Слушнав на Терумах 4, 10-ти февруари 1943 год.
Судбината е будење од Вишото, односно кога понискиот не учествува со никакво дејствие и не е во сотојба да се откаже од ова влијание. Ова е значењето на „доделување Пур", „судбина".
Хаман со жалење кажал: „ниту еден не се придржува на кралските закони".
Тоа значи дека ропството започнува за работникот во состојба на Ло Лишма (не за Нејзиното име) мислејќи на примање за себе. Зошто Тора им била дадена ним, а потоа им е дадена Лишма (за Нејзиното име) и дадени им се Светлината и достигнувањето на надмоќта?
Тогаш доаѓа обвинителот и прашува: „Зошто ним им се дадени овие возвишени нешта за кои тие не вложиле напор и на кои не се надевале, туку секоја нивна помисла и цел биле само работи кои произлегуваат од нивните потреби, наречени Ло Лишма?" Ова е значењето на реченицата „Злобниот може да го подготви тоа, но праведниот ќе го користи".
Тоа значи дека тој претходно работел во состојба на зло, за примателот, значи во Ло Лишма. Потоа му е дадена Лишма, значи дека целата работа влегува во состојба на Кедуша (Светост), што значи само да се дава. Ова е значењето на „праведниот ќе го користи"
Ова е значењето на Пурим и на Јом Кипурим (Денот на искупувањето). Пурим е будење од Вишото, а Јом Кипурим е будење од долу, што значи преку каење. Како и да е, постои будење од Вишото, исто така, што е во врска со мнозинството што е таму, „едно мнозинство за Господ и друго мнозинство за Азазел", а Создателот е набљудувачот.
Следна статија бр. 33 „Ждрепката на Јом Кипур и Хаман“