Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

22. Тора „Лишма“ (За нејзино име)

Слушнав на 6-ти фебруари, 1941год.

Тора се нарекува Лишма, првенствено кога некој учи потполнo уверен, без да има билo какoв сомнеж во јасноста на вистината, дека „постои судија и постои судница.“

„Постои судница“ означува дека ја глeдаме реалноста онаква каква се појавувава пред нашите очи. Тоа значи, кога работиме со верба и давање, ние гледаме дека растеме и секојдневно се искачуваме, бидејќи, гледаме како промените секогаш се на подобро.

Обратно, кога ние работиме со форма на примање и знаење, ние гледаме како се спуштаме секој ден сè подолу до крајната нискост на реалноста.

Испитувајќи ги овие две состојби, гледаме дека постои судница и постои судија. Затоа, кога не ги следимe законите на Тора, на вистината, веднаш ќе бидеме казнети. Во таа состојба, гледаме дека постои само судница. Со други зборови, гледаме дека ова е најдобриот и најподниот начин за достигнување на вистината.

Судницата се смета за праведна и само на ваков начин можеме да дојдеме до крајната цел. Со целосна и апсолутна свест, дека само со верба и давање може да се достигне целта на создавањето.

Така, ако некој учи со цел да разбере дека постои судница и постои судија, тоа се нарекува Тора Лишма (за Нејзино Име). Исто е значењето, на она што нашите мудреци го рекле: „Големо е учењето кое води во дејстување". Ни изгледа, како да треба да се каже „ни носи дејствувања", значи да бидеш способен да направиш многу дела, во множина, а не во еднина. Работата е во тоа, како што погоре спомнав, учењето треба да ни донесе само една верба, а вербата се нарекува една Митцва (Заповед), чија пресуда е целиот свет да се поврзе.

Вербата е наречена "дејствување", бидејќи, тоа е обично поврзување на оние кои прават иста работа. Тука прво мора да има разум, кој ќе го присили да дејствува внатре во разумот. Како заемна врска помеѓу умот и дејствувањето.

Како и да е, кога некоја работа е над разумот, тогаш разумот не го остава да ја прави таа работа, туку спротивното, тогаш ќе рече, нема разум во оваа дејство, туку само дејствување. Тоа е значењето на: „Ако изведува една Митцва, тој е среќен и се осудува себеси, итн. по скалата на врзување". Такво е значењето на реченицата „Големо е учењето кое води во дејствување", бидејќи дејството без разум е наречен „над разум". Отука дејството без знаење е „Вишо знаење“.

Следна статија бр. 23 „Вие кои го љубите Господ, го мрзите злото“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели