Слушнав во 1948 год.
Запишано е : „Голем е Создателот, и понизниот ќе го спознае Него“, што значи дека само понизниот ќе ја види величината. Буквите Јакар (Скапоцен), се истоветуваат со буквите Јакир (Спознава). Тоа ни објаснува дека до која мера некому нешто му е скапоцено, до таа мера ја спознава неговата величината. Воодушевеноста е во зависност од важноста на работата. Впечатокот ја носи сензацијата во срцето, и зависно од мерата со која ја препознава важноста, до тој степен се буди радоста во него.
Човекот гледа дека не е ништо повеќе привилегиран од останатите, се мисли гледа дека постојат многу луѓе во светот на кои не им е дадена снага да работат света работа, дури и на наједноставни начини и без намера - во Ло Лишма (не за Нејзино Име). Но, нему му беше дадена желба и мисла, повремено, сепак да работи света работа, дури и на наједноставен начин. Доколку може да ја цени важноста на тоа, и зависно од важноста која ѝ ја припишува на световната работа, до тој степен ќе Го величи Создателот и ќе чувствува благодарност кон Него.
Вистина е дека ние не можеме да ја цениме важноста на способноста макар и од привременото придржување на заповедите на Создателот, дури и без никаква намера. Во таа состојба доаѓа до чувствување на величење и радост во срцето.
Од величењето и благодарноста коа ја придава на Создателот, се зголемува чувствувањето и во секој даден момент се издигнува со светата работа. Тој знае за кого работи и со тоа се издига уште повисоко.
Тоа е значењето на записот: „Јас ти благодарувам Тебе за милоста што Ти ја направи со мене", се мисли на минатото. Со ова може сигурно да каже, и тој навистина вели: „и она што Ти ќе го направиш со мене".
Следна статија бр.27 „Создателот е возвишен и само понизниот че го види“