Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

2. Шхина во Прогон - Прогонета Светост

Слушнав 1942

Во книгата Зохар е запишано: „Тој е Шохен, (Жител), а Таа – Шхина, (Светост)“ и потребно е да се објасни искажаното.

Познато е дека во Вишата Светлина не се случуваат никакви промени, како што е напишано: „Јас своето АВАЈА не го променив“. Сите имиња и називи се појавуваат само од чувствувањето на Светлината во келим, (садови), кои се појавуваат како желба за насладување, вклучени во Малхут – коренот на битието. Оттука сè се спушта до нашиот свет, кон битијата.

Сите тие стадиуми, почнувајќи од Малхут, кои се корен на создавањето на световите и завршувајќи со битијата се нарекуваат со името Шхина. Целото поправање се состои во тоа што Вишата Светлина ќе засвети во нив во цело совршенство, и тогаш  се нарекува комплетна поправка или Гмар Тикун. Светлината која ги осветлува келим се нарекува Шохен, додека сите келим заеднички се нарекуваат Шхина. Светлината Шохен ја исполнува Шхина и се нарекува Шохен затоа што живее (евр. шохен) внатре во келим, а сите келим заедно се нарекуваат Шхина.

Сè додека не засвети Светлина во нив во крајно совршенство, тоа се нарекува „време на поправање“, во кое ние извршуваме поправања, овозможувајќи и на Светлината целосно да го исполни целото битие. До тогаш ќе се смета како Шхина „во прогон“ затоа што сè уште нема совршенство во Вишите Светови.

И во нашиот, најнискиот од сите светови, Вишата Светлина треба да ја исполни желбата за насладување, чие што поправање се нарекува „примање во име на давањето“. Но, сè додека егоистичката желба е исполнета со ниски и бесмислени страсти, во неа нема место за откривање на големината на Создателот, а срцето наместо да биде место за Вишата Светлина, станало место за отпадоци и нечистотии, односно целосно се извалкало од ниските желби.

Тоа се нарекува „Шхина во прав“, (Светост во прав), односно Tаа е понижена, затоа што е изгазена во прав, затоа што сите ја запоставуваат Светоста и немаат никаков стремеж и желба да Ја кренат од правот, туку избираат ниски вредности. Со тоа ѝ причинуваат страдања на Шхина бидејќи не ѝ даваат место во своето срце, кое би станало место за Светлината на Создателот.

Следна статија бр.3 „Суштината на духовното достигнување“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели