Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

28. Нема да умрам, туку ќе живеам

Слушнав во 1943год.

„Нема да умрам, туку ќе живеам." (Псалм 118). За човек да ја достигне вистината мора да има чувство дека ако не ја добие вистината, ќе се чувствува како мртов, бидејќи сака да живее. Тоа значи дека стихот „Нема да умрам, туку ќе живеам" го опишува некого којшто сака да ја добие вистината.

Тоа е значењето на „Јона Бен (синот на) Амитаи." Јона доаѓа од хебрејскиот збор Хонаа (наслада), а Бен (син) од хебрејскиот збор Мевин (разбира). Некој разбира затоа што секогаш ја испитува состојбата во која се наоѓа и гледа дека се насладува себеси, и дека не чекори по патот на вистината.

Тоа е затоа што вистината е давањето, т.е. Лишма. Спротивно од тоа е лага и наслада, само да се прима, а тоа е Ло Лишма. Но доколку подоцна го спознае своето вистинско постоење тогаш човек добива „Амити," што значи Емет (вистина).

Тоа е значењето на „твоите очи се како гулаби." Ејнаим (очи) на Кедуша (Светост), наречени Ејнаим на Светата Шехина (Божество), се Јоним (гулаби). Тие не лажат и мислиме дека таа нема Ејнаим, како што пишува во светиот Зохар, „Убава девојка без очи."

Оној кој што ја добил вистината гледа дека таа има очи. Тоа е значењето на стихот:„На невеста со убави очи нема потреба да ѝ се прегледува целото тело."

Следна статија бр. 29 „Кога мислите му доаѓаат на човека“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели