Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

39. Тие ги сошиле лисјата од смоквите

Слушнав на 26-ти Шеват, 16-ти февруари) 1947 год.

Листот означува сенка, а сокривање на Светлината означува сокривање на сонцето. Постојат два вида сенки:

1. Сенка, последица на Светоста,

2. Сенка, последица на гревот.

Односно, постојат два вида сокривања на Светлината во вселената – како што во нашиот свет сенката создава сокривање на сонцето, исто така постои сокривање на Вишата Светлина, нарекувана „сонце", која произлегува од Светоста како последица на човековиот избор. Како што е речено за Мојсеј: „Го сокрил Мојсеј лицето свое, затоа што се плашел да гледа". Сенката претставувала последица на стравот да се прими Светлината на изобилството. Тој се плашел дека нема да биде во состојба да ја прими со намера поради Создателот, туку поради себе.

Во таков случај сенката произлегува од чувството на Светоста, од желбата на човекот да биде споен со Создателот, а спојувањето се нарекува давање. Затоа тој се плаши дека можеби не ќе може да дава (поради откривањето на Големата Светлина – насладувањето). Излегува, дека тој е споен со Светоста. И тоа се нарекува „Сенка на Светоста".

Но исто така постои и сенка на гревот. Т.е. сокривањето не претставува последица на не сакањето да прима, туку напротив, сокривањето се случува токму поради неговата желба да прима поради себе и затоа Светлината исчезнува. Целата разлика на Светоста од нечистотијата, Клипот, е во тоа што Светоста сака да дава, а Клипа сака само да прима и да не дава ништо. Затоа тоа се нарекува „сенка на нечистотијата".

Нема поинаква можност да се излезе од таа состојба, освен согласно кажаното во Тора: „Тие ги сошиле лисјата од смоквата и си направиле за себе појаси" (Берешит 3). „Појаси“ – тоа се сили на телото кои што сега, после прегрешувањето, станале поврзани со сенката на Светоста. Т.е. без оглед на тоа што тие немаат Светлина, бидејќи Светлината изчезнала како последица на гревот, сепак тие вложуваат напор да работат за Создателот со силата над знаењето, што така и се нарекува „сила".

Затоа е речено: „И го слушнале гласот на Создателот...и се скрил Адам и жената негова". Тие се скриле во сенката, како што е кажано за Мојсеј, кој го сокрил своето лице. И Адам постапил исто така, како и Мојсеј. „И му се обратил Создателот на човекот и го прашал него: „Каде си?" И одговорил Адам: „Гласот Твој го слушнав јас во градината и се исплашив дека сум гол и се скрив". „Гол" – значи гол од Вишата Светлина. Затоа го прашал Создателот за причината: зошто му е потребна сенката за да се скрие, зошто е гол? Од страна на Светоста ли е таа сенка или од страна на нечистотијата? И го прашал него Создателот: „Да не си јадел од дрвото, за кое Јас ти заповедав да не јадеш од него?" Т.е. сенката твоја е последица на гревот.

Но ако сенката претставува последица на гревот, таа е спротивна на сенката на Светоста и се нарекува магија или волшепство, како што е речено: „Едното против другото (Светоста против нечистотијата) ги создал Создателот". Колку што има сили во Светоста, да ја покаже својата огромна сила, извонредни можности и чуда – истите можности постојат и кај нечистата страна. Затоа праведниците не ги користат тие сили, за нечистата страна (Ситра Ахра ) да нема сили да прави така, како што тие го прават тоа од Светата страна.

Бидејќи против секоја сила постои и сила спротивна на неа. Само при посебни случаи Создателот не ѝ дава на нечистата страна исти такви можности и сили, како на својата света страна. Како што на пример му дал на Елијаху на планината Кармел, велејќи: „Да не речат дека тоа се дејства на магепсништвото", способно да извршува скривање на Вишата Светлина.

Затоа појасите се прават од листовите на смоквата, од гревот на Дрвото на спознавањето. Тие листови, т.е. сенката произлегува од нечистата страна, затоа што нејзината причина не е во Светоста, кога самите се сремат да си создадат за себе сенка – туку тука се создава сенка затоа што тие немаат поинаков излез, освен да се скријат во неа. И таа сенка помага да се излезе од состојбата на паѓање, но потоа неопходно е да се почне работата одново.

Следна статија бр. 40 „Каква треба да биде вербата во учителот“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели