Слушнав на 24-ти Адар, 19-ти Март 1944 г.
Човекот е составен од три тела:
А. Внатрешно тело, кое е облека за душата на кедуша.
Б. Клипа Нога (Школка ).
В. Змиска кожа.
Со цел да се спаси едното од другите две тела, така да тие да не се мешаат со Кедуша, и со цел човекот да биде способен да го користи само внатрешното тело, советот е да се земе лекот кој е посветување исклучиво на работите кои што се однесуваат на внатрешното тело. Тоа значи дека човековите мисли треба секогаш да се однесуваат на: „Нема друг освен него ". Или поточно, Тој ги прави и ќе ги прави сите дела, и дека не постои суштество на светот кое што може да го одвои од Кедуша. Бидејќи човекот не мисли на тие две тела, тие умираат, бидејќи немаат храна за да ги оддржи, бидејќи мислите што ги мислиме за нив се нивен оброк. Ова е значењето на: „во потта на твоето лице ти ќе јадеш леб ". Пред да се случи гревот со Дрвото на Сознанието, опстојувањето не зависело од лебот. Поточно, немало потреба да се прошири Светлината и обстојувањето, бидејќи тие светеле.
Но, после гревот, кога Адам ха Ришон бил прицврстен на змиското тело, тогаш животот бил врзан со лебот, што значи со исхрана која што мора секогаш да се обновува. Но, ако на нив не им се даде исхрана, тие умираат. Ова станало голема поправка, со цел да биде спасен од тие две тела. Од таму човекот мора да проба со цела своја сила да нема мисли кои што се однесуваат на нив, а можеби ова е она што нашите мудреци го рекоа: „мислите за злосторство се потешки од самото злосторство ", бидејќи мислите се нивна храна. Со други зборови тие добиваат сила за опстанок од мислите кои човекот ги има за нив. Значи, човекот мора да размислува само за внатрешното тело, бидејќи тое е облека на душата на Кедуша. Тоа значи дека човекот мора да има мисли кои се надвор од неговата кожа. Ова значи дека „надвор“ од неговата кожа се нарекува надвор од неговото тело, значи надвор од неговата лична корист, туку само мисли од корист за другите.
Тоа се нарекува "надвор од границите на кожата" бидејќи надвор од телото на човекот не може да постои никаква врска со Клипот (егоистичките намери), туку целата врска со клипот е само "внатре во кожата", во сé што се однесува на телото, на егоизмот. На сé што навлегува во телото веднаш се прикачуваат Клипот, додека сé што не навлегува во телото е недостапно за нив.
Ако на човекот му успева постојано со своите мисли да престојува надвор од интересите на телото, тогаш тој го заслужува кажаното:„Тоа е изрежано надвор од мојата кожа и од своето тело ќе Го видам Создателот" (Јов 19-26). “„Тоа” укажува на откривање на Светата Шхина, додека „изрежано” – означува поправка која ѝ дозволува да престојува надвор од границите на кожата на човекот. Тогаш тој се удостојува „од своето тело да Го види Создателот” – т.е. Создателот се открива, навлегувајќи во внатрешното тело на човекот. Тоа се случува само ако човекот е согласен да работи надвор од своето тело, без никакво навлегување на насладувањето во него.
Додека пак грешниците, кои сакаат да добијат за својата работа наполнување внатре во своето тело, “внатре во кожата” ( во своите желби), “умираат без достигнување на мудроста” – односно без да добијат каква било Светлина, не достигнувајќи ништо. Затоа токму праведниците се удостојуваат Свелината да навлезе во нивните тела.
Следна статија бр. 37 „Статија за Пурим“