Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

30. Најважно е да се сака само да се дава

Слушнав после Шабат Вајикра, 20-ти март,1943 год.

Најважно е ништо да не се сака, туку само да дава, поради Неговата величина, бидејќи било какви дејствија на примање е зло. Невозможно е да се избегне примањето, треба само да се земе другата крајност, се мисли, давањето.

Движечка сила, силата која присилува на работа, е само Негова величина. Мора да мисли, дека на крај напорите и трудот мора да бидат направени, но преку овие сили може да потклекне во корист и уживање. Со други зборови, мора да го моли ограниченото тело со својата работа и труд, кое е и гостин на поминување или оној Вечниот. Во тој случај неговите напори не се губат туку енергијата останува во вечноста.

Тоа е слично на човек кој има овластување да ја изгради целата земја, а тој гради само колиба која е срушена од силен ветар. Гледате, дека сите усилби се попусто трошени. Меѓутоа, ако неговите напори се во духовното, и со нив остане во Кедуша (Светост), тогаш сите негови усилби остануваат во вечноста. Тоа е за да ја прими основата за работа, а сите други основи се елиминираат.

Силата на вербата е доволна за да работи со форма на давање. Се мисли, мора да верува дека Создателот ја прима работата, дури иако работата не е толку значајна во негови очи. И покрај тоа, Создателот прима сè. Сите работи се добредојдени на Создателот и Тој ги прима, ако човекот ги посветува своите напори за Создателот.

Но, доколку човекот сака да ја користи вербата по пат на примање за сопствена наслада, тогаш вербата, нему не му е доволна. Тоа значи, дека во тоа време, тој се сомнева во вербата. Причината е, што примањето не е вистината, всушност нема ништо од работата; само Создателот ќе добие од неговата работа.

Сепак, сомнежите се вистинити. Со други зборови, овие страни мисли кои испливуваат на површината на умот се вистинити аргументи. Меѓутоа, ако сака да ја искористи вербата за да чекори по патот на давањето, тој сигурно нема да има сомнеж во вербата. Ако има сомнеж, мора да знае, дека тој најверојатно не сака да чекори по патот на давањето, бидејќи за давање самата верба е доволна.

Следна статија бр.31 „Во согласност со духот на битието“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели