Слушнав на Сиван 17, 2 јуни, 1931год.
Напишано е, (Псалма 93), "О, вие кои го љубите Господ, го мразите злото; Тој ги чува душите на Неговите светци; Тој ги спасува од рацете на безбожните." Овој стих се толкува дека не е доволно само да се љуби Создателот и да се сака награда, да се биде поврзан со Создателот. Туку, треба да се мрази и злото.
Значењето на омразата е изразена со мразење на злото, наречено "желба да прима". Човекот гледа, дека нема способност да се ослободи од тоа зло, но истовремено не сака да ја прифати таа состојба. Ја чувствува штетата која злото му ја предизвикува и истовремено ја гледа вистината, дека самостојно не може да го поништи злото, бидејќи тоа е природна сила од Создателот, кој ја втиснал во човекот како "желбата за примање".
Стихот ни кажува што може да се направи во оваа состојба и што значи да се мрази злото. Потоа Создателот ќе го чува него од злото, како што е запишано:"Тој ќе ги чува душите на Неговите светци". Што е чување? "Тој ги спасува душите од рацете на грешните". Во таа состојба човекот се смета за успешен, бидејќи има некаква поврзаност со Создателот, иако е сосема мало поврзување.
Всушност, суштината на злото останува и служи како Ахораим (Следбеник) на Парцуфот. Ова се постигнува само со поправка: преку искрената омраза кон злото се поправа во облик на Ахораим. Омразата доаѓа кога човекот сака да добие поврзаност со Создателот. Такво е и однесување помеѓу пријателите: ако двајца дојдат до сознание дека секој го мрази она што пријателот го мрази, и го сака она и оној кој пријателот го љуби, тогаш тие вечно се поврзуваат, како влог дека никогаш нема да паднат.
Оттука, бидејќи Создателот сака да дава, пониските исто така треба да се прилагодат, да сакаат само да даваат. Создателот исто така мрази да прима, бидејќи Тој е севкупна целина и нема потреба за ништо. Така и човекот, мора да ја мрази суштината на примањето за себеси.
Од горново следи дека мора горчливо да се мрази желбата за примање, бидејќи сите рушевини во светов доаѓаат само од егоизмот - желбата за примање. Преку омразата тој ќе ја поправи желбата за примање и со тоа ќе ѝ се предаде на Кедуша (Световното).
Следна статија бр. 24 „Спас од раците злобните“