Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

27. Создателот е возвишен и само понизниот ќе го види

Слушнав на Шабат Терумах, 5-ти март, 1949, Тел Авив

„Создателот е голем и само ништожниот ќе Го види“ (Псалм 138). Како може да има сличност со Создателот, кога човекот прима, а Создателот дава? За ова е речено: „Создателот е голем и само ништожниот ќе Го види“.

Ако човекот го поништи своето „Јас“, ќе пропадне целото негово самостојно егоистичко мислење, како и власта која го одделува од Создателот и тогаш тој ќе Го види Создателот, односно ќе се удостои со Светлината Хохма, Светлината на мудроста и спознанието.

Но, гордиот и вообразениот човек е далеку од Создателот. Оној кој останува во својот егоизам, во своето „Јас“, во својата власт, тој се оддалечува од Создателот заради отсуството на сличност на својствата.

Ништожност не се нарекува тоа што човекот се поништува себеси пред другите. Тоа е смиреност која ја чувствува човекот во работата како совршенство. Ништожност се нарекува чувството на срам и понижување, кога целиот свет го засрамува и го понижува. Затоа, во таков случај, тој не чувствува никакво совршенство.

Тоа е закон на природата – сè што мислат оние околу него, дејствува врз човекот. Оној, кој што го почитуваат луѓето, се чувствува совршен, а оној кого го засрамуваат, се чувствува ништожен.

Следна статија бр.28 „Нема да умрам, туку ќе живеам“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели