Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

41. Што е величина и ништожност на вербата

Слушнато ноќ пред празникот Паска 29-ти март, 1945год.
Запишано е: „..И тие веруваа во Господ и во Неговиот слуга Мојсеј". Треба да знаеме дека Светлината на Паска (Песах) има моќ да ја дели Светлината на вербата. Сепак не мислете дека вербата е мала работа, бидејќи величината и ништожноста зависат само од примателите. Кога некој не работи по патот на вистината, мисли дека има премногу верба, но со степенот на вербата што ја има тој може да ја раздели на неколку луѓе, и тогаш тие ќе бидат исплашени и целовити.

Оној кој сака да му служи на Создателот со вистина и постојано се испитува себеси, дали сака да работи искрено „и со цело свое срце", тој гледа дека секогаш има недостиг на верба, се мисли дека тој е секогаш оскуден со тоа.

Само кога има верба може да чувствува дека секогаш седи пред Царот. Кога ја чувствува величината на Царот може да ја открие љубовта на два начина: на добар начин и на начин со остра осуда, бидејќи оној која ја бара вистината е оној на кого му треба Светлината на вербата. Ако таквиот човек слушне или види некаков начин да се постигне Светлината на вербата, тогаш тој е среќен како да нашол огромна среќа. Бидејќи, оние луѓе кои ја бараат вистината на празникот Песах, кој е надарен со Светлината на вербата, ние читаме во Параша (дел на Тора) „.., тие веруваа во Господ и Неговиот слуга Мојсеј", бидејќи тогаш е време кога вербата може да се дели.

Следна статија бр. 42 „ЕЛУЛ- Јас кон Саканиот свој и Саканиот кон мене“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели