Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

43. Суштината на вистината и вербата

Слушнав

Вистина е она што се чувствува и гледа во нечии очи. Оваа фаза се нарекува „награда и казна", што значи дека ништо не може да се стекне без труд. Тоа наликува на човек кој седи во својата куќа и не сака ништо да направи, како би се снабдил со средства за издржување. Тој вели, бидејќи Создателот е добро кој чини добро и ги снабдува сите, така Тој сигурно ќе го снабди и него со сè што му треба, додека тој самиот нема потреба од акција.

Се разбира, ако личноста се однесува на таков начин, сигурно ќе изгладне до смрт. Причината е: премногу бара, така се појавува во очите, и тоа навистина е вистината, што значи дека тој ќе умре од глад.

Но истовремено мора да верува над разумот, дека ќе ги добие сите потребштини без било каков напор или неприлика, поради личното Провидение. Со други зборови, Создателот го прави и ќе го прави секое дело, и со ништо не му се помага нему, туку сè прави Создателот, и на човека не може да му се додаде или одземе.

Сепак, како може овие две работи да одат рака под рака, кога едната и противречи на другата? Оваа фаза се нарекува „она коешто нечии ум ќе го достигне", што значи без предходен напор и труд, ништо нема да биде достигнато. Тоа се нарекува „вистина", бидејќи Создателот сакал да чувствуваме дека тоа е единствениот начин. Затоа овој пат се нарекува „пат на вистината".

Не дозволувајте ова да ве збуни, иако овие два начина се спротивни. Како е тогаш можно оваа состојба да е вистина? Одговорот е: вистината не се однесува ниту за начинот ниту за состојбата. Туку, вистината се однесува на сензацијата која Создателот сака да ја почувствуваме како таква; тоа е „вистина".

Следи дека суштината на вистината може точно да се каже за Создателот, се мисли за Неговата волја, дека Тој сака да чувствуваме и гледаме на овој начин. Сепак, истовремено човекот мора да верува дека дури и она што не го чувствува и не го гледа со очите на умот е затоа што Создателот може да му помогне да ги добие сите добивки кои што можат да се стекнат без напор. Тоа е само во однос на личното Провидение.

Причината, зошто некој не може да го досегне личното Провидение пред да ја досегне суштината на награда и казна е бидејќи личното Провидение е вечна работа, а умот не е вечен. Така, ништо вечно не може да биде облечено во нешто коешто не е вечно. Следи, кога ќе биде награден со фазата „награда и казна", наградата и казната ќе станат Кли (Сад) каде личното Провидение може да се облече.

Сега можеме да го разбереме стихот: „О Господи спаси нè, О Господи, дај ни успех". "Спаси нè", се однесува на награда и казна. Треба да се моли Господ да му даде труд и напор, со што ќе биде награден. Истовремено, треба да се моли за успех, кое е личното Провидение, а тоа значи дека ќе биде награден со сите добивки на светов, без труд и напор.

Истото го гледаме и кај материјалната сопственост, (препознавање по одвоеност на местото, значи во две тела). Но во духовното, сè се испитува на едно тело, но во различно време. Постојат луѓе, кои ги добиваат добрата, преку голем напор, енергија и голема остроумност и истовремено го гледаме спротивното: луѓе кои не се толку остроумни, кои ја немаат таа голема енергија и кои не прават толку голем напор, но сепак успеваат и стануваат најголеми сопственици на имоти и добра во светов.

Одговорот е: овие материјални работи се шират од нивните Виши Корени, што значи од награда и казна, и од личното Провидение. Единствена разлика е што во духовното сè се појавува на едно место, значи во еден субјект, а едно-по-едно значи во една личност, но во две состојби. Во материјалното сè е во едно време но во два субјекта, значи во исто време, но во две различни личности.

Следна статија бр.44 „Разум и срце“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели