце.
Прашањето на плачењето е многу важно. Како што пишуваат нашите мудреци: „Сите порти беа заклучени освен портата на солзите." Светот за тоа прашува: Ако портата на солзите не е заклучена, каква потреба има воопшто од порти? Тој вели дека тоа е како човек кој го замолува пријателот за некој потребен предмет. Тој предмет му е при срце, и тој го моли на секаков можен начин. Но сепак, пријателот не обрнува никакво внимание. Кога човеков ќе види дека молитвите не му помагаат го крева гласот во плач.
За тоа е речено: „Сите порти беа заклучени освен портата на солзите." Но кога била отклучена портата на солзите? Токму кога сите други порти биле заклучени. Тогаш има место за портата на солзите и тогаш човек гледа дека не е заклучена.
Меѓутоа, кога се отворени портите на молитвата, портата на солзите и плачот не е важна. Тоа е значењето на реченото дека е заклучена портата на солзите. Тоа е затоа што инаку човек сè уште може да најде спас во молитвите.
Тоа е значењето на „Душата скришум ќе ми плаче," што значи дека кога некој ќе дојде во состојба на криење, тогаш „Душата ќе ми плаче," бидејќи нема друг избор. Тоа е значењето на „Што и да може твојата рака да направи со твоја сила, тоа направи го."
Следна статија бр.19 „Што значи „Создателот ги мрази телата“