Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

21. Состојба на духовна издигнатост

Слушнав на 23-ти Хешван, 9-ти ноември, 1944 год.

Кога човекот се чувствува себеси во состојба на духовна издигнатост, тогаш тој е со извонредна инспирација и чувствува дека нема други желби освен за духовното. Тогаш е добро да истражува во тајните на Тора, да ја достигне нејзината внатрешност. Дури кога гледа дека и покрај неговите напори сè уште ништо не разбира, сепак е вредно со труд да истражува во тајните на Тора, па макар и сто пати една иста работа. Не треба да очајува и да каже дека тоа е безкорисно, бидејќи тој ништо не разбира. Сето тоа е поради две причини:

1) Кога учи некоја тема и копнее да го разбере тоа, тоа копнеење се нарекува „молитва". Тоа е така бидејќи молитвата е недостаток, се мисли, го посакува тоа што му недостасува - Создателот да ја задоволи неговата желба. Степенот на молитвата се мери со желба, бидејќи желбата е најголема за она што навистина му е потребно. Зависно од интензитетот на потребата, таков е и интензитетот на копнеењето.

Постои правило дека во работата во која се дава најголемо настојување, напрегањето ја зголемува желбата и сака да прими исполнување на недостатокот. Исто така, желбата се нарекува „молитва", „работа на срцето", бидејќи "Милостивиот ги сака срцата".

Произлегува, дека тогаш може да даде права молитва, бидејќи кога ги учи зборовите на Тора, срцето мора да биде ослободено од сите други желби и да му даде на умот сила да биде способен да мисли и разгледува. Доколку во срцето не постојат желби, умот не може да разгледува, како што нашите мудреци рекле: "Секогаш учи каде се желбите на срцето".

Со цел молитвата да биде прифатена, мора да биде целосна молитва. Затоа, ако молитвата е во целост, тогаш ова создава совршена молитва, која е усвоена од страна на Создателот, и добива одговор. Создателот ја слуша молитвата, но постои услов: молитвата мора да биде целосна молитва и да нема други работи, нечистотии, да се мешаат среде молитва.

2) Втора причина е, бидејќи во тоа време човекот е одвоен од материјалното до одреден степен и е поблиску до својствата на давање, времето подобро одговара да се поврзе со внатрешната Тора, што се појавува кај оние кои имаат изедначување со Создателот. Тоа е затоа што Тора, Создателот и Израел се едно.

Доколку човекот е во состојба на примање за себе, тој припаѓа на надворешниот дел на Тора, а не на внатрешноста.

Следна статија бр. 23 „Тора -Лишма“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели