Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

40. Каква треба да биде вербата во Учителот

Слушнав во 1943 год.

Постојат два пата: лев и десен. „Десен“ потекнува од зборот „да се сврти надесно" (ејмин – слично звучи со зборот емуна – верба) значи верба во Создателот. И кога Учителот му вели на ученикот да оди по десниот пат, каде што „десен" значи совршенство, а не по левиот кој е апсолутно несовршен и во кој отсутствува поправањето, тогаш ученикот мора да му верува на својот Учителот. Совршенство, кое ученикот мора да го достигне, се смета таква состојба, кога човекот црта слика во својата замисла, небаре тој веќе се удостоил на целосната верба во Создателот. А неговото чувство е дека Создателот управува со светот со добро, и создава добро, кое го примаат суштествата. Но кога човекот се гледа себеси, тогаш сфаќа дека ништо нема, а целиот свет страда: некој повеќе, некој помалку. За тоа треба да се каже: „Очи имаат – но не гледаат".

Додека човекот се наоѓа под власта на „мноштвото", што се вели „кај нив", тој нема да ја види вистината. „Власта на мноштвото" е власт на двете желби, кога тој верува дека, иако целиот свет му припаѓа на Создателот, сепак со нешто владее и човекот. Но реално, тој треба да ја поништи власта на мноштвото во име на целосната власт на Создателот, и да каже дека човекот не треба да живее поради себе, туку сè, што тој сака да направи, треба да биде и поради Создателот. На таков начин тој конечно го поништува своето управување и ќе се наоѓа во единствената власт – власта на Создателот. Само тогаш тој ќе може да ја види вистината, да го види сето добро, со кое Создателот управува со светот.

Но додека човекот ја признае власта на мноштвото, т.е. неговите желби се наоѓаат како во срцето, така и во разумот – кај него нема можност да се види вистината.

И обратно, нему му даваат да се види себеси во состојба на подем, а реално тој се наоѓа во власта на желбата да прими поради себе, т.е. во паѓање. И само тој, кој ја признава само единствената власт – власта на Создателот, може да ја разликува вистината од лагата. Затоа човекот мора да се потпре на мнението на вишиот, и да верува во тоа што тој го зборува, т.е. да постапува, како што му укажува Учителот, наспроти на многуте сомнежи. Без оглед на тоа, тој мора да се надева на знаењата на Учителот и да им верува, разбирајќи дека сè додека тој се наоѓа во власта на мноштвото, не може да ја разбере вистината и да ја види во другите книги. Додека човекот не се удостои на откривањето на вистината, Тора ќе биде за него смртоносен отров. Зошто се вели дека ако не се удостоил, тогаш Тора станува смртоносен отров?

Затоа што сите мудрости, кои човекот ги учи или слуша, не донесуваат никаква корист и не го приближуваат до животот, т.е. до обединувањето со Создателот – туку напротив. Т.е. секој пат станува сè поодалечен од Создателот. А сè, што е сторено од негова страна биле само за потребите на телото, и се нарекува смртоносен отров, бидејќи му донесува смрт, а не живот, бидејќи тој се повеќе се оддалечува од давањето, наречено сличност со Создателот, за кое е речено: „Како е Тој милосрден, така и ти биди милосрден".

Неопходно е уште да се знае дека за време на престојувањето во десната линија човекот може да добива вишо насладување, бидејќи „благословениот се лепи до Благословениот", и во состојба на совршенство човекот се нарекува благословен и се наоѓа во заедништво на особините со Создателот. Знак за совршенство претставува радосното расположение, а поинаку тој се наоѓа далеку од совршенството.

За тоа е речено: „Само во радоста на извршувањето на заповедите царува Божественото присутство (Шхина). Како причина за појавување на радоста служи заповедта, т.е. она коешто Учителот му го заповедал на човекот некое време да оди по десната линија, а некое време – по левата. Радоста се појавува кога човекот ја извршува оваа заповед на Учителот. Левата линија секогаш се наоѓа во противречност со десната. Во левата линија се прави пресметка на минатото, или здобиеното во работата на Создателот. Тука се открива дека човекот нема ништо, па како тој може да престојува во совршенство? Но без оглед на тоа, согласно на заповеданото од Учителот, тој оди над знаењата и тоа се нарекува верба. Во тоа е таинственоста на кажаното: „Во секое место, каде што ќе дозволам да се спомне името Мое – ќе дојдам кај тебе и ќе те благословам". „Во секое место" – т.е., иако сèуште не си достоен да бидеш благословен, сепак ти го давам Својот благослов, затоа што си обезбедил „место" – место на радоста, внатре во кое што може да царува Вишата Светлина.

Следна статија бр. 41 „Што е величина и ништожност на вербата“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели